Босна и Херцеговина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поимот „Босна“ пренасочува тука. За други значења на поимот „Босна“ видете Босна (појаснување).
Босна и Херцеговина
Bosna i Hercegovina
Босна и Херцеговина
Знаме Грб
ХимнаДржавна химна на Босна и Херцеговина
Местоположбата на  Босна и Херцеговина  (зелено) на Европскиот континент  (темносива)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Босна и Херцеговина  (зелено)

на Европскиот континент  (темносива)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Босна и Херцеговина  (зелено)

на Европскиот континент  (темносива)  —  [Легенда]

Главен град Сараево
43°52′N 18°25′E / 43.867° СГШ; 18.417° ИГД / 43.867; 18.417
Најголем град главниот град
Службен јазик босански, хрватски, српски
Народности (попис од 2013 година[1])
Демоним Босанци

(Босанец/Босанка)

Херцеговци (Херцеговец/Херцеговка)

Уредување федерална република
 •  Висок претставник Валентин Инцко
 •  Претседатела Милорад Додик
 •  Членови на претседателството Шефик Ѓаферовиќ
Жељко Комшиќ
 •  Премиерб Денис Звиздиќ
Независност
 •  Спомената 9. век 
 •  Создадена 29 август 1189 
 •  Основано кралство 26 октомври 1377 
 •  Изгубена независност од Отоманско Царство 1463 
 •  Национален ден 25 ноември 1943 
 •  Независност од СФРЈ 1 март 1992 
 •  Признаена 6 април 1992 
Површина
 •  Вкупна 51,197 км2 (127-ма)
Население
 •  Попис 2018 3.503.344 
 •  Густина 68,97 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2016 г.
 •  Вкупен $30.389 милијарди[2] 
 •  По жител $11,647[2] 
БДП (номинален) проценка за 2016 г.
 •  Вкупно $16.306 милијарди[2] 
 •  По жител $4,617,75[2] 
Џиниев коеф. (2013)36.2[3]
среден
ИЧР (2014) 0.731[4]
висок · 86та
Валута конвертибилна марка (BAM)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .ba
Повик. бр. 387
1. а наречен Претседавач на Претседателството
2. б наречен Претседавач на Советот на министрите

Босна и Херцеговина или скратено БиХ — земја во Југоисточна Европа, која се наоѓа на Балканскиот Полуостров. Сараево е главен и најголем град во земјата.

Босна и Херцеговина е речиси континентална држава - има тесен брег долго околу 20 километри на Јадранското Море околу градот Неум. Босна и Херцеговина се граничи со Хрватска на север, запад и југ; Србија на исток; и Црна Гора на југоисток. Во централниот и источниот дел на земјата, географијата е планинска, на северозапад е умерено ридска, а североисточниот дел е претежно рамен. Во внатрешноста (Босна) преовладува умереноконтинентална клима, со жешки лета и студени и снежни зими. Јужниот дел, Херцеговина, има средоземна клима и обична топографија.

Во Босна и Херцеговина биле откриени човечки населби од времето на неолитот, а на овие простори живееле илирски и келтски цивилизации. Културно, политички и општествено, земјата има богата историја. Најпрвин се населиле словенските народи од 6 до 9 век. Во 12 век била основана Бановина Босна, која во 14 век прераснала во Кралство Босна, а потоа земјата била вклучена во составот на Отоманското Царство, под чие владеење останало од средината на 15 до крајот на 19 век. Османлиите го вовеле исламот во регионот, и измениле голем дел од културниот и социјалниот изглед на земјата. Крајот на османлиското владеење завршил најпрвин со анексијата на земјата од Австроунгарија, која траела до Првата светска војна. Во меѓувоениот период, Босна и Херцеговина била дел од Кралство Југославија, а по Втората светска војна добила целосен републички статус во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По распадот на Југославија, републиката прогласила независност во 1992 година, по што следувала Босанската војна, која траела до крајот на 1995 година.

Туризмот во Босна и Херцеговина се зголемил на двоцифрени стапки во последниве години. Босна и Херцеговина е регионално и меѓународно позната по својата природна околина и културно наследство наследено од шест историски цивилизации, нејзината кујна, зимски спортови, уникатна музика, архитектура и нејзините фестивали, од кои некои се најголеми и најистакнати во Југоисточна Европа[5][6]. Земјата е дом на три главни етнички групи или, официјално, конститутивни народи, како што е наведено во Уставот. Бошњаците се најголемата група, по кое следуваат Србите и Хрватите. Роден во Босна и Херцеговина, без разлика на етничката припадност, обично се идентификува како Босанец. Малцинствата, дефинирани според уставната номенклатура „Други“, вклучуваат Евреи, Роми, Полјаци, Украинци и Турци. Босна и Херцеговина има дводомно законодавно тело и тричлено претседателство составено од член на секоја од главните етнички групи. Сепак, моќта на централната влада е многу ограничена, бидејќи земјата е во голема мера децентрализирана и се состои од два автономни ентитети: Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска, како и округот Брчко, управуван под локална власт. Федерацијата на Босна и Херцеговина се состои од 10 кантони.

Босна и Херцеговина е рангирана високо во однос на човековиот развој и има економија во која доминираат индустријата и земјоделскиот сектор, по што следат туристичкиот и услужниот сектор[7]. Земјата има социјална сигурност и универзален здравствен систем, а образованието во основно и средно образование е бесплатно. Босна и Херцеговина е членка на ООН, ОБСЕ, Советот на Европа, ПзМ, ЦЕФТА и основачки член на Средоземната Унија по нејзиното формирање во јули 2008 година[8]. Земјата е апликант за членство во Европската Унија и е кандидат за членство во НАТО од април 2010 година, кога добила Акционен план за членство[9].

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Првото зачувано широко споменување на Босна е во За управувањето со царството, политичко-географски прирачник напишан од византискиот цар Константин VII во средината на 10 век (помеѓу 948 и 952), во кој се опишува „малата земја“ (χωρίον на грчки) на „Босона“ (Βοσώνα)[10].

Се верува дека името се добило од хидронимот на реката Босна, која се простира низ босанските средини. Според филологот Антон Мајер, името Босна би можело да произлезе од илирскиот „бас-ан-ас“, што би произлегло од праиндоевропскиот корен бос - што значи „протечна вода[11]. Според англискиот средновековник Вилијам Милер, словенските доселеници во Босна „го адаптирале латинското име [...] Басанте, на свој идиом, нарекувајќи ја Босна [...]“.[12]

Името Херцеговина („земја на херцог“ од германски збор за „војвода“)[11] потекнува од босанскиот магнат Стјепан Вукчиќ Кошача, кој имал титула Херцег (Херцог) (1448)[13]. Хум било рано средновековно кнежевство, кое во првата половина на 14 век било освоено од страна на Бановина Босна. Регионот бил управуван од Отоманците како Босански санџак во рамките на Босанскиот пашалак до формирањето на краткотрајниот Херцеговински пашалак во 1830-тите.

По првичното прогласување на независноста во 1992 година, официјалното име на земјата било Република Босна и Херцеговина, но по Дејтонскиот договор од 1995 година и новиот устав, официјалното име се променило во Босна и Херцеговина.

Историја[уреди | уреди извор]

Ран период[уреди | уреди извор]

Mogorjelo, античка римска приградска Вила Рустика од IV век, во близина на Чапљина

Босна е населена од човекот уште од неолитската ера. Најраното неолитско население станало познато во Антиката како Илири. Келтските миграции во 4 век п.н.е. биле забележливи. Конкретни историски докази за овој период се ретки, но генерално се чини дека регионот бил населен со голем број различни луѓе кои зборувале различни јазици. Конфликтот меѓу Илирите и Римјаните започнал во 229 година п.н.е., но Рим не ја завршил анексијата на регионот до 9 век. Токму во денешна Босна и Херцеговина, Рим се борел со една од најтешките битки во својата историја од Пунските војни, како што е опишано од римскиот историчар Светониј[14]. Тоа бил римскиот поход против Илирик, познат како Панонско востание[15]. Конфликтот се појавил по обид за регрутирање на Илирите, и револтот траел четири години (6-9 н.е.), по што илирите биле покорени[16]. Во римскиот период, доселениците од целото Римско Царство се населиле меѓу Илирите, а римските војници биле охрабрувани да се пензионираат во регионот[11].

По поделбата на царството меѓу 337 ​​и 395 година, Далмација и Панонија станале дел од Западното Римско Царство. Регионот бил освоен од Остроготите во 455 година, а подоцна и од Аланите и Хуните. До 6 век, царот Јустинијан го освоил подрачјето и го вклучил во соствот на Византија. Словените го преплавиле Балканот во 6 и 7 век.

Илирски период[уреди | уреди извор]

Бронзената култура на Илирите, етничка група со посебна културна и уметничка форма, започнала да се организира во денешните земји Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, Македонија, Албанија и делови од северна Грција.

Од 8 век п.н.е., племињата на Илирите се развиле во царства. Најрано регистрирано царство во Илирија (регион во западниот дел на Балканскиот Полуостров населен со Илирите, како што е запишано во класичната античка) било царството на Енхелејците во 8 век п.н.е. Најзначајните илирски царства и династии биле оние на Бардил и Агрон, кои го создале последното и најпознато илирско царство.

Од 7 век п.н.е, бронзата била заменета со железо, по што само накит и уметнички предмети сè уште се изработувале од бронза. Илириските племиња, под влијание на Халштат на север, формирале регионални центри кои биле малку поинакви.

Многу важна улога во нивниот живот бил култот кон мртвите, што се гледа во нивните погребни церемонии, како и богатството на нивните гробници. Во северните делови имало долга традиција на кремирање и погребување во плитки гробови, додека на југ мртвите биле погребувани во големи камења кои во Херцеговина достигнувале монументални големини од 50 м и високи до 5 метри.

Во 4 век п.н.е. била забележана првата инвазија на Келтите. Тие само поминале на пат кон Грција, така што нивното влијание во Босна и Херцеговина е занемарливо. Келтските миграции раселеле многу илирски племиња од нивните поранешни земји, но некои келтски и илирски племиња се мешале. Конкретни историски докази за овој период се ретки, но генерално се смета дека регионот бил населен со голем број различни народи кои зборуваат различни јазици.

Во делтата на Неретва на југ, постоело значајно хеленистичко влијание на племето Даорси. Нивниот главен град бил Дарсон во близина на Столац, главниот центар на античката култура во БиХ. Даорсон во 4 век п.н.е. бил опкружен со мегалитички високи камени ѕидови од 5 метри (колку што се оние од Микена во Грција), составени од големи трапезоидни камени блокови.

Средновековен период[уреди | уреди извор]

Хвалов зборник
Босна во средниот век

Раните Словени извршиле напади во Западен Балкан, вклучувајќи ја и Босна, во 6 и почетокот на 7 век (во периодот на миграција), по кој период била основана една словенска конфедерација позната на Византијците како Склавинија[17][18]. Племињата кои денеска се познати како Срби и Хрвати се опишуваат како различни во текот на втората четвртина од 7 век, и се смета дека не биле особено бројни[17][19] и нивниот идентитет е предмет на научна дебата[20].

Првото зачувано широко споменување на Босна е во За управувањето со царството, политичко-географски прирачник напишан од византискиот цар Константин VII во средината на 10 век (помеѓу 948 и 952), каде кон крајот од поглавјето (глава 32) пишува за „Србите и земјата во која тие сега живеат[21]“. Ова било научно толкувано на неколку начини и посебно користено од српските национални идеолози за да ја покажат Босна како српска земја. Другите научници тврдат дека вклучувањето на Босна во глава 32 е само резултат на привременото владеење на српскиот голем кнез Часлав.

Во средниот век територијата била често оспорувана помеѓу Кралство Унгарија и Византија. Во следниот период била формирана најпрвин Бановина Босна[11][22] Босанска Бановина претставувала средновековна држава што се наоѓала на најголемиот дел од денешната Босна и Херцеговина, како и делови од Далмација (во Хрватска), Србија и Црна Гора. Иако земјата имала вазален статус на Кралство Унгарија, Босна де факто била независна држава[23][24]. Босанската Бановина постоела до 1377 година, кога била издигната во царство со крунисувањето на Твртко I, кога го достигнала својот врв. Во 1372 година, Твртко формирал сојуз со принцот Лазар Хребељановиќ, еден од регионалните владеттели на територијата на распарнатото Српско Царство [25]. Во 1377, Твртко бил крунисан за крал на Србите, Босна, Приморје и западните земји[26]. Стекнувањето на српската територија, вклучувајќи го и значајниот манастир Милешева, во комбинација со фактот дека бабата на Твртко бил член на династијата Немањиќ, го поттикнал Твртко, исто така, да се прогласи за крал на Србија, со што ги потврдил своите претензии на српскиот престол. По смртта на Твртко I, моќта на босанската држава полека започнала да се намалува. Отоманското Царство веќе ја започнало својата инвазија врз Европа и претставувала голема закана за Балканот во текот на првата половина на 15 век.

Отомански период[уреди | уреди извор]

По освојувањето на Србија, Османлиите продолжиле кон Босна. Во 1410-тите, локалните благородници Хрвоје Вукчиќ, Сандал Храниќ и Павле Раденовиќ контролирале големи делови од територијата на Твртко. Во 1413 Хрвоје Вукчиќ и Сандал Храниќ влегле во конфликт. Хрвоје Вукчиќ стапил во сојуз со Османлиите. Османлиите издвојувале голема победа во август 1415 година во близина на Добој. По оваа победа Сандал Храниќ кој го контролирал источниот дел од Херцеговина, станал османлиски вазал. Босанскиот крал Твртко II морал да плаќа годишен данок од 1437 година. Бидејќи касата била празна, босанскиот крал морал да отстапи неколку тврдини на источниот дел од земјата. Во тој период започнала исламизацијата на Босна. Во 1443 на босанскиот престол застанал Стефан Томаш кој ги сопрел даноците кон Османлиите бидејќи се надевал на папската помош и Матеј Корвин, кралот на Унгарија. Но во 1463 година султанот Мехмед II извршил инвазија во Босна со 150,000 војници. Кога султанот пристигнал во Босна, кралот побегнал во Јајце каде бил погубен.

По освојувањето на Босна бил формиран посебен санџак во составот на Румелија. Седиштето најпрвин се наоѓало во Бања Лука а подоцна во Сараево. На чело на санџакот стоеле исламизирани Босанци чии презимиња потсетуваат на нивното христијанско потекло. Прв меѓу нив бил Исабег Хранушиќ од Сараево. Оваа територија служела за понатамошните походи на Османлиите кон Хрватска, Унгарија и Австрија. Во времето на Сулејман I бил заземен Белград (1521), по кое следувала Мохачката битка во 1526 година и крајот на Кралство Унгарија. Процесот на создавање на османлиската власт во Босна траел до крајот на 16 век кога конечно завршиле освојувањата.

Австриски период[уреди | уреди извор]

Босна и Херцеговина паднала под австроунгарска власт паднала во 1878 година, кога Берлинскиот конгрес ја одобрил окупацијата на Босанскиот вилает, која официјално останала како дел од Отоманското Царство. Австроунгарската армија ангажирала големи напори за мобилизација за да се подготви за напад врз Босна и Херцеговина[27]. Тензиите останале во одредени делови на земјата (особено во Херцеговина) и се случила масовна емиграција на претежно муслимански дисиденти. Меѓутоа, состојбата на релативната стабилност била постигната доволно брзо, а австроунгарските власти успеале да започнат со бројни социјални и административни реформи со цел да ја направат Босна и Херцеговина во своја модерна колонија. Со цел да се воспостави покраината како стабилен политички модел кој би помогнал да се распадне зголемувањето на јужнословенскиот национализам, Хабсбуршката влада многу ги кодирала законите, воведувала нови политички практики и, генерално, обезбедувала модернизација.

Австроунгарија чекала можност формално да ја вклучи Босна и Херцеговина кон сопствената територија. Секоја акција во врска со Босна и Херцеговина зависела од меѓународно мислење, за кое австриско-унгарските власти биле свесни. Тие ја икористеле Младотурската револуција за конечно да ја анектираат Босна и Херцеговина. Австриско-унгарските власти се плашеле дека револуцијата може да се прошири и во Босна и Херцеговина, со поддршка од босанските муслимани и Србите, кои ја поддржувале автономијата на Босна и Херцеговина во рамките на Отоманското Царство. На 7 септември 1908 година, СНО и МНO побарале Босна и Херцеговина да го прифати Уставот како дел од Отоманското Царство[28].

Атентатот на надвојводата Франц Фердинанд од Австрија и Софија, војвотката од Хоенберг во Сараево, извршен од Гаврило Принцип

На 5 октомври царот Франц Јосиф ја објавил анексијата на Босна и Херцеговина и му наредил на министерот за финансии да состави устав за Босна и Херцеговина. Анексијата била објавена во Сараево два дена подоцна, на 7 октомври. Оваа анексија довела до меѓународна криза, која била решена на 26 февруари 1909 година кога Отоманското Царство ја признало анексијата, добивајќи материјална компензација, а според договорот австриско-унгарските гарнизони требало да го напуштат Новопазарскиот санџак. Со ова, Босна и Херцеговина формално била ставена под австриско-унгарскиот суверенитет. На 21 март 1909 година, Германското Царство испратило ултиматум на Руското Царство да ја признае анексијата, која Русија веднаш ја направила. Наскоро, Кралство Србија ја признала анексијата на 31 март, Кралство Црна Гора го сторила тоа на 5 април[29].

Во февруари 1910 година австроунгарските власти дале ограничена самоуправа на Босна и Херцеговина. Бил воведен устав со кое се формирал парламент, но не била обезбедена автономија на двете области. Со уставот и со делумното решавање на ова прашање во 1911 година австроунгарската влада заработила поддржувачи како меѓу хрватската и меѓу српската и муслиманската заедница. Радикалните приврзаници на единство со Србија, сепак одговорила на анексијата на Босна и Херцеговина основајќи ја револуционерната организација "Млада Босна". Од 1910 година натаму таа извршила редица напади врз високи претставници на австроунгарската власт. Кај еден од нив во јуни 1914 година во Сараево бил убиен австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд. Ова станало повод за избувнувањето на Првата светска војна. По крајот на војната, Босна и Херцеговина станала дел од Кралство Југославија.

Југословенски период[уреди | уреди извор]

По Првата светска војна, Босна и Херцеговина се приклучила на јужнословенското Кралство на Срби, Хрвати и Словенци (наскоро преименувано во Југославија). Политичкиот живот во Босна во тоа време бил обележан со две главни трендови: социјални и економски немири во врска со прераспределбата на имотот и формирање на неколку политички партии кои често ги менувале коалициите и сојузите со партиите во другите југословенски региони[30].

Доминантниот идеолошки конфликт на југословенската држава, помеѓу хрватскиот регионализам и српската централизација, на различен начин му пристапиле главните етнички групи во БиХ и од тоа зависела севкупната политичка атмосфера. Политичките реформи во новоформираното југословенско кралство покажале малку корист за Бошњаците; според конечниот попис на сопственоста на земјиштето и населението според верска припадност во Австроунгарија во 1910 година, муслиманите (Бошњаци) броеле 91,1%, православните Срби 6,0%, католичките Хрвати 2,6% и други, 0,3% од имотот. По реформите, на босанските муслимани им биле одземени вкупно 1.175.305 хектари земјоделско и шумско земјиште[31].

По воспоставувањето на Кралство Југославија во 1929 година довело до пренасочување на административните региони во банати или бановини кои намерно ги избегнувале сите историски и етнички линии, отстранувајќи ја трагата на босанскиот ентитет. Српско-хрватските тензии околу структуирањето на југословенската држава продолжиле, со концептот на одделна босанска дивизија која добива малку или никакво внимание.

Договорот Цветковиќ-Мачек, кој ја создал Хрватската бановина во 1939 година, поттикнал суштинска поделба на Босна помеѓу Хрватска и Србија[32]. Сепак, зголемувањето на заканата од Нацистичка Германија на Адолф Хитлер ги натерало на југословенските политичари да го пренасочат своето внимание. но земјата била нападната од Германија на 6 април 1941 година.

Откако Југославија капитулирала, цела Босна била отстапена на Независна Држава Хрватска. Во овој период, стотици илјади етнички Срби побегнале поради теророт спроведен од челниците на Независна Држава на Хрватска, и побарале засолниште во Германија, окупирана од Србија, во обид да избегаат од прогонството и геноцид[33]. Југословенската територија била сцена на граѓанска војна меѓу ројалистичките четници со кои командувал Дража Михајловиќ и комунистичките партизани на Јосип Броз Тито. Победата на комунистичките партизани резултирала со укинување на монархијата и последователен уставен референдум. Еднопартиска држава наскоро била формирана во Југославија од страна на Комунистичката партија на Југославија. Повеќе од 300.000 луѓе загинале во Босна и Херцеговина во Втората светска војна. На крајот од војната, формирањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, со уставот од 1946 година, официјално ја направило Босна и Херцеговина една од шесте конститутивни републики во новата држава.

Поради својата централна географска положба во рамките на југословенската федерација, повоената Босна била избрана како основа за развој на воената одбранбена индустрија. Ова придонело за голема концентрација на оружје и воен персонал во Босна; значаен фактор во војната што следела по распадот на Југославија во 1990-тите. Сепак Босна во рамките на Југославија била просперитетна земја, со високо вработување, силна индустриска и извозно ориентирана економија, добар образовен систем и социјална и медицинска сигурност за секој граѓанин на СР Босна и Херцеговина. Неколку меѓународни корпорации работеле во Босна, како Фолксваген (фабрика за автомобили во Сараево, од 1972 година), Кока-Кола (од 1975 година), СКФ Шведска (од 1967), Марлборо (фабрика за тутун во Сараево) и хотелите Холидеј Ин. Сараево бил место каде се одржале Зимските олимписки игри во 1984 година.

Независност[уреди | уреди извор]

После смртта на Јосип Броз Тито во мај 1980 година, Претседателството на СФРЈ како и врховните органи на раководство, ни одблиску немало Титов авторитет како би ја извадиле земјата од криза. Во 90-тите години Југославија започнала да се распаѓа, и била вовлечена во неколку крвави војни.

Декларацијата за суверенитетот на Босна на 15 октомври 1991 година била проследена со Референдум за независност од Југославија на 29 февруари и 1 март 1992 година. Овој референдум бил бојкотиран од огромното српско мнозинство. Одѕивот на референдумот за независност бил 63,4%, а 99,7% од гласачите гласале за независност[34]. Прогласувањето на независноста на Босна и Херцеговина од страна на владата, било проследено со формирање на српско национално собрание од страна на Босанските Срби[35].

Како резултат на војната, во Босна и Херцеговина страдале 100.000 цивили и војници, а најголемо убиство после Втората светска војна во Европа е геноцидот во Сребреница. Војната во земјата завршила со потпишување на Дејтонскиот мировен договор, кој земјата ја поделил земјата на Република Српска и Федерација на БиХ (или Муслиманско Хрватската Федерација).

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Неум на краткото босанско крајбрежје.

Босна и Херцеговина се наоѓа во југоисточниот дел на Европа, на западниот дел од Балканот. Вкупната површина на земјата изнесува 51 129 км2. Таа граничи со Хрватска на север, северозапад и југ со вкупна должина на границата од 932 км, потоа со Србија на исток со вкупна должина на границата од 312 км и со Црна Гора на југоисток со вкупна должина на границата од 20 км.

Босна и Херцеговина излегува на Јадранското Море. Самата држава се состои од две географски и историски целини: Босна која се наоѓа на север со околу 42 000 км2, и Херцеговина на југ. Државата е мала планинска земја. Главен град на земјата е Сараево со околу 500 000 жители. Од поголемите градови се издвојуваат: Бања Лука, Тузла, Мостар, Бихаќ, и други.

Климата во БиХ е умереноконтинентална со топли лета и ладни зими. Подрачјата кои се наоѓаат на голема надморска височина имаат кратки жешки лета и долги студени зими. На југ кон приморјето можат да се појават благи врнежливи зими.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Карта на БиХ.

Босна и Херцеговина според своето државно уредување е единствена држава во светот. Нејзиното уредување е од републикански карактер, иако самата држава не функционира ниту пак се дефинира како република поради сложеноста на единиците на кои се дели (ентитети и кантони). Својата независност ја стекнува на 5 април 1992 година со кое на референдумот се усогласува да се одвои од СФРЈ од кои претходно веќе беа излегле Словенија, Хрватска и Македонија. Владата според тогашниот устав се составила на 14 декември 1995 година по потпишувањето на мировниот договор со кое и заврши војната во Босна.

Европскиот парламент избира висок претставник за БиХ. Моментален претставник е Мирослав Лајчак од Словачка. Претседателството на БиХ е тричлено тело кое колективно служи како шеф на државата на Босна и Херцеговина.[36]. Според член V од Уставот на Босна и Херцеговина, Претседателството се состои од три члена: еден Бошњак, еден Србин и еден Хрват.[37] Членовите на Бошњаците и Хрватите се избираат од заедничката изборна единица во Федерацијата на Босна и Херцеговина, додека српскиот член е избран од гласачи во Република Српска. Трите избрани членови имаат четиригодишен мандат. Слично на Руското претседателство, поединците можат да служат не повеќе од два последователни четиригодишни мандата, иако не постојат општи мандатни граници.

Парламентарното собрание е законодавствено тело на Босна и Херцеговина. Тоа се состои од два дома: Дом на народот и Претставнички дом.

Уставниот суд на БиХ е највисоката и крајна институција по правните прашања и брои девет членови од кои четири се бираат од страна на претставниците на Домот на федерацијата, два се бираат од Народното собрание на Република Српска а три од Европскиот суд за човекови права.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Административна поделба на БиХ.

Административната поделба на БиХ се случила со потпишувањето на Дејтонскиот договор со која БиХ е составена од две федерални единици: Федерација Босна и Херцеговина (со доминантно бошњачко-хрватско население) и Република Српска (со доминантно српско население). Двете единици ја делат скоро подеднакво територијата на БиХ. Сите три етнички заедници се уставни народи.

Двете федерални единици имаат свои влади, знаме и грб, претседател, парламент, полиција и политички систем. Полициите се набљудувани од федералното министерство за внатрешни работи. Границите помеѓу деловите се скоро по природен пат поради географската одлика на регионот.

Градот Брчко во североисточна БиХ е седиште на дистриктот Брчко, самоуправувачка административна единица под закрила на БиХ и е дел од двете и од Федерацијата БиХ и од Република Српска.

Понатаму, Федерацијата е поделена на кантони, додека Република Српска на општини.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот на населението во 2013 година, од вкупното население 50,11% се Бошњаци, 30,78% Срби и 15,43% Хрвати, и 2,73% останати.

Службени јазици во БиХ се босански јазик, српски јазик и хрватски јазик со нивните кирилични и латинични писма.

Религија[уреди | уреди извор]

Религија во Босна и Херцеговина
Муслимани
  
51 %
Православни
  
31 %
Римокатолици
  
15 %
Други
  
3 %
Католичка црква, џамија и православна црква во Босанска Крупа

Поради податоците дека 99% од Хрватите се католици, 95% од Србите се православни како и 95% Бошњаци се муслимани, преовладува фактот дека во БиХ има мешан религиозен систем. Во овој прилог важно е да се напомене дека постоењето на три религии има важно значење за развојот на земјата. Сараево е единствениот град по Ерусалим кој има православна црква, џамија, црква и синагога кои се оддалечени меѓусебно на околу 100 метри. Уставот на Босна и Херцеговина (БиХ) односно уставот на Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска ја обезбедува слободата на религијата преку Законот за верска слобода. Сепак во денешно време сѐ уште постојат определени општествени злоупотреби и дискриминација врз основа на религиозните определби. Дискриминацијата на религиозните малцинства опстојува во скоро сите делови на земјата. Во некои заедници локалните религиозни водачи и политичари придонеле за нетолеранција и зголемување на национализмот преку јавните изјави и проповеди. Голем број на бесправно изградени верски објекти продолжиле да предизвикуваат етнички и религиозни тензии и конфликти во различни заедници. Верски симболи често во земјата биле тема на злоупотреба за политички цели.

Најголемата религиозна омраза во денешна Босна и Херцеговина се случила во воениот конфликт во периодот од 1992 до 1995 година. Етничкото чистење за време на војната од 1992-1995 година предизвикала внатрешна миграција и бегалски струи. Зголемениот степен на омраза, кој кулминирал до 2002 година, започнал постепено да опаѓа, оставајќи го поголемиот дел од православните Срби да живеат во Република Српска и мнозинство од муслиманите и католиците во Федерацијата. Сепак, последните години започнало враќањето на раселените лица. Според некои примери, пред војната населението во источна Република Српска односно на градот Братунац се состоело од 64% Бошњаци. Во 1995 година населението станало речиси целосно Срби; во 2007 година, по враќањето на околу 6.500 Бошњаци, населението на бошњачките верници се зголемило на 38%.

Денес околу 51% од верниците во земјата се муслимани, 31 се православни христијани и 15% се католици[38]. Муслиманите главно се припадници на сунитскиот ислам[38].

Јазици[уреди | уреди извор]

Уставот на Босна не прецизира ниту еден службен јазик[39][40][41]. Меѓутоа, академиците Хилари Петит и Мајкл Кели забележуваат дека Дејтонскиот договор е направен на босански, хрватски, англиски и српски јазик и тие ова го опишале како де факто признавање на три службени јазици на државно ниво. Еднаквиот статус на босански, српски и хрватски бил потврден од страна на Уставниот суд во 2000 година[41]. Трите стандардни јазици се целосно заемно разбирливи и се познати колективно како српскохрватски, и покрај тоа што овој термин не е формално признаен во земјата. Употребата на еден од трите јазици станало маркер на етничкиот идентитет[41]. Мајкл Кели и Кетрин Бејкер тврдат: „Трите службени јазици на денешната босанска држава ... го претставуваат симболичкото тврдење на националниот идентитет над прагматизмот на меѓусебна разбирливост[42].

Според Европската повелба за регионални или малцински јазици од 1992 година, Босна и Херцеговина ги признава следниве јазици на малцинствата: албански, црногорски, чешки, италијански, унгарски, македонски, германски, полски, ромски, романски, руски, словачки, словенечки, турски, украински и еврејски (јидиш и ладино)[43]. Германското малцинство во Босна и Херцеговина се претежно Дунавски Шваби, кои се населиле во областа откако Хабсбуршката Монархија го окупирала Балканот од Отоманското Царство. Поради протерувањето и (принудната) асимилација по двете светски војни, бројот на етнички Германци во Босна и Херцеговина драстично се намалил[44].

Во попис од 2013 година, 52,86% од населението го сметаат својот мајчин јазик за босански, 30,76% српски, 14,6% хрватски и 1,57% друг јазик, а 0,21% не дале одговор.

Градови[уреди | уреди извор]

 
Најголеми градови во Босна и Херцеговина
попис 2013[45][46]
Бр. Управна единица Нас. Бр. Управна единица Нас.
Сараево
Сараево
Бања Лука
Бања Лука
1 Сараево Федерација БиХ 438 443 11 Зворник Република Српска 63 686 Тузла
Тузла
Зеница
Зеница
2 Бања Лука Република Српска 199 999 12 Живинице Федерација БиХ 61 201
3 Тузла Федерација БиХ 120 874 13 Бихаќ Федерација БиХ 61 186
4 Зеница Федерација БиХ 115 298 14 Травник Федерација БиХ 57 543
5 Бијељина Република Српска 114 663 15 Градишка Република Српска 56 727
6 Мостар Федерација БиХ 113 169 16 Грачаница Федерација БиХ 48 395
7 Приедор Република Српска 97 588 17 Сански Мост Федерација БиХ 47 359
8 Брчко Округ Брчко 93 028 18 Лукавац Федерација БиХ 46 731
9 Добој Република Српска 77 223 19 Тешањ Федерација БиХ 46 135
10 Цазин Федерација БиХ 69 411 20 Велика Кладуша Федерација БиХ 44 770

Стопанство[уреди | уреди извор]

Мостар, економски центар на Херцеговина.
Карта на Босна.

За време на Босанската војна, економијата претрпела 200 милијарди евра материјални штети[47]. Босна и Херцеговина се соочува со двоен проблем за реконструкција на земјата уништена од војната и воведување преодни либерални пазарни реформи на нејзината претходно мешана економија. Единствено наследство од претходната ера е силната индустрија; под поранешниот републички претседател Џемал Бедиќ и претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, во републиката биле промовирани метални индустрии, што резултирало со развој на голем дел од југословенските растенија. СР Босна и Херцеговина имала многу силна индустриска ориентирана економија во 1970-тите и 1980-тите, со голем обем на извоз во вредност од милиони американски долари.

За поголемиот дел од историјата на Босна, земјоделството се спроведува од приватни фарми. Свежа храна традиционално се извезува од републиката[48].

Војната во 1990-тите предизвикала драматична промена во босанската економија[49]. БДП се намалил за 60%, а уништувањето на физичката инфраструктура ја уништила економијата[50]. Голем дел од производствениот капацитет е нерешен, а босанската економија сè уште се соочува со значителни тешкотии. Бројките покажуваат дека БДП и приходот по глава на жител е зголемен за 10% од 2003 до 2004 година.

Националната валута на БиХ е конвертибилната марка со годишна просечна инфлација од 1,9%[51]. Во 2004 година БНП на БиХ бил 5%. Босна и Херцеговина покажала позитивен напредок во претходните години, што го подобрил нејзиниот ранг со најнизок приход на 14-то место од 193 нации[52].

Според податоците на Евростат, БДП по глава на жител на Босна и Херцеговина изнесувал 29% од просекот на ЕУ во 2010 година[53].

Директни странски инвестиции во БиХ (1999-2014):[54]

  • 1999: €166 милиони
  • 2000: €159 милиони
  • 2001: €133 милиони
  • 2002: €282 милиони
  • 2003: €338 милиони
  • 2004: €534 милиони
  • 2005: €421 милиони
  • 2006: €556 милиони
  • 2007: €1.329 милијарди
  • 2008: €684 милиони
  • 2009: €180 милиони
  • 2010: €307 милиони
  • 2011: €357 милиони
  • 2012: €273 милиони
  • 2013: €214 милиони
  • 2014: €419 милиони[55]

Најголеми инвеститори во БиХ (1994 - 2013):

  • Австрија (€1.329 милијарди)
  • Србија (€1.002 милијарди)
  • Хрватска (€733 милиони)
  • Словенија (€499 милиони)
  • Русија (€343 милиони)
  • Германија (€333 милиони)
  • Швајцарија (€273 милиони)
  • Холандија (€206 милиони)

Странски инвестиции по сектор (1994-2013):[56]

  • 32% производство
  • 22% банкарство
  • 15% телекомуникации
  • 11% трговија
  • 5% имот
  • 4% услуги
  • 11% други

Американската амбасада во Сараево, Босна и Херцеговина, го објавува годишниот извештај кој дава сеопфатен поглед на комерцијалното и економското опкружување во Босна и Херцеговина, користејќи економски, политички и пазарни анализи. Според некои проценки, сивата економија е 25,5% од БДП[57].

Во 2017 година, извозот се зголемиl за 17% во споредба со претходната година, во вкупна вредност од 5,65 милијарди евра[58]. Вкупниот обем на надворешна трговија во 2017 година изнесувал 14,97 милијарди евра и се зголемил за 14% во споредба со претходната година. Увозот на стоки се зголемил за 12% и изнесувал 9,32 милијарди евра. Покриеноста на увозот со извоз се зголемил за 3% во споредба со претходната година и бил 61 процент. Во 2017 година, Босна и Херцеговина претежно извезувала седишта за автомобили, електрична енергија, преработки од дрво, алуминиум и мебел. Во истата година, претежно увезувала сурова нафта, автомобили, моторно масло, јаглен и брикети[59].

Стапката на невработеност во 2017 година изнесувала 20,5%, но Виенскиот институт за меѓународни економски студии предвидува намалување на стапката на невработеност во следните неколку години. Во 2018 година, невработеноста требало да изнесува 19,4% и понатаму треба да падне на 18,8% во 2019 година. Во 2020 година стапката на невработеност треба да се намали на 18,3%, според истиот извор на предвидување[60].

На 31 декември 2017 година, Советот на министри на Босна и Херцеговина го издал извештајот за јавниот долг на Босна и Херцеговина, наведувајќи дека јавниот долг е намален за 389,97 милиони евра или за повеќе од 6% во споредба со 31 декември 2016 година. на крајот од 2017 година, јавниот долг изнесувал 5,92 милијарди евра, или 35,6 отсто од БДП[61].

Почнувајќи од 31 декември 2017 година, во земјата имало 32.292 регистрирани компании, кои заедно имале приходи од 33.572 милијарди евра истата година[62].

Во 2017 година, земјата добила 397,35 милиони евра странски директни инвестиции, што е еднакво на 2,5% од БДП[63].

Во 2017 година, Босна и Херцеговина е рангирана на трето место во светот во однос на бројот на нови работни места создадени од странски инвестиции, во однос на бројот на жители[64][65].

Во 2018 година, Босна и Херцеговина извезла стоки во вредност од 11,9 милијарди КМ (6,07 милијарди евра), што е за 7,43% повеќе од истиот период во 2017 година, додека увозот изнесувал 19,27 милијарди КМ (9,83 милијарди евра), што е за 5,47% повисоко[66].

Просечната цена на новите станови што се продаваат во земјата во првите 6 месеци од 2018 година изнесувала 886,31 евра по квадратен метар. Ова претставува скок од 3,5% од претходната година[67].

На 30 јуни 2018 година, јавниот долг на Босна и Херцеговина изнесувал околу 6,04 милијарди евра, од кои надворешниот долг бил 70,56 проценти, додека внатрешниот долг 29,4 проценти од вкупната јавна задолженост. Учеството на јавниот долг во бруто-домашниот производ е 34,92 проценти[68].

Во првите 7 месеци од 2018 година, 811.660 туристи ја посетиле земјата, со скок од 12,2% во споредба со првите 7 месеци од 2017 година[69].

Во првите 11 месеци од 2018 година, 1.378.542 туристи ја посетиле Босна и Херцеговина, што претставува зголемување од 12,6%, а имало 2.871.004 престој во хотели, што претставува зголемување од 13,8% во однос на претходната година. Исто така, 71,8% од туристите доаѓаат од странски земји[70].

Во 2018 година, 99,5 проценти од претпријатијата во Босна и Херцеговина користеле компјутери во својот бизнис, додека 99,3 проценти имале интернет врски, според истражувањето спроведено од Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина[71].

Во 2018 година, Босна и Херцеговина добила 800 милиони КМ (409,18 милиони евра) директни странски инвестиции[72].

Во 2018 година, Централната банка на Босна и Херцеговина остварила добивка од 8.430.875 км (4.306.347 евра)[73].

Светската банка предвидува дека економијата ќе се зголеми за 3,4% во 2019 година[74].

Босна и Херцеговина била ставена на 83. место на Индексот на економска слобода за 2019 година. Вкупниот рејтинг за Босна и Херцеговина изнесувал 61.9. Оваа позиција претставува одреден напредок во однос на 91-то место во 2018 година. Овој резултат е под регионално ниво, но сепак над глобалниот просек, со што Босна и Херцеговина е умерено слободна земја[75].

На 31 јануари 2019 година, вкупните депозити во босанските банки изнесувале 21,9 милијарди КМ (11,20 милијарди евра), што претставува 61,15% од номиналниот БДП[76].

Во првите два месеца од 2019 година, 141.114 туристи ја посетиле земјата, со скок од 9,8% од претходната година[77].

Во првиот квартал од 2019 година просечната цена на новите станови што се продаваат во Босна и Херцеговина изнесувала 1.641 км (838 евра) за метар квадратен[78].

Во првите шест месеци од 2019 година, извозот изнесувал 5,829 милијарди КМ (2,98 милијарди евра), што е за 0,1% помалку во однос на истиот период од 2018 година, додека увозот изнесувал 9,779 милијарди КМ (5 милијарди евра), што е за 4,5 % повеќе отколку во истиот период од претходната година[79].

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Аеродромот во Сараево
Воз на патување од Сараево до Мостар преку Неретва

Меѓународниот аеродром во Сараево, исто така познат како аеродром Бутмир, е главниот меѓународен аеродром во Босна и Херцеговина, сместен 6,1 километри југозападно од главната железничка станица во Сараевоref name="AIP">„EAD Basic – Error Page“. eurocontrol.int. Архивирано од изворникот на 23 август 2014. Посетено на 12 февруари 2016.</ref> во градот Сараево, предградието Бутмир.

Железничките операции во Босна и Херцеговина се наследници на Југословенските железници во рамките на државните граници по независноста од поранешна Југославија во 1992 година.

Комуникации[уреди | уреди извор]

Босанскиот пазар за комуникации бил целосно либерализиран во јануари 2006 година. Постојат три фиксни телефонски провајдериref>„Bosnia–Herzegovina – Telecoms Market Overview & Statistics Report Covers the Regulatory Environment, Major Players and Market Developments“. Businesswire.com. 8 октомври 2008. Архивирано од изворникот на 4 мај 2009. Посетено на 3 јануари 2009.</ref> со обезбедување на 3Г мрежа.

Oslobođenje (Ослободување), основано во 1943 година, е еден од најстарите весници во земјата што сè уште постојат. Има многу национални весници и списанија, како Дневни Глас, основан во 1995 година и Јутарњи Новине во Сараево[80]. Други локални периодични изданија ги вклучуваат хрватскиот весник Хрватска реч и босанското списание Старт, како и неделните весници Слободна Босна и Босански Дани'. Нови Пламен, месечно списание, е најлевс ориентирана публикација. Меѓународната новинска станица Ал Џезира одржува сестрински канал кој се грижи за балканскиот регион, Ал Џезира Балкан, кој емитува и надвор од земјата а нејзиното седиште е во Сараево[81]. Од 2014 година, платформата N1 започнала со емитување како подружница на CNN International и има седиште во Сараево, Загреб и Белград[82].

Дополнително, земјата е најлиберална во однос на слободата на печатот во регионот, која се рангира на 43. место на меѓународно ниво[83].

Од декември 2017 година, во земјата имало 3,064,072 интернет корисници или 86,77% од целото население[84].

Туризам[уреди | уреди извор]

Според проекциите на Светската туристичка организација, Босна и Херцеговина ќе има трета највисока стапка на раст на туризмот во светот помеѓу 1995 и 2020 година[85].

Во 2018 година, 1.465.412 туристи ја посетиле Босна и Херцеговина, што претставува зголемување од 12,1% и имало 3.040.190 преноќувања по хотели, што претставува зголемување од 13,5% во однос на претходната година. Исто така, 71,2% од туристите доаѓаат од странство[86].

Во 2017 година, 1.307.319 туристи ја посетиле Босна и Херцеговина, што претставува зголемување од 13,7% и имало 2.677.125 преноќувања во хотели, зголемување за 12.3% од претходната година. 71,5% од туристите биле од странство[87].

Во 2006 година, кога ги рангирал најдобрите градови во светот, Lonely Planet го ставил Сараево, главниот град и домаќин на Зимските олимписки игри 1984 на 43 место[88]. Туризмот во Сараево главно се фокусира на историски, верски и културни аспекти. Во 2010 година, Best In Travel на Lonely Planet го номинирал како еден од првите десет градови што треба да се посетат таа година[89]. Сараево, исто така, победил на еден блог како Најдобриот град за посета на Фокномад во 2012 година, победувајќи повеќе од сто други градови низ целиот свет[90].

Меѓугорје станало едно од најпопуларните места за поклонение за христијаните во светот и се претворило во трето најважно религиозно место во Европа, каде што секоја година го посетуваат повеќе од еден милион луѓе[91]. Се проценува дека 30 милиони верници досега го посетиле местото од 1981 година[92].

Босна, исто така, станала популарно одредиште за скијање и екотуризам. Босна и Херцеговина останува еден од последните неоткриени природни региони во јужниот дел на Алпите, со огромни видови на дива и недопрена природа која е привлечна за авантуристи и љубители на природата. Списанието National Geographic ја именувала Босна и Херцеговина како најдобро планинско одредиште за планински велосипедизам за 2012 година[93]. Централните босански Динариди се фаворизирани од планинари, кои содржат и средоземни и алпски клими.

Следува список на најголемите туристички атракции во земјата:

Образование[уреди | уреди извор]

Универзитет Сараево

Високото образование има долга и богата традиција во Босна и Херцеговина. Високото образование има долга и богата традиција во Сараево. Првата институција која може да се класифицира како високо образовна институција е училиште за суфи-филозофија формирана од Гази Хусрев-бег во 1531 година. Бројни други верски училишта биле основани со текот на времето. Во 1887 година, под австроунгарска власт бил основан Правен факултет на шеријатот[94]. Во 1940 година на Универзитетот во Сараево станал првиот секуларен институт во градот со високо образование, изграден врз средновековната висока школа Сарајбосна Ханика во 1531 година[95] . Во 1950 година биле воведени и пост-дипломски студии. Силно оштетен за време на војната, неодамна бил повторно изграден во партнерство со повеќе од 40 други универзитети. Постојат различни високообразовни институции, меѓу кои: Универзитетот Џемал Бедиќ од Мостар, Универзитетот во Бања Лука, Универзитетот во Мостар, Универзитетот во Источно Сараево, Универзитетот во Тузла, Американскиот универзитет во Босна и Херцеговина и Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, која во голема мера се одржува како една од најпрестижните академии за креативни уметности во регионот.

Исто така, Босна и Херцеговина е дом на неколку приватни и меѓународни високообразовни институции, од кои некои се:

  • Факултет за наука и технологија во Сараево
  • Меѓународен универзитет во Сараево
  • Американскиот универзитет во Босна и Херцеговина
  • Сараевски факултет за бизнис
  • Меѓународниот универзитет Бурч

Основното образование трае девет години. Средното образование го обезбедуваат општите и техничките средни училишта (обично гимназиите), каде што студиите обично траат четири години. Сите форми на средно образование вклучуваат елементи на стручна обука. Учениците кои завршуваат средно образование добиваат матура и можат да се запишат во било која високообразовна установа или академија со полагање на квалификациско испитување пропишано од страна на раководното тело или институција. Студентите кои дипломираат технички предмети добиваат диплома.

Култура[уреди | уреди извор]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Национална Библиотека на Босна и Херцеговина.

Архитектурата на БиХ била под влијание на четири различни временски периоди. Различните социјални и политички услови создале специфичен начин на живеење во БиХ. Поради големите влијанија низ историјата, архитектурата во БиХ е разликовидна.

Медија[уреди | уреди извор]

Некои телевизии, списанија и весници во Босна и Херцеговина се во државна сопственост, а некои се непрофитни корпорации финансирани од рекламирање, претплата и други приходи поврзани со продажба. Уставот на Босна и Херцеговина гарантира слобода на говорот.

Како земја во транзиција со повоена наследство и сложена домашна политичка структура медиумскиот систем на Босна и Херцеговина е под трансформација. Во раниот повоеен период (1995-2005), развојот на медиумите бил воден главно од меѓународни дарители и агенции за соработка, кои инвестирале да помогнат во реконструкција, диверзификација, демократизација и професионализација на медиумите[96][97].

Повоените случувања вклучувале воспоставување на независна регулаторна агенција за комуникација, усвојување на Кодекс за печат, формирање на Совет за печат, декриминализација на етикетата и клеветата, воведување на прилично напреден закон за слободен пристап до информации и создавање на систем на јавни радиодифузни сервиси од поранешниот државен радиодифузер. Сепак, домашните елити често ги попречувале позитивните случувања на меѓународно ниво, а професионализацијата на медиумите и новинарите продолжувало бавно. Високите нивоа на партизанство и врски помеѓу медиумите и политичките системи го попречуваат придржувањето кон професионалниот кодекс на спроведување.

Литература[уреди | уреди извор]

Босна и Херцеговина има богата литература, меѓу кои и добитник на Нобеловата награда Иво Андриќ и поети како што се Хрватот Антун Бранко Шимиќ, Алекса Шантиќ, Јован Дучиќ и Мак Диздар, писатели како Златко Топчиќ, Меша Селимовиќ, Семездин Мехмединовиќ, Миленко Јерговиќ, Исак Самоковлија, Сафвет Багаџиќ, Абдулах Сидран, Петар Кочиќ, Александар Хемон и Неџад Ибришимовиќ. Националниот театар е основан во 1919 година во Сараево, а неговиот прв режисер бил драматургот Бранислав Нушиќ.

Музика[уреди | уреди извор]

Сараево во минатото претставувал една од најважните музички енклави во регионот. Сараевското училиште за поп-рок-музика било развиено во градот помеѓу 1961 и 1991 година. Овој тип на музика започнал со бендови како Индекси, Про арте, и пејачот и текстописец Кемал Монтено. Во 1980-тите години во градот се појавиле музичките групи како Плави Оркестар, Црвена Јабука и Дивље Јагоде. Една од најпопуларните и највлијателните рок групи во Југославија, Бијело дугме исто така била основана во Сараево. Други позначајни музички групи се Забранјено пушење, Бомбај штампа итн. Најпознати пејачи по потекло од градот се Дино Мерлин, Хари Мата Хари, Кемал Монтено, Жељко Бебек. Композитори и музичари како Химзо Половина, Сафет Исовиќ, Заим Имамовиќ, Зехра Деовиќ, Халид Бешлиќ, Ханка Палдум, Нада Мамула своите почетоци од музичката кариера ги имале во градот.

Театар и кино[уреди | уреди извор]

Сараево е меѓународно признат по својот еклектичен и разновиден избор на фестивали. Сараевскиот филмски фестивал е основан во 1995 година за време на Босанската војна и станал најголем филмски фестивал на Балканот и Југоисточна Европа.

Босна има богато кинематографско и филмско наследство, кое датира од Кралство Југославија; многу босански режисери постигнале меѓународна важност, а некои добиле и меѓународни награди. Некои познати босански сценаристи, режисери и продуценти се Данис Тановиќ (познат по наградата Оскар и наградата Златен глобус од 2001 година, Емир Кустурица кој освоил две награди на фестивалот во Кан, Јасмила Жбаниќ (освоила Златна мечка), Златко Топчиќ, Адемир Кеновиќ, Дино Мустафиќ, Ахмед Имамовиќ.

Кујна[уреди | уреди извор]

Босански лонец

Босанскохерцеговска кујна е блиску поврзана со турската, грчката и други средоземни кујни, како и со соседните кујни на Србија, Хрватска, итн. Храната во Босна и Херцеговина се подготвува со многу разновидни зачини, но обично во мали количини. Поголемиот дел од храната е лесна бидејќи се готви во мали количини вода. Сосовите се потполно природни, пошто главно ги сочинуваат природни сокови од зеленчук.

Типични состојки на јадењата на босанскохерцеговската кујна се домат, компир, кромид, лук, пиперка, краставица, морков, зелка, печурки, спанаќ, тиквички, сушен и свеж грав, мелен пипер, млеко и павлака. Јадења од меса се од говедско, јагнешко, свинско, итн. Регионот Херцеговина е погоден за одгледување винова лоза и производство на вино, додека во Босна ракијата се добива од сливи и јаболка. Кафето се пие од филџан, а локумот е сè помалку присутен.

Спорт[уреди | уреди извор]

Босна како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Извишил се сиви сокол над Босна“ - македонска народна песна.[98]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. name=web|url=http://www.popis2013.ba/popis2013/doc/Popis2013prvoIzdanje.pdf Архивирано на 24 декември 2017 г.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Bosnia and Herzegovina“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  3. „Distribution of family income – Gini index“. The World Factbook. CIA. Архивирано од изворникот на 2014-06-25. Посетено на 14 декември 2015.
  4. „Human Development Report 2011“ (PDF). United Nations. 2011. Посетено на 29 ноември 2011.
  5. „About the Sarajevo Film Festival“. Sarajevo Film Festival Official Website. Архивирано од изворникот на 4 November 2012.
  6. „Inside Film's Guide to Film Festivals“. Inside Film. Архивирано од изворникот на 15 јануари 2016. Посетено на 12 февруари 2016.
  7. „Human Development Indices and Indicators: 2018 Statistical Update“ (PDF). UNDP. Архивирано од изворникот (PDF) на 22 март 2017. Посетено на 16 септември 2018.
  8. „List of Member States of the Union for the Mediterranean - UfM“. Архивирано од изворникот на 12 мај 2018. Посетено на 5 мај 2018.
  9. „Membership Action Plan (MAP)“. nato.int. NATO. Архивирано од изворникот на 18 April 2015. Посетено на 6 April 2015. In April 2010, NATO Foreign Ministers at their meeting in Tallinn, reviewed progress in Bosnia and Herzegovina's reform efforts and invited the country to join the Membership Action Plan.
  10. Constantine VIIPorphyrogenitus (1993). За управувањето со царството (Moravcsik, Gyula. изд.). Washington D.C.: Dumbarton Oaks Center for Byzantine Studies. стр. 153–55.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Malcolm 2002.
  12. William Miller (1921). Essays on the Latin Orient. Cambridge. стр. 464.
  13. Fine 1994, стр. 578.
  14. Светониј, Тибериј 16,17
  15. Miller, Norma. Tacitus: Annals I, 2002, ISBN 1-85399-358-1. It had originally been joined to Illyricum, but after the great Illyrian/Pannonian revolt of AD 6 it was made a separate province with its own governor
  16. Stipčević, Aleksandar, The Illyrians: History and Culture, 1974, Noyess Press
  17. 17,0 17,1 Robert J. Donia; John VA Fine (1994). Bosnia and Hercegovina: A Tradition Betrayed. Columbia University Press. стр. 14–16.
  18. Hupchick, Dennis P. The Balkans from Constantinople to Communism, pp. 28–30. Palgrave Macmillan (2004)
  19. Fine 1991, стр. 53.
  20. Heather, Peter (2010). Empires and Barbarians: The Fall of Rome and the Birth of Europe. Oxford University Press. стр. 404–406. Архивирано од изворникот на 20 август 2016.
  21. Basic 2009, стр. 123.
  22. Paul Mojzes. Religion and the war in Bosnia. Oxford University Press, 2000, p 22; "Medieval Bosnia was founded as an independent state (Banate) by Ban Kulin (1180–1204).".
  23. Fine 1994, стр. 44, 148.
  24. Richard C. Frucht (2005). Eastern Europe: An Introduction to the People, Lands, and Culture. ABC-CLIO. стр. 627–. ISBN 978-1-57607-800-6.
  25. Fine 1994, стр. 384.
  26. Singleton, Frederick Bernard (1985). A Short History of the Yugoslav Peoples. Cambridge University Press. стр. 20. ISBN 0-521-27485-0.
  27. Oršolić & June 2000, стр. 289-291.
  28. Zovko 2007, стр. 25.
  29. Zovko 2007, стр. 26.
  30. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Riedlmayer.
  31. Danijela Nadj. „An International Symposium "Southeastern Europe 1918–1995". Hic.hr. Архивирано од изворникот на 22 август 2006. Посетено на 14 јуни 2006.
  32. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Imamović, Mustafa 1996.
  33. „Ustaša“. Britannica OnlineEncyclopedia. Britannica.com. Посетено на 28 April 2010.
  34. „The Referendum on Independence in Bosnia-Herzegovina: February 29 – March 1, 1992“. Commission on Security and Cooperation in Europe. 1992. стр. 19. Архивирано од изворникот на 22 мај 2011. Посетено на 28 декември 2009.
  35. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Reneo.
  36. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-08-07. Посетено на 2019-07-26.
  37. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2021-03-28. Посетено на 2019-07-26.
  38. 38,0 38,1 „The World's Muslims: Unity and Diversity“ (PDF). Pew Research Center. 2012. стр. 30. Архивирано од изворникот (PDF) на 26 јануари 2017. Посетено на 7 април 2016.
  39. Faingold, Eduardo D. (2004). „Language rights and language justice in the constitutions of the world“. Language Problems & Language Planning. 28 (1): 11–24. doi:10.1075/lplp.28.1.03fai.
  40. Sadurski, Wojciech (2005). Rights Before Courts: A Study of Constitutional Courts in Postcommunist States of Central and Eastern Europe. Springer. стр. 342. ISBN 1402030061.
  41. 41,0 41,1 41,2 Footitt, Hilary; Kelly, Michael (2012). Languages at War: Policies and Practices of Language Contacts in Conflict. Basingstoke: Palgrave Macmillan. стр. 111–120. ISBN 0230368778.
  42. Kelly, Michael; Baker, Catherine (2013). Interpreting the Peace: Peace Operations, Conflict and Language in Bosnia–Herzegovina. Basingstoke: Palgrave Macmillan. стр. 10. ISBN 1137029838.
  43. „Reservations and Declarations for Treaty No.148 – European Charter for Regional or Minority Languages“. Council of Europe. Council of Europe. Архивирано од изворникот на 8 декември 2015. Посетено на 25 април 2017.
  44. Arbeitsgemeinschaft Deutscher Minderheiten. „Deutsche Minderheit in Bosnien-Herzegowina – German minority in Bosnia and Herzegovina“. fuen.org. Архивирано од изворникот на 25 September 2015.
  45. „Прелиминарни резултати на Пописот на население, домаќинства и станови 2013 во Босна и Херцеговина“ (PDF). Агенција за статистика на Босна и Херцеговина. 5 ноември 2013.
  46. Preliminarni Rezultati Popis 2013 rzs.rs.ba
  47. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 22 март 2019. Посетено на 22 март 2019.
  48. Ciric, Aleksandar. „A Divided Bosnia, January 29, 1996“. Архивирано од изворникот на 5 септември 2013. Посетено на 12 февруари 2016.
  49. Daclon, Corrado Maria (1997). Bosnia. Maggioli. Italy
  50. „Post-conflict Bosnia and Herzegovina – Martha Walsh – Employment Sector“. ILO. Архивирано од изворникот на 7 септември 2008. Посетено на 5 мај 2009.
  51. World Factbook. Central Intelligence Agency.
  52. „Table 15: Inequality in income or expenditure“ (PDF). Human Development Report 2006. United Nations Development Programme. 2006. стр. 335. Архивирано од изворникот (PDF) на 6 December 2006. Посетено на 9 January 2007.
  53. „GDP per capita in PPS“. Eurostat. Архивирано од изворникот на 8 јануари 2012. Посетено на 1 октомври 2011.
  54. „Direct foreign investments“. Архивирано од изворникот на 21 јануари 2015. Посетено на 21 јануари 2015.
  55. „Direct foreign investments 2014“. Архивирано од изворникот на 10 април 2015. Посетено на 9 април 2015.
  56. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Lemo.
  57. „Siva ekonomija čini 25 posto BDP-a BiH“. Архивирано од изворникот на 1 јуни 2018. Посетено на 24 мај 2018.
  58. „BiH povećala izvoz u 2017. godini: Evo koje države najviše uvoze naše proizvode - Kameleon M&M“. radiokameleon.ba. Архивирано од изворникот на 17 февруари 2018. Посетено на 17 февруари 2018.
  59. „Izvoz u prošloj godini premašio 11 milijardi KM i povećan za 17 posto“. Архивирано од изворникот на 31 март 2018. Посетено на 31 март 2018.
  60. „Nezaposlenost prvi put ide ispod 20 posto - Biznis Info“. 15 март 2018. Архивирано од изворникот на 17 март 2018. Посетено на 16 март 2018.
  61. „Javni dug BiH prošle godine smanjen za 744,59 miliona KM“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2018. Посетено на 5 мај 2018.
  62. „Više od 30.000 bh. kompanija ostvarilo ukupni prihod od 65 milijardi KM“. Архивирано од изворникот на 2 јули 2018. Посетено на 2 јули 2018.
  63. „U 2017. u BiH investirano 777,7 miliona KM - Biznis Info“. 9 август 2018. Архивирано од изворникот на 10 август 2018. Посетено на 10 август 2018.
  64. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 10 април 2019. Посетено на 11 септември 2018.
  65. „Američki IBM: BiH treća u svijetu po stranim investicijama, prema broju stanovnika - Biznis Info“. 6 септември 2018. Архивирано од изворникот на 11 септември 2018. Посетено на 11 септември 2018.
  66. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 23 март 2019. Посетено на 23 март 2019.
  67. „Prosječna cijena prodatih novih stanova u BiH 1.639 KM“. Архивирано од изворникот на 23 август 2018. Посетено на 22 август 2018.
  68. „Javni dug BiH oko 11,8 milijardi KM“. www.6yka.com. Архивирано од изворникот на 6 ноември 2018. Посетено на 6 ноември 2018.
  69. „U sedam mjeseci BiH posjetilo više od 800.000 turista - Biznis Info“. 10 септември 2018. Архивирано од изворникот на 11 септември 2018. Посетено на 11 септември 2018.
  70. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 19 јануари 2019. Посетено на 18 јануари 2019.
  71. https://www.klix.ba/biznis/racunar-u-poslovanju-koristi-99-5-posto-firmi-u-bih-a-internet-99-3-posto/190308135
  72. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2 април 2019. Посетено на 2 април 2019.
  73. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 8 април 2019. Посетено на 9 април 2019.
  74. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 10 јануари 2019. Посетено на 10 јануари 2019.
  75. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 30 јануари 2019. Посетено на 30 јануари 2019.
  76. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 26 март 2019. Посетено на 26 март 2019.
  77. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 10 април 2019. Посетено на 9 април 2019.
  78. https://www.klix.ba/biznis/prosjecna-cijena-prodatih-novih-stanova-u-bih-1-641-km-po-kvadratu/190520073
  79. https://www.biznisinfo.ba/smanjen-izvoz-iz-bih-u-prvoj-polovini-2019/
  80. Udovicic, Radenko (3 May 2002). What is Happening with the Oldest Bosnian-Herzegovinian Daily: Oslobođenje to be sold for 4.7 Million Marks Архивирано на 27 февруари 2012 г. Mediaonline.ba: Southeast European Media Journal.
  81. „Al Jazeera Launches Its Balkans Broadcast Centre“. The Guardian. London. 11 ноември 2011. Архивирано од изворникот на 26 јануари 2017. Посетено на 14 декември 2016.
  82. Vučićević, Bojan. „Growing Influence of Global Media in Balkans“. Media Center Sarajevo. Архивирано од изворникот на 23 април 2018. Посетено на 22 април 2018.
  83. „Press Freedom Index“. Reporters Without Borders. Архивирано од изворникот на 21 ноември 2011. Посетено на 12 февруари 2016.
  84. „U BiH tokom 2017. registrovano više od 3 miliona korisnika interneta“. Архивирано од изворникот на 19 април 2018. Посетено на 19 април 2018.
  85. Bosnia's newfound tourism Архивирано на 24 декември 2007 г., Reuters; accessed 31 March 2018.
  86. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 23 март 2019. Посетено на 23 март 2019.
  87. „BiH: U 2017. ostvareno 1,3 miliona turističkih posjeta i 2,6 miliona noćenja“. Архивирано од изворникот на 17 февруари 2018. Посетено на 17 февруари 2018.
  88. „Lonely Planet: Sarajevo 43th [sic] Best City in the World“. Bosnia Travel. Архивирано од изворникот на 23 February 2007.
  89. „Press Centre & Lonely Planet Reveals Its Best Destinations, Journeys & Experiences for 2010“. Lonely Planet. 2 ноември 2009. Архивирано од изворникот на 6 ноември 2010. Посетено на 4 јануари 2011.
  90. Polat, Anil (27 март 2012). „The Best City To Visit Travel Tournament 2012: Championship“. Foxnomad. Архивирано од изворникот на 30 март 2012. Посетено на 30 март 2012.
  91. RomeReports: Visionaries of Medjugorje may appear before the Vatican Архивирано на 5 мај 2013 г.; retrieved 26 February 2011.
  92. Vatican Probes Claims of Apparitions at Medugorje Архивирано на 25 април 2010 г., Reuters.com; retrieved 17 March 2010.
  93. [1] Архивирано на 24 април 2012 г.,
  94. University of Sarajevo Архивирано на 10 септември 2015 г. on Sarajevo official web site
  95. History of University of Sarajevo Архивирано на 4 декември 2008 г.
  96. Hozić, 2008; Thompson & De Luce, 2002; Kurspahić, 2003; Jusić, 2006
  97. Tarik Jusić, "Bosnia and Herzegovina Архивирано на 4 март 2016 г.", EJC Media Landscapes
  98. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 7.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]