Изборно Кнежевство Мајнц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Изборно Кнежевство Мајнц
Kurfürstentum Mainz  (германски)
Electoratus Moguntinus  (латински)
Вазалство
Franconia
780 – 1803
Знаме Грб
Местоположба на Mainz
Главен град Мајнц
Уредување Изборно кнежевство
Изборен кнез на Мајнц
 -  1802–1803 Карл Теодор фон Далберг
Историски период Среден век
 -  Основање на епископија Римско Царство
 -  Епископско кнежевство, претворено во архиепископско
780–782 780
 -  Епископско кнежевство
 -  Изворен кнез 1251
 -  Мајнц станал слободен цардски град 1242–1462
 -  Република Мајнц 18 март – 23 јули 1793
 -  Германска медијатизација 1803
Минати
Следни
Franconia Војводство Франконија
Монт-Тонер
Кнежевство Ашафенбург Aschaffenburg
Големо војводство Хесен
Војводство Насау
Кралство Прусија
Денес во  Германија

Изборно Кнежевство Мајнц (германски: Kurfürstentum Mainz, латински: Electoratus Moguntinus) — една од најпрестижните и една од највлијателните членки на Светото Римско Царство од неговото создавање до неговото распаѓање во 19 век. Хиерархиски ова кнежевство било управувано од изборен кнез и архиепископите на Мајнц, како поглавари на Германија.

Архиепископот на Мајнц бил рангиран на прво место во Светото Римско Царство помеѓу сите црковни владетели, и на второ место веднаш по царот. Архиепископот на Мајнц заедно со пфалцгрофот на Рајна, маркгрофот на Бранденбург, војводата на Саксонија и кралот на Бохемија имале право да го избират римско-германскиот крал и цар. Неговата политичка улога била значајна, особено како посредник меѓу имотите на царството и на царот[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Епископијата во Мајнц била основана во времето на Римското Царство. Градот Мајнц бил провинциски град кој започнал да има голема улога кога во 780 година црквата била издигната во ранг на архиепископија. Првите епископи пред 4 век имале легендарни имиња, а како прв се смета апостол Крискент. Првиот верификуван епископ на Мајнц бил Мартин во 343 година. Црковна и светска важност Мајнц стекнал во времето на мисионерот Бонифациј во 747 година.

Територијата на ова изборно кнежевство ги опфаќала териториите во близина на Мајнц на левиот и десниот брег од реката Рајна, територијата по должината на реката Мајна над Франкфурт (вклучувајќи ја областа Ашафенбург), регионот на Ајхсфелд во Долна Саксонија и Тирингија, и територијата околу Ерфурт во Тирингија.

За време на раниот нов век, Архиепископијата на Мајнц претставувала најголема црковна провинција во Германија која опфаќала десет епархии[2].

Во 1802 година, Мајнц го загубил својот архирејски карактер. Во 1803 година, седиштето на изборниот кнез било пренесено во Регенсбург. Новата римокатоличка епархија била основана во 1802 година и истата претставувала епархија во рамките на Франција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lafage, p. 69
  2. Augsburg, Coire, Constance, Eichstätt, Hildersheim, Paderborn, Speyer, Strasbourg, Worms, Würtzburg; Franck Lafage, Les comtes Schönborn, 1642–1756, L'Harmattan, Paris, 2008, vol 1, p. 69

Надворешни врски[уреди | уреди извор]