Али Хаџалар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Али Хаџалар
Γαλλικός
Али Хаџалар is located in Грција
Али Хаџалар
Али Хаџалар
Местоположба во областа
Али Хаџалар is located in Кукуш (општина)
Али Хаџалар
Местоположба на Али Хаџалар во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°50′N 22°46′E / 40.833° СГШ; 22.767° ИГД / 40.833; 22.767Координати: 40°50′N 22°46′E / 40.833° СГШ; 22.767° ИГД / 40.833; 22.767
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&1000000000000007800000078 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно731
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 01

Али Хаџалар или Аџи Оџалар (грчки: Μικρόκαμπος, Микрокамбос, до 1927 Χοτζαλάρ, Али Хаџалар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 20 километри јужно од градот Кукуш (Килкис) и на 3 километри западно од Горчиливо езеро, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 78 метри.

Али Хаџалар опфаќа површина од 24 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Али Хаџалар се состоело од 55 семејства и 280 жители Македонци[4][5]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Али Хаџалар имало 320 жители Македонци[4][6].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 384 Македонци и работело егзархиско училиште[4][7].

Во Балканските војни учество од селото зеле осум револуционери во Македонско-одринските доброволни чети[8].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано со само 72 жители. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Според Тодор Симовски, во Македонија односно Струмица заминал 17 семејства, додека кон Бугарија 71 семејство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било прекрстено во Микрокамбос.[9]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 585 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 948 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1078 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1331 жител, во 1971 година имало 982 жители, во 1981 година имало 935 жители, додека во 1991 година имало 1021 жител и во 2001 кога имало 1159 жители[11]. Денеска, населението на селото е 731 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 948 1078 1331 982 935 1021 1159 731
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Економија[уреди | уреди извор]

Населението на селото главно се занимава со производство на жито и памук.

Луѓе од селото[уреди | уреди извор]

  • Ангел Чанов (1888 - ?)[12]
  • Анто Нанов (1885 - ?)[13]
  • Гоне Георгиев (1872 - ?)[14]
  • Димитар Стоев (1872 - ?)[15]
  • Доне Гогов (1886 - ?)[16]
  • Ицо Печев[17]
  • Милан Попдимитров (1890 - ?)[18]
  • Трајан Минов (1888 - ?)[19]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
  3. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  8. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 826.
  9. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  11. Folketeljing 2011, revidert
  12. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 795.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 480.
  14. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 151.
  15. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 649.
  16. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 179.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 569.
  18. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 575.
  19. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 442.