Мирослав Лајчак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мирослав Лајчак
Miroslav Lajčák
Претседател на Генералното собрание на Обединетите нации
На должноста
12 септември 2017 – 19 септември 2018
Претходник Питер Томсон
Наследник Марија Фернанда Еспиноса
9-ти и 11-ти Министер за надворешни работи
На должноста
4 април 2012 – 20 март 2020
Премиер Роберт Фицо
Петер Пелегрини
Претходник Микулаш Ѕуринда
Наследник Иван Корчок
На должноста
26 јануари 2009 – 8 јули 2010
Премиер Роберт Фицо
Претходник Јан Кубиш
Наследник Микулаш Ѕуринда
Претседател на Организацијата за безбедност и соработка во Европа
На должноста
1 јануари 2019 – 1 јануари 2020
Претходник Енцо Моаверо Миланези
Наследник Еди Рама
6-ти Висок претставник за Босна и Херцеговина
На должноста
1 јули 2007 – 28 февруари 2009
Претходник Кристијан Шварц-Шилинг
Наследник Валентин Инцко
3. Специјален претставник на Европската Унија за Босна и Херцеговина
На должноста
1 јули 2007 – 28 февруари 2009
Претходник Кристијан Шварц-Шилинг
Наследник Валентин Инцко
Лични податоци
Роден(а) 20 март 1963(1963-03-20)(61 г.)
Попрад, Чехословачка
(денес Словачка)
Партија Комунистичка партија (1983-1990)
Насока – Социјалдемократија (без членство)
Сопружник Јармила Харгашова
Деца 2
Установа Универзитет Коменски
Московски државен институт за меѓународни односи

Мирослав Лајчак (словачки: Miroslav Lajčák; (Попрад, 20 март 1963) – словачки политичар и дипломат.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирал право на универзитетот Коменски во Братислава. Студирал меѓународни односи на Државниот институт за меѓународно право во Москва. Студирал и на Европскиот центар „Џорџ Маршал“ за студии за безбедност во Гармиш-Партенкирхен во Германија.[1]

Лајчак течно зборува англиски, германски, руски, бугарски, како и српски / хрватски / босански јазик.[2]

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Бил соработник на чехословачкото Министерство за надворешни работи од 1988 година. Помеѓу 1991 и 1993 година, Лајчак бил амбасадор на Чехословачка и Словачка. Бил словачки амбасадор во Јапонија меѓу 1994 и 1998 година.[2] Помеѓу 1993 и 1994 година, бил шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи Јозеф Моравчик. Бил негов шеф на кабинетот и кога Моравчик станал премиер на Словачка.

Од 1999 до 2001 година, бил асистент на Едуарад Кукан, специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за Балканскиот Полуостров. Помеѓу 2001 и 2005 година, Лајчак бил амбасадор во СР Југославија, Албанија и Република Македонија.[2] Во 2006 година бил назначен за пратеник на Европската Унија за спроведување на Референдумот за независност Црна Гора.

Од 30 јуни 2007 бил на функцијата висок претставник за Босна и Херцеговина, каде го заменил Кристијан Шварц-Шилинг. На 16 декември 2007 година бил избран за „Личност на годината“ при изборот на дневниот весник „Независне новине“, а две недели подоцна, на 28 декември, ја добил истата титула во изборот на „Дневни аваз“.[2]

На 26 јануари 2009 година, Лајчак станал министер за надворешни работи на Словачка. На таа позиција останал сè до 9 јули 2010 година. Во декември истата година, европската служба за надворешни работи го назначила за директор за Русија, Истокот и Западен Балкан.

Од 4 април 2012 година во владата на Роберт Фицо ги извршувал функциите заменик премиер и министер за надворешни работи на Република Словачка.

Од 12.09.2017 до 19.09.2018 година, Мирослав Лајчак бил претседател на Генералното собрание на Обединетите нации.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мирослав Лајчак“ (ск). Официјално мрежно место на владата на Република Словачка. Посетено на 5. 9. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Министер за надворешни работи-наш Русин“ (PDF). Русин Инфо. Посетено на 5. 9. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]