УЕФА Лига на шампиони 1992/93 — прва сезона на најсилното натпреварување на европските фудбалски клубови под името УЕФА Лига на шампиони и 38 сезона од основањето на натпреварувањето.
Ова било вторпат во кој во натпреварувањето имало групна фаза вклучувајќи осум победници од второто коло поделени во две групи. Победниците од групите во меѓусебен натпревар го одлучувале победникот на Лигата. Квалификациите биле неопходни поради тоа што ова било првата сезона по распадот на СССР и Југославија кој резултирал со голем број на нови држави со право на учество во натпреварувањето.