Шмалкалден
Шмалкалден | |
Шмалкалден околу 1900 | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Шмалкалден-Мајнинген |
Градоначалник | Томас Камински (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 98,35 км2 |
Надм. височина | 295 м |
Население | 19.647 (31 декември 2019)[1] |
- Густина | 200 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SM |
Пошт. бр. | 98574 |
Повик. бр. | 03683 |
Портал | www.schmalkalden.de |
Местоположба на градот Шмалкалден во рамките на округот Шмалкалден-Мајнинген | |
Координати | 50°43′N 10°27′E / 50.717° N; 10.450° EКоординати: 50°43′N 10°27′E / 50.717° N; 10.450° E |
Шмалкалден (германски: Schmalkalden) — град во округот Шмалкалден-Мајнинген, во југозападниот дел на сојузната покраина Тирингија, во Германија. Се наоѓа на јужните падини на Тирингиската Шума на реката Шмалкалде, притока на реката Вера.
Историја[уреди | уреди извор]
Првпат бил споменат во декрет од 874 година, како „Смалкалта“ (Smalcalta) во франкското војводство Тирингија, дека добила градски права околу 1180. Кога ландгрофот Хајнрих Распе на Тирингија умрел без потомок во 1247, преминал на династијата Хенеберг-Шлојзинген, додека поголемиот дел од грофството припадналото на династијата Ветин во Мајсен. За да го обезбедат нивното преземање, грофовите на Хенеберг се здружиле со Хесен. Во 1360, заедно со ландгрофот Хајнрих Втори од Хесен го исплатил Фридрих Петти, синот на Елизабет од Хенеберг.
Во 1531 градското собрание на Шмалкалден било место на основање на Шмалкалдската лига од протестантските принцови под водство на ландгрофот Филип Први од Хесен, со цел заштита на религиозните и политичките интереси во нивните граници. Во 1537, Шмалкалдските членови биле напишани од Мартин Лутер, Филип Меланхтон и другите реформатори.
Кога грофовите на Хенеберг престанале да постојат во 1583, нивниот дел бил наследен од Вилхелм Четврти. Вилхелм го направил градот своја резиденција и бил изграден замокот Вилхелмсбург, завршен во 1590. Грофството Шмалкалден останал ексклава на Хесен, од 1868 па натаму бил дел од пруската покраина Хесен-Насау, додека не бил припоен во покраината Саксонија во 1944 и во 1945 станал дел од покраината Тирингија.
Градот доживеал жестоки бомбашки напади во Втората светска војна. Од 1949, со Тирингија, бил дел од Источна Германија.
Во јули 2018 година, поранешната општина Шпрингштиле била припоена кон градот Шмалкалден.
Главни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Св. Ѓорѓи, доцно готска црква завршена во 1509 со витражи од Шарл Кродел
- Градско собрание
- Реформаторска школа
- Лутеранско седиште
- Куќата на Лутер
- Градски ѕидини
- Болницата и нејзината капела
- Замокот Вилхелмсбург, поранешна резиденција на грофовите од Хесен, изграден околу 1590
- Куќата на Штенгел
- Црквата на гробиштата
- Кратер со пречник од 30-40 метри, создаден на 1 ноември 2010 од природна вдлабнатина
Грофство Шмалкалден | |||||
Herrschaft Schmalkalden | |||||
вазален | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Главен град | Шмалкалден | ||||
Уредување | Кнежевство | ||||
Историски период | Среден век | ||||
- | Припоен од Хенеберг | 1247 | |||
- | Заедничко владеење со Хесен | 1360 | |||
- | Кон Хесен-Касел | 1583 | |||
- | Кон Тирингија | 1944 |
Познати луѓе[уреди | уреди извор]
- Кристоф Келариус, научник
- Кристијан Карл Август Лудвиг фон Масенбах, полковник
- Карл Вилхелм, хорски диригент
- Ангела Штајнмилер, математичар
- Франк Лук, биатлонец
- Свен Фишер, биатлонец
- Штефи Јакоб, санкач
- Кати Вилхелм, биатлонец
- Александар Волф, биатлонец
Меѓународни односи[уреди | уреди извор]
Шмалкалден е збратимен со:
Галерија[уреди | уреди извор]
Фахверк куќа близу плоштадот
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. 31 декември 2019. (германски)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Шмалкалден на Ризницата ?
- www.schmalkalden.de (германски)
Оваа статија вклучуваат текст од дело кое сега е во јавна сопственост: „“. Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press. (англиски)
|