Гросхансдорф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гросхансдорф
Железничката станица во Гросхансдорф
Железничката станица во Гросхансдорф
Железничката станица во Гросхансдорф
Грб на Гросхансдорф
Гросхансдорф во рамките на Германија
Гросхансдорф
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Штормарн
Градоначалник Јанинерк Фос
Основни податоци
Површина 11,2 км2
Надм. височина 49 м
Население 9.349 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 835 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OD
Пошт. бр. 22927
Повик. бр. 04102
Портал www.grosshansdorf.de
Местоположба на Гросхансдорф во рамките на округот Штормарн
Карта
Карта
Координати 53°40′0″N 10°16′0″E / 53.66667° СГШ; 10.26667° ИГД / 53.66667; 10.26667Координати: 53°40′0″N 10°16′0″E / 53.66667° СГШ; 10.26667° ИГД / 53.66667; 10.26667

Гросхансдорф (германски: Großhansdorf) — општина во округот Штормарн, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу 3 километри источно од Аренсбург и 25 километри североисточно од Хамбург.

Историја[уреди | уреди извор]

Гросхансдорф бил првпат споменат во 1274 година во декрет на црквата Св. Катарина од Хамбург, на која Гросхансдорф бил доделен во тоа време. Во 1435 година, градот Хамбург го припоил Гросхансдорф и го управувал како дел од шумските села, составени од низа хамбуршки енклави опкружени од територии на Холштајн. Во 1642 година била забележана изградба на воденица, која постоела до XIX век. Од 1701 година, Гросхансдорф бил седиште на шумскиот јавач (германски: Waldreiter), функционер на хамбуршката полициска администрација, кој денес е претставен во грбот на Гросхансдорф. Тогаш, Хамбург бил слободен царски град во рамките на Светото Римско Царство.

Од 1806 година замената на обработливите полиња помеѓу жителите, вообичаена во тоа време, била заменета од збирни поседи (германски: Verkoppelung) кои станале семејни поседи, кои така можеле да бидат заложени. Така, земјоделството било вклучено во монетарната економија. Помеѓу 1811 и 1813 година, Гросхансдорф бил дел од Првото Француско Царство, пред да биде вратен на Хамбург, тогаш суверена град-држава во рамките на новиот и слаб Германски Сојуз.

Во 1872 година, Грос-Хансдорф (како што тогаш било името) и соседниот Шмаленбек се споиле во Грос-Хансдорф-Шмаленбек (Groß-Hansdorf-Schmalenbeck), општина во рамките на државата Хамбург, која тогаш се состоела од истоимениот град и бројни помали општини и градови. Од 1921 година шумската железница (германски: Walddörferbahn, источниот дел на денешната линија У1 од подземната железница на Хамбург го поврзала Гросхансдорф со Хамбург.

Со територијалното прекројување преку Законот за голем Хамбург, Грос-Хансдорф-Шмаленбек бил предаден од Хамбург на пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн со сила од 1 април 1937 година, создавајќи така општина во рамките на округот Штормарн. Името Грос-Хансдорф било доделена на новата општина.

Британските окупациски сили ја издигнале покраината на држава Шлезвиг-Холштајн во 1946 година. Во период од една и пол година (1949-1951) Грос-Хансдорф-Шмаленбек бил дел од општинската заедница Аренсбург, пред да стекне статус на слободна општина, под името Гросхансдорф.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]