Прејди на содржината

Спортинг Брага

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брага
Целосно имеСпортинг Клуб де Брага
ПрекарMinhotos (Екипата од Мињо)
Основан19 јули 1921
СтадионМунисипал де Брага
Брага, Португалија
Капацитет30,360
СопственикПортугалија Антонио Салвадор
ТренерПортугалија Карлос Карваљал
Лига Примеира лига
2023–24Примеира лига, 4. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Спортинг Клуб Брага попознат како Спортинг Брага или само Брага е португалски фудбалски клуб од градот Брага, кој во моментов се натпреварува во Примеира лига, највисокото ниво на португалскиот клупски фудбал. Освен фудбалскиот клуб, Спортинг Брага е има оддели и за други спортови како атлетика, бадминтот, билијард, бокс, е-спортс, фудбал на плажа, футсал, карате, кикбокс, кошарка, муај тај, одбојка, пливање и таеквондо.[1][2]

Клубот е основан на 19 јануари 1921 година. Клубот бил познат како Арсенал до Мињо поради бојата на дресот што наликува на англискиот клуб Арсенал. Во 2000-тите, Брага станала еден од најодликуваните клубови во Португалија (5-ти) по Големата тројка и имале одреден успех во Европските натпреварувања, со освојувањето на последното издание на Интертото купот (единствениот португалски клуб кој го направил тоа) во 2008 година и стигнале до финалето на УЕФА Лига Европа во 2011, негувајќи го угледот на четвртиот најсилен клуб во Португалија, надвор од големата тројка.[3]

Во домашните натпреварувања, Брага има освоено три Купа на Португалија во 1965–1966, 2015–2016, и во 2020–2021, и три Лига купа на Португалија во 2012–2013, 2019–2020 и 2023–2024. Во сезоната 2009-2010, Брага го остварила највисокиот пласман во историјата на клубот во португалското првенство, завршувајќи на второто место зад шампионот Бенфика. Како резултат на тој успех, клубот за првпат во својата историја се квалификувал за Лигата на шампионите, каде стигнале до фазата по групи откако во квалификациите ги елиминирале Селтик и Севиља.

Од 2003 година, својте домашни натпревари Брага ги игра на стадионот Мунисипал де Брага, кој го заменил нивниот претходен дом стадионот 1-ви мај кој денес го користи вториот тим на Брага. Опремата им се состои од црвени дресови и бели шорцеви. Брага има долгогодишно ривалство со блискиот клуб Виторија Гимараеш, со кого се натпреваруваат во таканареченото Дерби на Мињо.

Историја

[уреди | уреди извор]

Постојните записи велат дека во 1919 година, две години пред формалното основање на клубот, група жители од Брага кои биле симпатизери на лисабонскиот, Спортинг, го измислиле името Спортинг Клуб де Брага или Спортинг Брага. Дури опремата со која настапувал клубот првично, исто така, била идентична со онаа на Спортинг; за време на викенд натпреварите на Кампо дас Голадас, пријателите од Брага ја носеле класичната комплет опрема на Спортинг, таканаречениот Стромп дрес со зелена и бела боја поделена на средина. Под влијание на симпатизерите на Бенфика, 1921 година било пронајдено решение кое ќе ги задоволи сите: името останало Спортинг Брага, верно на Спортинг, но опремата била сменета во црвени дресови и бели шорцеви, во чест на членовите навивачи на Бенфика.[4]

Стадион Мунисипал де Брага

Својте домашни натпревари Брага ги игра на стадионот Мунисипал де Брага. Стадионот има капацитет од 30.154 седечки места, и изграден е во 2003 година за потребите на Европското првенство 2004 кое се одржало во Португалија. Стадионот е во сопственост на општината Брага (оттаму и името на стадионот), па Брага плаќа месечен закуп од 500 евра за користење на стадионот.

Стадионот е познат како Каменолом, затоа што е врежан во соседниот каменолом Монте Кристо. Трошоците за градење на стадионот изнесувале 83,1 милиони евра, а за толку големите трошоците најмногу допринела високата цена за преместување на камењата заради специфичното место на кое стадионот е изграден.

Моментален состав

[уреди | уреди извор]
Бр. Позиција Играч
1 Бразил ГМ Матеус
2 Шпанија ОД Виктор Гомес
3 Бразил ОД Робсон Бамбу
4 Мали ОД Сику Ниакате
5 Турција ОД Сердар Сатчи
6 Бразил СР Витор Карваљо
7 Португалија НП Брума
8 Португалија СР Жоао Мутињо
9 Мароко НП Амине Ел Узани
10 Португалија СР Андре Орта
11 Гвинеја-Бисао НП Рожер Фернандеш
12 Португалија ГМ Тијаго Са
15 Португалија ОД Пауло Оливиеира
16 Уругвај СР Родриго Саласар
Бр. Позиција Играч
17 Шведска ОД Јусафат Мендес
19 Шпанија ОД Адријан Мартин
20 Португалија НП Рони Лопеш
21 Португалија НП Рикардо Орта
22 Уругвај СР Тијаго Елгера
23 ДР Конго НП Симон Банза
26 Германија ОД Брајт Ари-Мби
27 Полска ОД Бартломеј Вдовик
29 Франција СР Жан-Баптист Горби
31 Бразил ГМ Бернардо
33 Португалија НП Жоао Маркеш
77 Шпанија НП Габри Мартинес
90 Шпанија НП Роберто Фернандес
91 Чешка ГМ Лукаш Хорничек

Стручни кадри

[уреди | уреди извор]

Тренерски штаб

[уреди | уреди извор]
Карлос Карваљал
Позиција Име
Тренер Португалија Карлос Карваљал
Асистент тренер Португалија Андре Куња
Асистент тренер Португалија Жоао Кардосо
Тренер на голманите Португалија Орландо Силва
Португалија Едуардо Карваљо
Финтнес тренер Португалија Ернесто Пеишото
Главен скаут Ангола Пауло Менесес
Скаут Португалија Ернесто Пеишото
Скаут за младинскиот сектор Португалија Хосе Луис Антунес
Главен доктор Португалија Витор Мореира

Домашни натпреварувања

[уреди | уреди извор]
1946–1947, 1963–1964
1965–1966, 2015–2016, 2020–2021
1965–1966, 2015–2016, 2020–2021
1976-1877

Меѓународни натпреварувања

[уреди | уреди извор]
2008
  1. SAPO. „SC Braga, o clube "que não conhece impossíveis", inaugura pavilhão“. SAPO Desporto (португалски). Посетено на 2023-12-07.
  2. „Sporting Clube de Braga“. Sporting Clube de Braga (португалски). Посетено на 2023-12-07.
  3. Hopkins, Oliver (2022-09-27). „Braga's Push to Break the Big Three Hegemony in Portugal“. The Analyst (англиски). Архивирано од изворникот 21 April 2023. Посетено на 2022-10-15.
  4. „100 anos do Sp. Braga“. Maisfutebol (португалски). Посетено на 2024-04-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]