Остенде

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Остенд)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Остенде
Шеталиште на крајбрежјето во Остенде
Шеталиште на крајбрежјето во Остенде
Знаме на Остенде
Знаме
Грб на Остенде
Грб
Остенде се наоѓа во Белгија
Остенде
Местоположба во Белгија
Координати: 51°14′ СГШ 2°55′ ИГД / 
Држава  Белгија
Регион Фламански регион
Заедница Фламанска заедница
Покраина Западна Фландрија
Округ Остенде
Управа
 • Градоначалник Јоан Ванде Ланот
Површина
 • Вкупна 37,72 km2 (1,456 sq mi)
Население (1 јануари 2016)
 • Вкупно 70.600
 • Густина 1.900/km2 (5,000/sq mi)
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски факс 8400
Повик. бр. 059
Мреж. место www.oostende.be

Остенде — крајбрежен град и општина во Белгија, кој се наоѓа во покраината Западна Фландрија. Се наоѓа на брегот на Северното Море. На почетокот на 2016 година, во градот живееле 70,600 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Почетоци и Среден век[уреди | уреди извор]

Во раните периоди, Остенде било мало село изградено на источниот крај (oost-einde) на тогашниот остров Тестереп помеѓу Северното Море и езерската плажа. И покрај тоа што било мало, селото израснало до статусот „град“ околу 1265 година кога на жителите им било дозволено да организираат пазар и да изградат пазариште.

Главен извор на приходи за жителите бил риболовот. Крајбрежјето на Северното Море отсекогаш било прилично нестабилно и во 1395 година жителите одлучиле да изградат нов Остенде позади големите насипи и подалеку од секогаш опасното море.

15. век – 18.век[уреди | уреди извор]

Остенде на мапата на Фераис (околу 1775 г.)
Црквата „Св. Петар и Павле“

Стратешката позиција на брегот на Северното Море имало големи предности за Остенде како пристаниште но исто така се покажала како извор на проблеми. Градот бил често заземан, запустен, ограбуван и уништен од освојувачки војски. Холандските бунтовници,Гезите, ја преземале контролата врз градот. Опсадата на Остенде, 1601 до 1604, за која се вели „шпанците го нападнале несовладливото а холанѓаните го одбраниле неодбранливото“, оставила комбиниран вкупен број од преку 80,000 мртви и ранети, правјќи ја најкрвава битка во осумдесетгодишната војна. Војната била завршена со примирје неколку години подоцна. Кога примирјето се прекршило, градот станал база на дункиркските пирати.

По овој период, Остенде бил претворен во пристаниште од одредена важност. Во 1722 година, холанѓаните повторно го затвориле влезот кон најголемото светско пристаниште во Антверпен. Затоа, Остенде ја зголемил својата важност бидејќи градот обезбедувал алтернативен излез кон морето. Јужна Холандија станала дел од Австриското Царство. Австрискиот цар Карло VI му одобрил на градот трговски монопол со Африка и далечниот исток. На остендската трговска компанија и било дозволено да заснова колонии во странство. Сепак, во 1727 година компанијата била принудена да ги сопре своите активности под холандски и британски притисок. Холандија и Британија не дозволувале конкуренти на меѓународно трговско ниво. Двете држави ја сметале меѓународната трговија како „нивна“ привилегија.

Модерен период[уреди | уреди извор]

На 19 септември 1826 година локалното воено складиште експлодирало. Најмалку 20 лица биле убиени и уште 200 повредени. Богатиот кварт д'Харграс бил срамнет со земја и ретко некој објект да избегнал штета. По разурнувањето следеле болести кои дополнително го зголемиле бројот на смртни случаи.[1]

Пристаништето во Остенде продолжило да се проширува бидејќи пристанишниот док, како и собраќајните поврзувања со копното позади пристаништето биле подобрени. Во 1838 година Остенде бил железнички поврзан со Брисел. Градот станал транзитно пристаниште кон Англија во 1846 година кога првиот траект отпловил кон Довер. Многу важно за имиџот на градот било вниманието кое започнал градот да го добива од белгиските кралеви Леополд I и Леополд II. Двајцата сакале да ги трошат своите одмори во Остенде. Важни споменици и вили биле изградени за да го задоволат кралското семејство, вклучувајќи го хиподромот Велингтон на кој се одржувале коњски трки и кралските галерии. Остатокот од аристократска Белгија започнал да доаѓа во градот и набрзо Остенде станал познат како „Кралица на белгиските морски одморалишта“.

Во 1866 година Остенде било место на клучната средба на прогонетите шпанските либерали и републиканци кои поставиле рамка на големиот бунт во нивната држава, кој кулминирал со величенствената револуција две години подоцна.

Остенде (заедно со речиси целата држава) бил окупиран од германските сили и користен како пристапна точка до морето за подморници и други помали морски сили во поголмиот дел од времетраењето на првата светска војна. Како последица на тоа, пристаништето било изложено на два поморски напади од страна на кралската британска морнарица.

Градот бил домаќин на сите натпревари во едрење на Летните олимписки игри 1920 кои се одржувале во Антверпен.[2] Само финалето во една дисциплина било одржано во Амстердам. Остенде исто така бил домаќин и на натпреварите во поло.[3]

Втората светска војна вклучила втора окупација од Германија во период од помалку од дваесет години; окупација која била поделлена со остатокот од Северна Европа. Двете окупации довеле до значајно уништување на Остенде. Освен тоа, другите раскошни градби кои ги преживеале војните подоцна биле заменети со објекти во модерен архитектонски стил.

Клима[уреди | уреди извор]

Остенде има морска клима, под влијанија на ветришта од Северното Море, кои ги прават летата поладни од внатрешниот дел на Европа. 24-часовни просечни температури под нулата се редок случај. Според кепеновата класификација на климата, Остенде има морска клима.[4]

Климатски податоци за Остенде
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 6.1
(43)
6.5
(43.7)
9.2
(48.6)
11.4
(52.5)
15.3
(59.5)
17.7
(63.9)
20.3
(68.5)
20.9
(69.6)
18.3
(64.9)
14.5
(58.1)
9.7
(49.5)
7.1
(44.8)
13.08
(55.55)
Прос. ниска °C (°F) 1.1
(34)
0.5
(32.9)
2.3
(36.1)
4.1
(39.4)
7.9
(46.2)
10.7
(51.3)
12.8
(55)
12.5
(54.5)
10.2
(50.4)
7.1
(44.8)
4.0
(39.2)
2.3
(36.1)
6.29
(43.33)
Прос. врнежи мм (ин) 62.6
(2.465)
44.5
(1.752)
55.0
(2.165)
45.5
(1.791)
56.2
(2.213)
66.7
(2.626)
59.2
(2.331)
57.3
(2.256)
79.9
(3.146)
78.1
(3.075)
83.9
(3.303)
73.2
(2.882)
762.1
(30.005)
Прос. бр. врнежливи денови 13 9 11 10 10 10 8 8 11 11 13 13 127
Извор: Светска метеоролошка организација (ООН)[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]