Буна (река)
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Буна | |
Реката Буна |
|
| Извор | Врело Буне близу Благај |
|---|---|
| Устие | Неретва близу селото Буна |
| Земји во сливот | Босна и Херцеговина |
| Должина | 9 км |
| Сливно подрачје | Неретва |
Буна е река во Босна и Херцеговина, лева притока на Неретва, во која се влева околу 15 km низводно од Мостар. Долга е 9 km. Продолжува од карстни извори Бунице, кои се наоѓаат под стрмните делови на варовничката област на Рудин и од изворите под варовничките делови во Благај. Богата е со вода 39 m³/s. Најголем водостој има во ноември, а најнизок во јули и август. На Буна се наоѓаат мрестилишта на рибите од видот пастрмка. Околината е погодна за земјоделство, особено овошје, зеленчук и винова лоза. На самиот извор кој се избива од длабоките пештери во Благај се наоѓаат стари дервишки текии кои уште во 1664 година ги поминал патописецот Евлија Челебија.
Галерија [уреди]
-
Уништен храм на Српската православна црква покрај Буна
Види још [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Буна (река)“ |