Грабфелд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грабфелд
Поглед на местото Квајенфелд
Поглед на местото Квајенфелд
Грб на Грабфелд
Грабфелд во рамките на Германија
Грабфелд
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Шмалкалден-Мајнинген
Месни единици 11
Градоначалник Кристијан Зебер (ДХС)
Основни податоци
Површина 132,08 км2
Надм. височина 340−370 м
Население 5.618 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 43 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SM
Пошт. бр. 98631
Повик. бр. 036944, 036947
Портал grabfeld.de
Местоположба на Грабфелд во рамките на округот Шмалкалден-Мајнинген
Карта
Координати 50°27′N 10°26′E / 50.450° СГШ; 10.433° ИГД / 50.450; 10.433Координати: 50°27′N 10°26′E / 50.450° СГШ; 10.433° ИГД / 50.450; 10.433

Грабфелд (германски: Grabfeld) — општина во округот Шмалкалден-Мајнинген, во сојузната покраина Тирингија, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Општината Грабфелд се наоѓа франконскиот дел на Тирингија и лежи непосредно на покраинската граница со Баварија и го опфаќа северниот дел на истоимената област.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Општината Грабфелд се граничи (од североисток надесно) со следниве општини: Лојтерсдорф, Фахдорф, Нојбрун, Риченхаузен, Унтермасфелд, Зилцфелд, градот Мајнинген во округот Шмалкалден-Мајнинген, градот Мелрихштат, Хендунген и Хехајм во баварскиот округ Рен-Грабфелд, како и Ремхилд, Дингслебен, Санкт Бернард, Бајнерштат и Темар во округот Хилдбургхаузен.

Општински единици[уреди | уреди извор]

  • Бауербах
  • Берунген
  • Берках
  • Бибра
  • Ексдорф со Обендорф
  • Јиксен
  • Нордхајм
  • Квајенфелд
  • Рентвертсхаузен
  • Швикерсхаузен
  • Велферсхаузен
  • Волфмансхаузен

Историја[уреди | уреди извор]

Во рамки на Германското Царство (1871–1918), територијата на денешната општина Грабфелд била дел од Војводството Саксо-Мајнинген.

Грабфелд бил основан како општина на 1 декември 2007 преку спојување на поранешните општини Берунген, Берках, Бибра, Ексдорф, Јиксен, Нордхајм, Квајенфелд, Рентвертсхаузен, Швикерсхаузен и Волфмансхаузен, заменувајќи ја поранешната општинска заедница со истото име. Во јануари 2012 година на општината се приклучила поранешната општина Бауербах, а во јануари 2019 година и поранешната општина Велферсхаузен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]