Еслинген на Некар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Еслинген на Некар
Esslingen am Neckar 2005.jpg
Грб на Еслинген на Некар
Еслинген на Некар се наоѓа во Германија
Еслинген на Некар
Управа
Земја Германија
Покраина Баден-Виртемберг
Адм. подрач. Штутгарт
Округ Еслинген
Градоначалник Јирген Цигер (SPD)
Основни податоци
Површина 46,43 км2
Надм. височина 241 м
Население 88.295 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 1.902 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ES
Пошт. бр. 73701–73734
Повик. бр. 0711
Портал www.esslingen.de
Местоположбата на Еслинген на Некар во рамките на округот Еслинген
Карта
Координати 48°44′00″ СГШ 9°19′00″ ИГД / 

Еслинген на Некар е град во регионот Штутгарт во Баден-Виртемберг во јужна Германија, најголем град и седиште на округот Еслинген. Градот се наоѓа на реката Некар, околу 14 километри југоисточно од центарот на градот Штутгарт. Областите кои го обиколуваат Еслинген се исто така главно развиени.

Еслинген бил слободен царски град повеќе векови се додека не бил припоен кон Виртенберг во 1802 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Предисториски период[уреди | уреди извор]

Постојат арехеолошки докази дека територијата на денешен Еслинген била населена уште од неолитско време. Траги од човечки населби најдени на местото на градската црква датираат од околу 1000 година п.н.е.

Римски период[уреди | уреди извор]

Во 1. век регионот Еслинген станал дел од Римското царство. За време на овој период римско засолниште било сместено во областа на Обереслинген. Најблиските римски населби и гарнизони биле во Канстат и Кенген.

Среден век[уреди | уреди извор]

Еслинген бил првпат спомнат во 777 година како Езелинга во тестаментот на игуменот Фулрад од Сен Дени (близу Париз), капелинот на Пипин и Карло Велики. Тој ја пренесол шестата келија од црквата преку реката Некар до својот манастир, Сен Дени. Тој исто така ги донел коските на Свети Виталиј во Еслинген, кој станал дестинација за верниците што довело до негов раст.

Територијата на слободниот царски град Еслинген.

Околу 800 година Еслинген станал пазаришен град, а своите пазарни права ги добил во 866 година. Во периодот 949–953 градот бил во споственост на швабскиот кнез Лудолф. Еслинген официјално станал град во 1229 година за време на владеењето на царот Фридрих II. За време на истиот период бил изграден мост на реката Некар, со што Елсинген станал главен трговски центар на рутата помеѓу Италија, Швајцарија, и Северна германија. Даноците добиени од мостот и пазарот довеле до понатамошен раст на градот, како што довел и извозот на високо-квалитетно вино од регионот.

Периодот меѓу 13. и 16. век донел многу судири на слободниот царски град со грофовите на Виртемберг (подоцна Војводство Виртемберг). Половина од населението го загубило својот живот во триесетгодишната војна поради глад или епидемии. Еслинген ја загубил независноста како царски град во 1802-1803 година, и станал дел од Војводството Виртемберг.

19. век до денешен ден[уреди | уреди извор]

Почетокот на 19. век бил карактеристичен за индустријалиацијата. Производството на ракавици, преработката на храна, текстил, и обработката на метал биле првите индустрии во Еслинген. На 20 ноември 1845 година бил пуштен првиот воз од Канстат до железничката станица во Еслинген.

Еслинген бил окупиран од американски војници во април 1945 година, кон крајот на втората светска војна. За време на војната, во градот била предизвикана мала штета, па така средновековниот изглед во центарот на градот бил претежно сочуван.

По втората светска војна околу 47,000 луѓе се преселиле во Елсинген, најголем број бегалци и раселени лица од Источна Германија. Во Обереслинген и Цолберг биле создадени нови домови за да се надмине недостатокот на домови.

Во 1973 година округот Ниртинген бил споен со Еслинген на Некар, со што Еслинген станал седиште на зголемениот истоимен округ.

Панорама на Еслинген

Меѓународни врски[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Еслинген на Некар е збратимен со:[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]