Франко Серви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Франко Серви
DimK-BenfikaL 1 (cropped).jpg
Лични податоци
Роден на 26 мај 1994 (1994-05-26) (25 г.)
Роден во Сан Лоренцо, Аргентина
Држава  Аргентина
Висина &100000000000001700000001,70 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Бенфика Бенфика
Број 22
Младинска кариера
Росарио Сентрал Росарио Сентрал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2016 Росарио Сентрал Росарио Сентрал 30 (5)
2016- Бенфика Бенфика 64 (6)
Репрезентација
2018- Аргентина Аргентина 3 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Франко Серви (роден на 26 мај 1994 година) е аргентински фудбалер, крило на Бенфика.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Десно крило кој исто така може да игра како офанзивен играч од средниот ред зад напаѓачите; главно игра како напаѓач од десно во 4-3-3 формација.

Кариера[уреди | уреди извор]

Росарио Сентрал[уреди | уреди извор]

Како продукт на младинската школа на фудбалскиот клуб Росарио Сентрал, Серви напредувал низ сите младински категории до првиот тим, за кој го направил своето деби во првенствениот натпревар против Естудијантес на 9 ноември 2014 година во победата со 1-0. Тој се појавил во игра од клупата за резерви заменувајќи го Ернан Енсина во 66-тата минута.[1] На 14 февруари 2015 година, тој го постигнал својот прв професионален погодок во лигата во натпреварот против Расинг Клуб.[2]

На 25 февруари 2016 година, Серви го направил своето деби во Копа Либертадорес против Насионал. Својот прв погодок во натпреварувањето го постигнал во победата со 3-1 над Ривер Плата.[3]

Бенфика[уреди | уреди извор]

Серви во дресот на Бенфика

На 15 септември 2015 година, Серви потпишал шестгодишен договор со португалскиот шампион Бенфика за сума од 4 милиони евра со вметната излезна клаузула во договорот која изнесувала 60 милиони евра.[4][5] И покрај тоа што потпишал договор со Бенфика тој продолжил да игра за Росарио Сентрал до мај 2016 година (крајот на сезоната), па им се приклучил на орлите на 24 јуни за пред-сезонските подготвки за сезоната 2016-2017.[6]

Своето деби за Бенфика, Серви го направил на 7 август 2016 година и при тоа го постигнал првиот гол во победата со 3-0 над Брага во Суперкупот на Португалија, помагајќи му на својот клуб да дојде до првиот трофј во сезоната. Подоцна, тој бил избран за најдобар играч на натпрварот.[7] Шест дена подоцна го имал првиот натпревар во Примеира лигата, играјќи 65 минути во победата со 2-0 на гости против Тондела. На 13 септември дебитирал во Лигата на шампиони со гол за Бенфика, во ремито 1-1 на домашен терен против Бешикташ.[8] На 2 октомври 2016, Серви го постигнал својот прв првенствен погодок во дресот на орлите во победата над Феиренсе со 4-0.

На 29 декември, со голот кој постигнал за победата над Пасош де Фереира со 1-0 во Лига купот на Португалија, тој станал првиот играч на Бенфика кој постигнал гол во сите португалски натпреварувања во истата сезона - Суперкупот, Примеира лига (првенството), Купот на Португалија и Лига купот. Покрај тоа, тој, исто така, постигнал гол и во Лигата на шампионите.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Серви бил избран во 35-члениот список на Аргентина за Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро,[9] но сепак тој отпаднал од финалниот список на кој биле избрани 18-те играчи за турнирот.

Серви го направил своето деби за сениорската репрезентација на Аргентина во победата со 3–0 над Гватемала на 8 септември 2018.[10] Својот прв погодок го постигнал во победата со 4-0 над Ирак во пријателски натпревар.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 1 јануари 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2014 Аргентина Росарио Сентрал ПД 3 0 КА 0 0 - - - - - - 3 0
2015 ПД 27 5 КА 4 0 - - - - - - 31 5
2016 ПД 12 0 КА 0 0 КЛ 10 2 - - - 22 2
Вкупно Росарио Сентрал 42 5 4 0 10 2 - - 56 7
2016-2017 Португалија Бенфика ПЛ 12 1 КП+ЛП 3+2 2+1 ЛШ 5 2 СП 1 1 24 7
Вкупно во кариерата 54 6 9 3 15 3 1 1 79 13

Титули[уреди | уреди извор]

Португалија Бенфика[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]