Глинде
| Глинде | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
| Округ | Штормарн |
| Градоначалник | Рајнхард Цуг |
| Основни податоци | |
| Површина | 11,22 км2 |
| Надм. височина | 25 м |
| Население | 18.547 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 1.653 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | OD |
| Пошт. бр. | 21509 |
| Повик. бр. | 040 |
| Портал | www.glinde.de |
| Местоположба на градот Глинде во рамките на округот Штормарн | |
| Координати | 53°32′26″N 10°12′40″E / 53.54056°N 10.21111°E |
Глинде (германски: Glinde) — град во округот Штормарн, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во северна Германија. Градот се наоѓа околу 20 километри источно од Хамбург.
Историја
[уреди | уреди извор]Името Глинде било првпат споменато во документ од 25 март 1229 година. Во документот, грофот Адолф IV на Шауенбург и Холштајн го доделил селото на цистерцијанскиот манастир (манастирот подоцна бил преместен во денешниот град Рајнбек). Кралот на Данска и војвода на Шлезвиг, Фредерик I го одзел поседот од манастирот во текот на реформацијата. Во 1544 година, неговиот син Кристијан III го поделил со неговите браќа.
Во 1948 година, Глинде, Остштајнбек, Хафигхорст и Шенингштет биле здружени во општинската заедница Глинде. Откако Шенингштет, а подоцна и Хафигхорст (1949) ја напуштиле општинската заедница, Глинде и Остштајнбек станале слободни општини во 1978 година.
На 24 јуни 1979 година (750-годишнината на селото), Глинде добило градски права.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница (германски)
|
