Динкелсбил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Динкелсбил

Dinkelsbühl

Поглед на стариот град од црковната кула
Поглед на стариот град од црковната кула
Грб на Динкелсбил
Динкелсбил се наоѓа во Германија
Динкелсбил
Управа
Земја Германија
Покраина Баварија
Адм. подрач. Средна Франконија
Округ Ансбах
Обербургмајстер Д-р Кристоф Хамер (ЦСУ)
Основни податоци
Површина 75,19 км2
Надм. височина 442 м
Население 11.538 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 153 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. AN, DKB, FEU, ROT
Пошт. бр. 91550
Повик. бр. 09851
Портал dinkelsbuehl.de
Местоположбата на град Динкелсбил во рамките на округот Ансбах
Карта
Координати 49°04′15″ СГШ 10°19′10″ ИГД / 


Динкелсбил (германски: Dinkelsbühl) – град во Германија, во Баварија, во округот Ансбах и административното подрачје Средна Франконија.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба на Динкелсбил во округот Ансбах
Динкелсбил

Динкелсбил е сместен на југозапад на округот Ансбах, на границата со сојузната покраина Баден-Виртемберг (окрузите Швебиш Хал и Осталб) на романтичниот пат. Низ градот тече реката Верниц.

Во седумдесеттите години на 20 век територијата на Динкелсбил е проширена со бројни општини, со што општината петкратно ја зголемила својата површина (од 14,47 km² во 1900 година на 75 km² денес).

Историја[уреди | уреди извор]

Фахверк-куќи од 16 век

Градот бил утврден од императорот Хенрик V, во 1305 година ги добил истите општински права како Улм и во 1351 година станал слободен царски град каков останал до 1802 година кога бил присоединет кон Баварија. Неговиот општински закон (Dinkelsbühler Recht) издаден во 1536 година и ревидиран во 1738 година, содржел значајна збирка на јавни и приватни закони.

После неговото присоединување кон Кралството Баварија, Динкелсбил станал административен центар на округ кој опстојувал до после Втората светска војна. Во 1910 година, овој округ броел 24.761 жители[2] од кои повеќе од 85% биле лутеранизамлутеранци, во 1933 година броел 23.911 жители (еврејска заедница од 106 лица[2] од кои 61 лице во самиот град Динкелсбил, во 1950 година броел 39.283 жители (за време на војната голем број на бегалци од големите градови се сместиле во округот) и 33.600 жители во 1960 година, од кои 5.500 бегалци.[2]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Динкелсбил е средновековен интересен град со бројни стари куќи, опколен со ѕидини, кули и капии.

  • Катедрала Санкт Георг, една од најубавите германски цркви во готски стил, ја чува својата романска кула. Датира од 15 век, а во внатрешноста, во јужниот дел, се наоѓа реликвар кој ги покажува коските на св. Аврелијан и слика на главниот олтар кој прикажува едно посебно распнување (1490), каде симболите на евангелистите го красат крстот.
  • Стар кармелитски манастир во барокен стил, секуларизиран и продаден на лутеранската заедница во 1802 година, кој денес е музичко училиште.
  • Стар манастир на капучините
  • Дојчес хаус, дом на грофовите од Дрехсел-Дојфштетен, типичен за германската ренесанса.
  • Споменик на Кристоф фон Шмид (1768-1854), автор на приказни за деца.
  • Стара болница Хајлиг-Гајст, основана во 1380 година.
  • Старото градско собрание (Alt Rathaus), денес музеј.
  • Старата градска мелница, денес Музеј на третата димензија.

Демографија[уреди | уреди извор]

Градот Динкелсбил во старите граници:

Население
1890 1900 1910 1925 1933 1939
4.496[2] 4.573 4.800 5.067 5.155 4.809

Градот Динкелсбил во актуелните граници:

Население
1840 1871 1900 1910 1925 1933 1939 1950 1961 1970 1979 1989 2000 2003 2009
7.569[3] 7.980[3] 7.282[3] 7.724 7.847[3] 7.890 7.757[3] 10.714[3] 10.546[3] 10.711 10.761 10.894 11.549[3] 11.605 11.443[3]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Динкелсбил е збратимен со[4]:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]