Оливер Незен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оливер Незен
Лични податоци
Цело имеОливер Незен
Роден16 септември 1990 (1990-09-16) (29 г.)
Остенде,  Белгија
Висина1,84 м
Маса71 кг
Податоци за клубот
Мом. клубАГ2Р-Ла Мондијал
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за класици
Професионални клубови
2014
2014
2015
2016
2017-
Сибел
Лото-Белисол (стажант)
Топспорт Вландерен-Балоас
ИАМ Сајклинг
Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
MaillotBélgica.PNG Национален друмски првак (2017)
ГП Западна Франција (2016, 2018)
Последна промена
21 април 2019

Оливер Незен (холандски: Oliver Naesen; р. 16 септември 1990) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р-Ла Мондијал.[1]

Сметан како специјалист за еднодневните класици го освоил националното друмско првенство во 2017 година,[2] како и Класик Бретања во 2016 и во 2018 година.[3] Тој е брат на велосипедистот Лоренс Незен.[4]

Кариера[уреди | уреди извор]

2014–2016[уреди | уреди извор]

Незен станал професионалец во август 2014 година како стажант на екипата Лото-Белисол, пред да се приклучи на Топспорт Вландерен-Балоас во 2015 година и на швајцарската екипа ИАМ Сајклинг во 2016 година.[5]

Настапил на својата прва голема трка на Тур де Франс 2016,[6] на која ја освоил наградата за борбеност на четвртата етапа.[7] Имал страшен пад на последната кривина на планинскиот хронометар на етапата 18, но го завршил Тур на 83. место.[8]

Неколку недели по Тур де Франс, победил на Класик Бретања; негова прва победа на трка од Светската турнеја.[9] Во септември завршил втор во генералниот пласман на Енеко Тур 2016 по силниот настап на завршната етапа до Герардсберген.[10] Неговите резултати му донеле избор во составот на Белгија за Светското друмско првенство, на кое завршил на 23. место.[11]

2017-денес[уреди | уреди извор]

Кога велосипедската екипа ИАМ објавила дека ќе се распадне на крајот на сезоната 2016, Незен потпишал двегодишен договор со Аг2р-Ла Мондијал.[12] Пролетта 2017 година го потврдил неговиот статус како талент за класици со завршници меѓу првите десет на Омлоп Хет Ниусблад, Курне-Брисел-Курне, Е3 Харелбеке и Гент-Вевелгем. На Трката околу Фландрија бил во група од тројца зад предводникот Филип Жилбер, кога Петер Саган, кој ја водел групата, паднал на Ауде Кваремонт и ги повлекол Незен и Ван Авермет. Незен и Саган ги скршиле своите рамки на велосипедите, со што Незен ги изгубил шансите за подиум и завршил на 23. место.[13] Го освоил националното друмско првенство во 2017 година.[14]

Во 2018 година, Незен ги имал најдобрите резултати на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе, завршувајќи на 11. место и на 12. место, соодветно. Во август, победил на Класик Бретања по втор пат во три години.[3]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2013
10. ГП ван ден Стад Гел
2014
3. Меморијал Ван Конингсло
4. Трка околу Лимбург
6. Бинше-Шиме-Бинше
6. Омлоп хет Ниувсблад под 23 години
8. Гоиксе Пејл
9. Класик Хандзаме
10. Друјвенкурс Оверејсе
10. Меѓународен велосипедски трофеј Јонг Мар Мудиг
10. Флеш Арденес
2015
1. Полинорманд
1. Гоиксе Пејл
2. Шал Селс-Мерксем
3. Гроте Прејс Стад Зотегем
3. Омлоп ван хет Васланд
5. Друјвенкурс Оверејсе
6. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
7. Краен пласман Трка околу Белгија
10. Национално друмско првенство
10. Ле Самин
10. Тур де Вандеја
2016
1. ГП Западна Франција
1. ГП Лисјен ван Импе
2. Краен пласман Енеко Тур
2. Еурометропол
10. Бинше-Шиме-Бинше
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 4 на Тур де Франс
2017
1. MaillotBélgica.PNG Национално друмско првенство
3. Е3 Харелбеке
3. Краен пласман Четири дена Денкерк
5. Краен пласман БинкБенк Тур
6. Париз-Тур
6. Дварс дор Вландерен
6. Тур л’Еурометропол
7. Омлоп Хет Ниусблад
8. Краен пласман Трка околу Белгија
8. Курне-Брисел-Курне
10. Класик Лондон-Сари
10. Бинше-Шиме-Бинше
2018
1. Класик Бретања
3. Трка околу Франкфурт
3. Бинше-Шиме-Бинше
3. Тур де л’Еурометропол
4. Е3 Харелбеке
4. ГП Монтреал
4. Париз-Тур
6. Гент-Вевелгем
9. Гран при д’Изберг
2019
2. Милано-Сан Ремо
3. Гент-Вевелгем
7. Трка околу Фландрија
8. Е3 Бинкбенк Класик
10. Омлоп Хет Ниусблад

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 83 63 66
Jersey red.svg Вуелта

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на монументите
Монумент 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Милано-Санремо 62 2
Трка околу Фландрија 35 22 23 11 7
Париз-Рубе 57 13 31 12 13
Лиеж-Бастоњ-Лиеж
Џиро ди Ломбардија
Распоред на резултатите на класиците
Класик 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Омлоп Хет Ниусблад 31 13 7 27 10
Курне-Брисел-Курне 25 77 8 11 43
Е3 Харелбеке 3 4 8
Гент-Вевелгем 32 СО 22 6 3
Дварс дор Вландерен 40 СО 6 СО 19
Амстел Голд Рејс 92 35 13 93
Трка околу Франкфурт СО 3
Класик Бретања 1 СО 1
Гран при Квебек 68 17 14
Гран при Монтреал 15 16 4
Париз-Тур 32 27 25 6 4

Распоред на резултатите на првенствата[уреди | уреди извор]

Настан 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey rainbow.svg Светски првенства 23 73
MaillotBélgica.PNG Национални првенства 10 30 1 43

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Official presentation of the 2019 AG2R La Mondiale pro cycling team“, „АГ2Р-Ла Мондијал“, Groupe AG2R La Mondiale, 11 декември 2018 (посет. 1 јануари 2019 г).
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Belchamp17.
  3. 3,0 3,1 „Bretagne Classic 2018: le doublé historique d'Oliver Naesen (AG2R)“. Le Dauphiné libéré ((француски)). конс. 15 март 2019. 
  4. „Two-year deal at Lotto Soudal for Lawrence Naesen“. cyclingnews.com. 26 септември 2017. конс. 26 септември 2017. 
  5. „Leigh Howard, Vegard Stake Laengen and Oliver Naesen confirmed for IAM Cycling“. Сyclingnews.com. 28 септември 2015. конс. 14 ноември 2015. 
  6. „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. конс. 30 јуни 2016. 
  7. Бери, Рајан. „Tour de France: Kittel wins stage 4 in Limoges“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. конс. 15 март 2019. 
  8. Бенсон, Даниел. „Tour de France: Froome seals third overall victory in Paris“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. конс. 15 март 2019. 
  9. „Naesen takes surprise win at Bretagne Classic“. VeloNews. Pocket Outdoor Media. конс. 15 март 2019. 
  10. Фаранд, Стивен. „Terpstra wins Eneco Tour as Dennis crashes out“. cyclingnews.com. конс. 15 март 2019. 
  11. Вин, Најџел. „Peter Sagan wins World Championships road race for second consecutive year“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 16 октомври 2016 (посет. 16 октомври 2016 г).
  12. „Oliver Naesen“. конс. 18 јули 2017. 
  13. Philippe Gilbert wins Tour of Flanders after epic solo break“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 2 април 2017 (посет. 2 април 2017 г).
  14. „Belgian road championships“. конс. 18 јули 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]