Прејди на содржината

Општина Брвеница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Брвеница


Знаме на Општина Брвеница Грб на Општина Брвеница
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Брвеница
Регион Предлошка:Грбови
Површина 164,3 км2
Основана 2004
Службен јазик македонски и албански
Демографија
Население 15.855 жит.
- проценка од 31 декември 2016 16.590 жит.
Густина 96,50 жит./км2
Населени места
Народности Македонци и Албанци
Самоуправа
Градоначалник Енвер Пајазити
Совет 15 члена
Контактни податоци
Седиште Маршал Тито б.б. 1216, Брвеница, Тетово.
Телефон 044 456-005
Факс 044 456-015
Карта на општина Брвеница со селските атари.
Демографска карта на општина Брвеница со селските атари.

Општина Брвеницаопштина во северозападна Македонија. Центар на општината е селото Брвеница. Опшината опстојува како посебна од 1996 и опфаќа 10 села покрај Сува Гора. Населението на општината е воглавно македонско и албанско.

Географиja

Општината е формирана во 1996 година со Законот за територијална организација на Република Македонија. Пред 1996 година, територијата на општина Брвеница беше составен дел од општина Тетово. Брвеница е рурална општина и граничи со општините: Тетово, Боговиње, Желино, Гостивар, Врапчиште и Македонски Брод. Низ општината поминува реката Вардар. Покрај реката Вардар, значајни географски форми во општината се Полошката Котлина и планината Сува Гора, која се протега низ целата општина. Во рамките на општината е и дел од езерото Козјак.

Брвеница спаѓа во руралните општини и опфаќа 10 населени места, организирани во 11 месни заедници и тоа: Брвеница, Долно Седларце, Горни и Долни Челопек, Милетино, Радиовце, Блаце, Стенче, Волковија, Теново и Гургурница. Шест од овие месни заедници се рамничарски, четири ридски и едно планинско.

На подрачјето на општината во периодот од формирањето на општината, поточно од 1997 годна со финансиска помош на државата и невладини организаци е изграден водовод во следните населени места: Брвеница и Долно Седларце, Милетино, Стенче и Радиовце.[1]

Стопанство

Главни стопански гранки во општината се земјоделството, градинарството и сточарството. Постојат и повеќе мали индустриско-производни капацитети во различни села од општината.

Демографија

Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 15.855 жители со густина на население од 96,50 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:[2][3]

Народ Број Удел (%)
Македонци 5.949 37,53
Албанци 9.770 61,62
Срби 78 0,49
Турци 2 0,01
Бошњаци 1 0,01
останати 55 0,35
Вероисповед Вкупно
православни 5.933
муслимани 9.781
католици 7
протестанти 0
останати 134
Јазик Вкупно
македонски 6.005
албански 9.778
турски 0
ромски 0
влашки 0
српски 30
бошњачки 1
останати 41

Население по населено место

Македонци Турци Срби Бошњаци Албанци останати и непознато
апсолутно мнозинство
  
  
  
  
  
  
релативно мнозинство
  
  
  
  
  
  
Општина Брвеница Вкупно Македонци Албанци Турци Бошњаци Срби останати
Блаце 344 344
Брвеница 2,918 2.834 1 68 15
Волковија 270 270
Гургурница 1556 1 1,549 6
Долно Седларце 693 690 3
Милетино 1,986 642 1,336 2 6
Радиовце 1,049 346 691 3 9
Стенче 150 149 1
Теново 1,602 210 1,391 1
Челопек 5,287 463 4,803 2 1 18
Вкупно 15,855
100,00%
5.949
37,53%
9.770
61,62%
2
0,01%
1
0,01%
78
0,49%
55
0,35%

На табелата е прикажан националниот состав на населението во општината низ сите пописни години:[4]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 8.720
1953 4.870 4.366 44 4 102 ... 12 9.398
1961 5.079 5.003 101 ... ... 83 ... 61 10.327
1971 5.011 6.418 99 5 ... 81 ... 71 11.685
1981 5.613 7.963 43 73 ... 142 13.834
1994 5.905 8.793 3 79 ... 13 14.793
2002 5.949 9.770 2 2 78 55 15.855

Во пописот од 1953 година, Македонците сочинувале 51,8 %, а Албанците 46,4 % од населението во општината. По зголемувањето на бројот на Албанци во општината, нивниот процент се зголемува на 61,2 %, а на Македонците се намалува на 37,5 %.

Иселеништво

Населението на општината во однос на пописот е значително намалено, поради иселувањето. Голем дел од албанското население е иселено во странство. Иселувањето на македонското население е нешто помало, и воглавно е во правец село-град и дел во странство.

Општествени установи

Училишта

Во општината функционираат следните централни училишта:

Цркви

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Брвеница е Енвер Пајазити, кој бил реизбран за трет мандат на локалните избори во 2017 како независен кандидат.[6] Општината има вкупно 15 советници кои го претставуваат 10 села од општината. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според припадноста на политичките партии е следен:

  СДСМ: 4 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места
  ДУИ: 2 места
  АА: 2 места
  БЕСА: 2 места
  ДПА: 1 место

Во склоп на општина Брвеница се следниве села: Блаце, Брвеница, Волковија, Гургурница, Долно Седларце, Милетино, Радиовце, Стенче, Теново и Челопек.

Културни и природни знаменитости

Личности

Некои од поистакнатите личности од општината се:

Поврзано

Наводи

  1. Civil World Macedonia
  2. Попис на населението во Македонија, 2002
  3. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. „Архиерејска Божествена Литургија во чест на свети Атанасиј Александриски во с. Брвеница“. МПЦ - ОА. 5 февруари 2007. Посетено на 2010-04-29.
  6. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.

Надворешни врски