ФК Бенфика
Бенфика | |||
---|---|---|---|
Основан | 28 февруари 1904 | ||
Стадион | Стадион Луж Лисабон, Португалија | ||
Капацитет | 64,642 | ||
Сопственик | Луис Филипе Виеира | ||
Тренер | Руи Виторија | ||
Лига | Примеира лига | ||
2023-2024 | Примеира лига, 2. | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
ФК Бенфика е португалски фудбалски клуб од Лисабон, кој во моментов се натпреварува во највисоката категорија на португалскиот фудбал, Примеира лига.
Клубот е основан на 28 февруари 1904, од група на луѓе предводени од Косме Дамиао. Бенфика е еден од таканаречената голема тројка клубови во Португалија кој никогаш не испаднале од Првата лига на оваа држава заедно со Порто и Спортинг Лисабон. Тие се исто така најуспешниот клуб во Португалија со освоени 78 титули во домашните и меѓународните натпреварување. Во нив спаѓаат рекордни 35 титули Шампион на Португалија, рекордни 25 титули освојувач на Купот на Португалија, рекордни 7 титули освојувач на Лига купот на Португалија, 6 Суперкупа на Португалија и 3 титули Кампеонато на Португалија. Исто така, Бенфика е и двократен европски шампион, освојувајќи го Европскиот куп на шампиони во две години едноподруго во 1961 и 1962 година. Клубот играл уште 5 пати во финалето на Европскиот куп во 1963, 1965, 1968, 1988 и 1990 и уште трипати во финалето на Купот на УЕФА или Лигата на Европа во 1983, 2013 и 2014 година.
Бенфика била рангирана како дванаестти клуб по успешност на списокот на ФИФА за најдобри клубови на 20 век.[1] Најдобар стрелец на клубот е Еузебио кој освоил една златна топка и две златни копачки за време на периодот додека настапувал за клубот.
Својте домашни натпревари Бенфика ги игра на Стадионот Луж, кој има капацитет од 64,642 седечки места. Играат во црвени дресови и бели шорцеви.
Стадиони
[уреди | уреди извор]Бенфика својте домашни натпревари ги игра на Стадионот Луж (што во буквален превод значи Стадион на светлината), кој е познат уште под неколку имиња како Спортски стадион на Лисабон и Бенфика или Катедрал (прев. катедралата). Тој може да собере 65.647 гледачи, со што е еден од најголемите во Европа. Тој бил изграден за Европското првенство 2004, настан на кој бил домаќин на финалето; Стадионот исто така бил избран да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2013-2014.
Меѓутоа, низ историјата тимот има променето повеќе игралишта: како Терас до Десембаргадор од 1904 до 1906, Кампо де Фелтеира од 1907 до 1911, Кампо де Сете Риос од 1913 до 1917 Кампо де Бенфика од 1916 до 1926, Амореирас од 1925 до 1940 и Кампо Гранде од 1941 до 1954.[2][3] На 1 декември 1954 бил инаугуриран стадионот кој го носи денешното име, кој бил реновиран во текот на осумдесеттите години, достигнувајќи капацитет од 130.000 гледачи во 1987.[4]. Во 2003 Бенфика го искористила неговото рушење, за во исто време, да го отвори новиот Стадион Луж, која бил изграден на истото земјиште врз основа на стариот стадион.[5][6].
Соперништва
[уреди | уреди извор]Најголеми соперници
Бенфика заедно со Порто и Спортинг Лисабон се трите гиганти (на португалски се нарекуваат Os Três Grandes) на португалскиот фудбал. Со овие екипи клубот има големо соперништво; пресметката со Порто е наречена О Класико, додека натпреварот со сограѓаните од Спортинг е познат како Дербито на Лисабон.
Играчи
[уреди | уреди извор]Моментален состав
[уреди | уреди извор]
|
|
Рекордери
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 29 декември 2016
|
|
Освојувачи на титули
[уреди | уреди извор]- Добитници на златна топка
- Шампиони на Европа
- Такис Фисас (2004)
- Елисеу (2016)
Тренери низ историјата
[уреди | уреди извор]Моментален стручен кадар
[уреди | уреди извор]Позиција | Име |
---|---|
Тренер | Руи Виторија |
Асистенти | Арналдо Тешеира Серџо Ботелјо Минервино Пиетра Марко Педросо |
Фитнес тренер | Пауло Моурао |
Тренер на голманите | Луис Естевес |
Benfica LAB coordinator | Бруно Мендес |
Source: [7]
Титули
[уреди | уреди извор]Домашни натпреварувања
[уреди | уреди извор]- Примеира лига: 38 (рекорд)
- 1935-1936, 1936-1937, 1937-1938, 1941-1942, 1942-1943, 1944-1945, 1949-1950, 1954-1955, 1956-1957, 1959-1960, 1960-1961, 1962-1963, 1963-1964, 1964-1965, 1966-1967, 1967-1968, 1968-1969, 1970-1971, 1971-1972, 1972-1973, 1974-1975, 1975-1976, 1976-1977, 1980-1981, 1982-1983, 1983-1984, 1986-1987, 1988-1989, 1990-1991, 1993-1994, 2004-2005, 2009-2010, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016,2016-2017, 2018-19, 2022−23
- Куп на Португалија: 26 (рекорд)
- 1939-1940, 1942-1943, 1943-1944, 1948-1949, 1950-1951, 1951-1952, 1952-1953, 1954-1955, 1956-1957, 1958-1959, 1961-1962, 1963-1964, 1968-1969, 1969-1970, 1971-1972, 1979-1980, 1980-1981, 1982-1983, 1984-1985, 1985-1986, 1986-1987, 1992-1993, 1995-1996, 2003-2004, 2013-2014, 2016−2017
- Лига куп на Португалија: 7 (рекорд)
- 2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016
- 1980, 1985, 1989, 2005, 2014, 2016
Меѓународни натпреварувања
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „web.archive.org“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-04-23. Посетено на 23 март 2011.
- ↑ „História dos Estádios“ (португалски). slbenfica.pt. Архивирано од изворникот на 2014-01-13. Посетено на 13 август 2013.
- ↑ „Other Stadia“ (англиски). planetbenfica.co.uk. Архивирано од изворникот на 2013-06-01. Посетено на 13 август 2013.
- ↑ „Estádio do Sport Lisboa e Benfica (1954)“ (португалски). slbenfica.pt. Text "http://www.slbenfica.pt/pt-pt/est%C3%A1dio/est%C3%A1diosanteriores/est%C3%A1diodosportlisboaebenficaluz.aspx" ignored (help); Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Estádio da Luz“ (англиски). worldstadiums.com. Архивирано од изворникот на 2017-04-12. Посетено на 13 август 2013.
- ↑ „Stadium Construction“ (англиски). planetbenfica.co.uk. Text "http://www.planetbenfica.co.uk/page.php?56" ignored (help); Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Staff“. S.L. Benfica. Архивирано од изворникот на 2016-08-23. Посетено на 23 August 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„ФК Бенфика“ на Ризницата ? |
|