1216
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1216 MCCXVI |
Ab urbe condita | 1969 |
Асирски календар | 5966 |
Бахајски календар | -628–-627 |
Бенгалски календар | 623 |
Берберски календар | 2166 |
Будистички календар | 1760 |
Бурмански календар | 578 |
Византиски календар | 6724–6725 |
Еврејски календар | 4976–4977 |
Ерменски календар | 665 ԹՎ ՈԿԵ |
Етиопски календар | 1208-1209 |
Игбоански календар | 216–217 |
Ирански календар | 594–595 |
Исламски календар | 612–613 |
Јулијански календар | 1216 MCCXVI |
Кинески календар | 乙亥年月日 (3852/3912) — до — 丙子年月日(3853/3913) |
Коптски календар | 932–933 |
Корејски календар | 3549 |
Календар Мингуо | 696 пред РК 民前696年 |
Селевкидски календар | 1527–1528 |
Тајландски сончев календар | 1759 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 1272–1273 |
- Шака самват | 1138–1139 |
- Кали југа | 4317–4318 |
Холоценски календар | 11216 |
Џуче-календар | нема (пред 1912) |
1216 (MCCXVI) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1216. година од новата ера, 216. од вториот милениум, 16. од 13 век и седма од 1210-тите.
Содржина
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6724 и 6725 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5966 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4976 и 4977 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1969.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1216. година се протега во 3852 и 3853, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3912 и 3913 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1759. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 612 и 613 исламска година. Годината 1216 (MCCXVI) била престапна година која започнала на ден петок според Јулијанскиот календар.
Настани[уреди | уреди извор]
По област[уреди | уреди извор]
Европа[уреди | уреди извор]
- Јануари - Прва баронска војна: Aнглиската армија го вратила Бервик на Твид и извршила напади во јужна Шкотска[1].
- 10 април - По смртта на Ерик Х Шведски, тој е наследен од неговиот ривал Јован I Шведски, како крал на Шведска.
- 22 април - Битката кај Липица: Мстислав Храбриот и Константин Ростовски ги победуваат своите ривали за владеењето на Владимир-Суздал.
- 21 мај - Првата баронска војна: Принцот Луј, идниот крал Луј VIII, ја напаѓа Англија за поддршка на бароните, пристигнувајќи во Танет. Влегувајќи во Лондон без отпор, тој е прогласен, но не и крунисан, за крал на Англија во катедралата Свети Павле.
- 24 јули - Француските Крстоносци од замокот змокот Борке му се предаваат на Ремон VII Тулушки[2]
- 18 октомври или 19 октомври - Умира Јован Безземниот. Тој е наследен од неговиот деветгодишен син Хенри III, со Вилијам Маршал, како регент. Младиот Хенри III е крунисан во Глостер на 28 октомври[3].
- 12 Ноември - Вилијам Маршал и папскиот легат во Англија издаваат Повелба за слободи, врз основа на Магна карта, во името на новиот крал на Англија. Со неа се ограничила моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија
- Димитар Хоматијан бил византиски свештеник и избран за архиепископ на Охридската архиепископија, сè до 1234 година.
- Дрезден добива градски права.
По тема[уреди | уреди извор]
Религија[уреди | уреди извор]
- 24 јули - Папа Хонориј III го наследува Папа Инокентиј III, како 177-тиот папа.
- 22 декември - Папа Хонориј III официјално го одобрува Доминиканскиот ред.
Родени[уреди | уреди извор]
Починале[уреди | уреди извор]
- 31 јануари - Теодор II Цариградски, патријарх
- Април 10 - Ерик Х Шведски (р. 1180)
- 11 јуни - Хенрик Фландриски, цар на Латинското Царство (отруен) (р. 1174)
- 16 јули - Папа Инокентиј III, римски папа
- 19 октомври - Јован Безземниот, крал на Англија во периодот од 1199 до 1216 година, наследувајќи го својот брат Ричард I. Прекарот го добил поради тоа што не добил никаква земја од страна на својот татко, сè до смртта на своите постари браќа, но и поради загубата на голем дел од француските територии.
- Ида Булонска (р. 1160)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Palmer, Alan; Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 77–79. ISBN 0-7126-5616-2.
- ↑ Dell'Umbria, Alèssi (2006). Histoire universelle de Marseille. De l'an mil à l'an deux mille. Marseille: Agone. стр. 27. ISBN 2-7489-0061-8.
- ↑ Williams, Hywel (2005). Cassell's Chronology of World History. London: Weidenfeld & Nicolson. стр. 133–135. ISBN 0-304-35730-8.
![]() |
„1216“ на Ризницата ? |