1229
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1229 MCCXXIX |
Ab urbe condita | 1982 |
Ерменски календар | 678 ԹՎ ՈՀԸ |
Асирски календар | 5979 |
Балиски календар | 1150–1151 |
Бенгалски календар | 636 |
Берберски календар | 2179 |
Будистички календар | 1773 |
Бурмански календар | 591 |
Византиски календар | 6737–6738 |
Кинески календар | 戊子年 (зем. стаорец) 3925 или 3865 — до — 己丑年 (зем. вол) 3926 или 3866 |
Коптски календар | 945–946 |
Етиопски календар | 1221–1222 |
Еврејски календар | 4989–4990 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1285–1286 |
- Сачка ера | 1150–1151 |
- Кали-југа | 4329–4330 |
Холоценски календар | 11229 |
Игбоански календар | 229–230 |
Ирански календар | 607–608 |
Исламски календар | 626–627 |
Јапонски календар | Антеј 3 / Канги 1 (寛喜元年) |
Јавански календар | 1137–1139 |
Јулијански календар | 1229 MCCXXIX |
Корејски календар | 3562 |
Мингуо-календар | 683 пред Р. Кина 民前683年 |
Нанакшахи | −239 |
Тајландски сончев календар | 1771–1772 |
Тибетски календар | 阳土鼠年 (машка земја-стаорец) 1355 или 974 или 202 — до — 阴土牛年 (женска земја-вол) 1356 или 975 или 203 |
1229 (MCCXXIX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1229 година од новата ера, 229. од вториот милениум, 29. од XIII век и последна од 1220-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6737 и 6738 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5979 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4989 и 4990 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1982.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1229 година се протега во 3865 и 3866, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3925 и 3926 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1772. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 626 и 627 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]- 18 февруари - Шеста крстоносна војна: Фридрих II потпишува десетгодишно примирје со ел-Камил, враќајќи го Ерусалим, Назарет и Витлеем.
- 6 март - 2-годишен штрајк на Универзитетот во Париз започнува со студентски немири.
- 18 март - Шеста крстоносна војна: Фридрих II се крунисува за Крал на Ерусалим.
- Април 12 - Парискиот договор доведува до крај на Катарската крстоносна војна.
- 23 април - Алфонсо IX Леонски го освојува Касерес.
- 12 септември - Армијата, на чело со Јаков I, започнува напади на Мајорка.
- 13 септември Огатај-кан е прогласен за кан на Монголското Царство.
- 28 ноември или 29 ноември - Ерик XI Шведски е поразен од Кнут II Шведски, кој се прогласува за нов крал.
- Католичката црква трајно ја воспоставува инквизицијата.
- Изграден е Замок Беверстон, Глостершир.
- Следејќи го ќор-сокакот во изборот на венецијански дожд, бројот на избирачите се зголемува од 40 на 41, со цел да се спречат таквите идни појави.
- Универзитет Тулуза е основан во Франција.
- Основан е градот Турку, Финска.
- Основан е градот Раперсвил.
- Прво споменување на градот Бенц (Узедом).
- Прво споменување на градот Глинде.
- Прво споменување на градот Мјелец.
- Прво споменување на градот Камник (Словенија).
- Прво споменување на градот Жлковце.
- Прво споменување на градот Бад Закса.
- Висмар добива градски права.
- Еслинген на Некар добива градски права.
- Силите на Папската Држава навалиле во Неапол каде папата наредил да бидат разрешени сите поданици кои имаат верност кон царот.
- Венеција потпишува трговски договори со султанот на Алеп.
- Започнува да се гради Катедрала Ла Сеу.
Родени
[уреди | уреди извор]- 13 април - Лудвиг II, војвода од Баварија (п. 1294)
- Беатриса Прованска, грофица на Прованса (приближен датум, п. 1267)
- Теобалд Годен, Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
Починале
[уреди | уреди извор]- 17 јануари - Алберт Буксгевден, германски бискуп од Рига, крстоносец
- Март - Бјанка Наварска, регент на Шампањ и Навара
- непозната дата - Јакут ел-Хамави, арапски биограф и географ (р. 1179)