Википедија:Именување на држави и изведени придавки
Правилникот за именување држави и изведени придавки е создаден да им помогне на корисниците во правилната употреба на имињата на државите. Исто така, правилникот ги посочува точните придавки изведени од државите како и правилник за именување статии поврзани со државите.
Кога предавате (транскрибирате) поединечни странски поими на македонски јазик, водете се по Правилникот за транскрипција на странските јазици.
Содржина |
[уреди] Именување на статии, категории и шаблони
Статиите треба да се именуваат со целосни описни имиња. Така на пример, прифатливи се насловите „Економија на Танзанија“, „Политика на Египет“ или „Демографија на Македонија“, а не „Танзаниска економија“, „Египетска политика“ или „Македонска демографија“.
Треба да се прави разлика меѓу придавка за држава и придавка за етничка група или народ. Придавките за држава не се користат за народ, и обратно.
[уреди] Список на држави и придавки
Во следната табела се наведени имињата на државите кои треба да се користат како наслови, потоа целосните имиња на државите, придавките за државите и целосните описни имиња кои се користат за статии поврзани со државите. Покрај овие, во табелата се наведени и придавки за националноста или народот.
| име на држава | официјално име | придавка за држава | продавка за националност[1] | пример за описно име |
|---|---|---|---|---|
| Апхазија | Република Апхазија | апхаски | Апхаз, Апхаска, Апхази | Знаме на Апхазија |
| Авганистан | Исламска Република Авганистан | авганистански | Авган, Авганка, Авгани Авганистанец, Авганистанка, Авганистанци[2] |
Знаме на Авганистан |
| Австрија | Република Австрија | австриски | Австриец, Австријка, Австријци | Знаме на Австрија |
| Албанија | Република Албанија | албански | Албанец, Албанка, Албанци | Знаме на Албанија |
| Алжир | Демократска Народна Република Алжир | алжирски | Алжирец, Алжирка, Алжирци | Знаме на Алжир |
| Андора | Кнежевство Андора | андорски | Андорец, Андорка, Андорци | Знаме на Андора |
| Ангола | Република Ангола | анголски | Анголец, Анголка, Анголци | Знаме на Ангола |
| Антигва и Барбуда | Антигва и Барбуда | антигвански / барбуѓански | Антигванец, Антигванка, Антигванци Барбуѓанец, Барбуѓанка, Барбуѓани |
Знаме на Антигва и Барбуда |
| Аргентина | Аргентинска Република | аргентински | Аргентинец, Аргентинка, Аргентинци | Знаме на Аргентина |
| Азербејџан | Република Азербејџан | азербејџански | Азер, Азерка, Азери Азербејџанец, Азербејџанка, Азербејџанци |
Знаме на Азербејџан |
| Австралија | Државна Заедница Австралија | австралиски | Австралиец, Австралијка, Австралијци | Знаме на Австралија |
| Бахами | Државна Заедница на Бахамите | бахамски | Бахамец, Бахамка, Бахамци | Знаме на Бахамите |
| Бахреин | Кралство Бахреин | бахреински | Бахреинец, Бахреинка, Бахреинци | Знаме на Бахреин |
| Бангладеш | Народна Република Бангладеш | бангладешки | Бангладешанец, Бангладешанка, Бангладешани | Знаме на Бангладеш |
| Барбадос | Барбадос | барбадошки | Барбадошанец, Барбадошанка, Барбадошани | Знаме на Барбадос |
| Белгија | Кралство Белгија | белгиски | Белгиец, Белгијка, Белгијци | Знаме на Белгија |
| Белизе | Белизе | белиски | Белизеец, Белизејка, Белизејци | Знаме на Белизе |
| Белорусија | Република Белорусија | белоруски | Белорусин, Белорусинка, Белоруси | Знаме на Белорусија |
| Бенин | Република Бенин | бенински | Бенинец, Бенинка, Бенинци | Знаме на Бенин |
| Бутан | Кралство Бутан | бутански | Бутанец, Бутанка, Бутанци | Знаме на Бутан |
| Боливија | Повеќенационална држава Боливија | боливиски | Боливиец, Боливијка, Боливијци | Знаме на Боливија |
| Босна и Херцеговина | Босна и Херцеговина | босански / херцеговски | Босанец, Босанка, Босанци Херцеговец, Херцеговка, Херцеговци[3] |
Знаме на Босна и Херцеговина |
| Боцвана | Република Боцвана | боцвански | Боцванец, Боцванка, Боцванци | Знаме на Боцвана |
| Бразил | Федерална Република Бразил | бразилски | Бразилец, Бразилка, Бразилци | Знаме на Бразил |
| Брунеј | Брунеј Дарусалам | брунејски | Бринеец, Брунејка, Брунејци | Знаме на Брунеј |
| Бугарија | Република Бугарија | бугарски | Бугарин, Бугарка, Бугари | Знаме на Бугарија |
| Буркина Фасо | Буркина Фасо | буркински | Буркинец, Буркинка, Буркинци | Знаме на Буркина Фасо |
| Бурунди | Република Бурунди | бурундски | Бурунѓанец, Бурунѓанка, Бурунѓани | Знаме на Бурунди |
| Брег на Слоновата Коска | Република Кот Дивоар | котивоарски[4] | Котивоарец, Котивоарка, Котивоарци[5] | Знаме на Брегот на Слоновата Коска |
| Вануату | Република Вануату | вануатски | Вануаќанец, Вануаќанка, Вануаќани | Знаме на Вануату |
| Ватикан | Држава Ватикан | ватикански | Ватиканец, Ватиканка, Ватиканци[6] | Знаме на Ватикан |
| Венецуела | Боливарска Република Венецуела | венецуелски | Венецуелец, Венецуелка, Венецуелци | Знаме на Венецуела |
| Виетнам | Социјалистичка Република Виетнам | виетнамски | Виетнамец, Виетнамка, Виетнамци | Знаме на Виетнам |
| Германија | Сојузна Република Германија | германски | Германец, Германка, Германци | Знаме на Германија |
| Габон | Габонска Република | габонски | Габонец, Габонка, Габонци | Знаме на Габон |
| Гамбија | Република Гамбија | гамбиски | Гамбиец, Гамбијка, Гамбијци | Знаме на Гамбија |
| Грузија | Грузија | грузиски | Грузиец, Грузијка, Грузијци | Знаме на Грузија |
| Гана | Република Гана | гански | Ганец, Ганка, Ганци | Знаме на Гана |
| Гренада | Гренада | гренадски | Гренаѓанец, Гренаѓанка, Гренаѓани | Знаме на Гренада |
| Грција | Грчка Република[7] | грчки | Грк, Гркинка, Грци | Знаме на Грција |
| Гватемала | Република Гватемала | гватемалски | Гватемалец, Гватемалка, Гватемалци | Знаме на Гватемала |
| Гвинеја | Република Гвинеја | гвинејски | Гвинеец, Гвинејка, Гвинејци | Знаме на Гвинеја |
| Гвинеја-Бисау | Република Гвинеја Бисау | гвинејски | Гвинеец, Гвинејка, Гвинејци | Знаме на Гвинеја-Бисау |
| Гвајана | Кооперативна Република Гвајана | гвајански | Гвајанец, Гвајанка, Гвајанци | Знаме на Гвајана |
| Данска | Кралство Данска | дански | Данец, Данка, Данци | Знаме на Данска |
| Доминика | Државна Заедница Доминика | доминички | Доминиќанец, Доминиќанка, Доминиќани | Знаме на Доминика |
| Доминиканска Република | Доминиканска Република | доминикански | Доминиканец, Доминиканка, Доминиканци | Знаме на Доминиканската Република |
| Египет | Арапска Република Египет | египетски | Египќанец, Египќанка, Египќани | Знаме на Египет |
| Екваторијална Гвинеја | Екваторска Гвинеја | екватогвинејски | Екватогвинеец, Екватогвинејка, Екватогвинејци | Знаме на Екваторска Гвинеја |
| Ерменија | Република Ерменија | ерменски | Ерменец, Ерменка, Ерменци | Знаме на Ерменија |
| Етиопија | Демократска Сојузна Република Етиопија | етиопски | Етиопјанец, Етиопјанка, Етиопјани | Знаме на Етиопија |
| Еквадор | Република Еквадор | еквадорски | Еквадорец, Еквадорка, Еквадорци | Знаме на Еквадор |
| Ел Салвадор | Република Ел Салвадор | салвадорски | Салвадорец, Салвадорка, Салвадорци | Знаме на Ел Салвадор |
| Еритреја | Држава Еритреја | еритрејски | Еритреец, Еритрејка, Еритрејци | Знаме на Еритреја |
| Естонија | Република Естонија | естонски | Естонец, Естонка, Естонци | Знаме на Естонија |
| Замбија | Република Замбија | замбиски | Замбиец, Замбијка, Замбијци | Знаме на Замбија |
| Зелен 'Рт | Република Зелен 'Рт / Зелено'ртска Република | зелено'ртски | Зелено'рќанец, Зелено'рќанка, Зелено'рќани | Знаме на Зелениот 'Рт |
| Зимбабве | Република Зимбабве | зимбабвејски | Зимбабвеец, Зимбабвејка, Зимбабвејци | Знаме на Зимбабве |
| Западна Сахара | Демократска Арапска Република Сахара | западносахарски | Западносахарец, Западносахарка, Западносахарци | Знаме на Западна Сахара |
| Индија | Република Индија | индиски | Индиец, Индијка, Индијци | Знаме на Индија |
| Индонезија | Република Индонезија | индонезиски | Индонезиец, Индонезијка, Индонезијци | Знаме на Индонезија |
| Ирак | Република Ирак | ирачки | Ирачанец, Ирачанка, Ирачани | Знаме на Ирак |
| Иран | Исламска Република Иран | ирански | Иранец, Иранка, Иранци | Знаме на Иран |
| Ирска | Ирска | ирски | Ирец, Ирка, Ирци | Знаме на Ирска |
| Исланд | Република Исланд | исландски | Исланѓанец, Исланѓанка, Исланѓани | Знаме на Исланд |
| Израел | Држава Израел | израелски | Израелец, Израелка, Израелци | Знаме на Израел |
| Источен Тимор | Демократска Република Источен Тимор | источнотиморски | Источнотиморец, Источнотиморка, Источнотиморка | Знаме на Источен Тимор |
| Италија | Италијанска Република | италијански | Италијанец, Италијанка, Италијанци | Знаме на Италија |
| Јамајка | Јамајка | јамајкански | Јамајканец, Јамајканка, Јамајканци | Знаме на Јамајка |
| Јапонија | Јапонија | јапонски | Јапонец, Јапонка, Јапонци | Знаме на Јапонија |
| Јемен | Република Јемен | јеменски | Јеменец, Јеменка, Јеменци | Знаме на Јемен |
| Јордан | Хашемитско Кралство Јордан | јордански | Јорданец, Јорданка, Јорданци | Знаме на Јордан |
| Јужен Судан | Република Јужен Судан | јужносудански | Јужносуданец, Јужносуданка, Јужносуданци | Знаме на Јужен Судан |
| Јужна Осетија | Јужна Осетија | јужноосетски | Осетиец, Осетијка, Осетијци | Знаме на Јужна Осетија |
| Јужноафриканска Република | Јужноафриканска Република | јужноафрикански | Јужноафриканец, Јужноафриканка, Јужноафриканци | Знаме на Јужноафриканската Република |
| Република Кина (Тајван) | Република Кина | тајвански кинески[8] |
Тајванец, Тајванка, Тајванци Кинез, Кинеска, Кинези[9] |
Знаме на Република Кина |
| Народна Република Кина | Народна Република Кина | кинески | Кинез, Кинеска, Кинези | Знаме на Народна Република Кина |
| Кукови Острови | Кукови Острови | куковоостровски | Куковоостровец, Куковоостровка, Куковоостровци | Знаме на Куковите Острови |
| Костарика | Република Костарика | костарикански | Костариканец, Костариканка, Костариканци | Знаме на Костарика |
| Камбоџа | Кралство Камбоџа | камбоџански | Камбоџанец, Камбоџанка, Камбоџанци | Знаме на Камбоџа |
| Камерун | Република Камерун | камерунски | Камерунец, Камерунка, Камерунци | Знаме на Камерун |
| Канада | Канада | канадски | Канаѓанец, Канаѓанка, Канаѓани | Знаме на Канада |
| Казахстан | Република Казахстан | казахстански | Казах, Казашка, Казаци[10] | Знаме на Казахстан |
| Катар | Држава Катар | катарски | Катарец, Катарка, Катарци | Знаме на Катар |
| Кенија | Република Кенија | кениски | Кениец, Кенијка, Кенијци | Знаме на Кенија |
| Киргистан | Киргиска Република | киргистански | Киргиз, Киргиска, Киргизи[11] | Знаме на Киргистан |
| Кирибати | Република Кирибати | кирибатски | Кирибаќанец, Кирибаќанка, Кирибаќани | Знаме на Кирибатите |
| Колумбија | Република Колумбија | колумбиски | Колумбиец, Колумбијка, Колумбијци | Знаме на Колумбија |
| Комори | Унија Комори | коморски | Коморец, Коморка, Коморци | Знаме на Коморите |
| Демократска Република Конго | Демократска Република Конго | конгоански | Конгоанец, Конгоанка, Конгоанци | Знаме на Демократска Република Конго |
| Република Конго | Република Конго | конгоански | Конгоанец, Конгоанка, Конгоанци | Знаме на Република Конго |
| ДНР Кореја | Демократска Народна Република Кореја | севернокорејски | Кореец, Корејка, Корејци[12] | Знаме на Демократска Народна Република Кореја |
| Република Кореја | Република Кореја | јужнокорејски | Кореец, Корејка, Корејци | Знаме на Република Кореја |
| Косово | Република Косово | косовски | Косовец, Косовка, Косовци | Знаме на Косово |
| Куба | Република Куба | кубански | Кубанец, Кубанка, Кубанци | Знаме на Куба |
| Кувајт | Држава Кувајт | кувајтски | Кувајќанец, Кувајќанка, Кувајќани | Знаме на Кувајт |
| Кипар | Република Кипар | кипарски | Кипранец, Кипранка, Кипрани | Знаме на Република Кипар |
| Турска Република Северен Кипар | Турска Република Северен Кипар | севернокипарски | Севернокипарец, Севернокипарка, Севернокипарци | Знаме на Турската Република Северен Кипар |
| Лаос | Демократска Народна Република Лаос | лаошки | Лаошанец, Лаошанка, Лаошани | Знаме на Лаос |
| Лесото | Кралство Лесото | лесотски | Лесоќанец, Лесоќанка, Лесоќани[13] | Знаме на Лесото |
| Латвија / Летонија[14] | Република Латвија Република Летонија |
латвиски летонски |
Латвиец, Латвијка, Латвијци Летонец, Летонка, Летонци |
Знаме на Латвија |
| Либан | Либанска Република | либански | Либанец, Либанка, Либанци | Знаме на Либан |
| Либерија | Република Либерија | либериски | Либериец, Либеријка, Либеријци | Знаме на Либерија |
| Либија | Република Либија | либиски | Либиец, Либијка, Либијци | Знаме на Либија |
| Лихтенштајн | Кнежевство Лихтенштајн | лихтенштајнски | Лихтенштајнец, Лихтенштајнка, Лихтенштајнци | Знаме на Лихтенштајн |
| Литванија | Република Литванија | литвански | Литванец, Литванка, Литванци | Знаме на Литванија |
| Луксембург | Големо Војводство Луксембург | луксембуршки | Луксембуржанец, Луксембуржанка, Луксембуржани | Знаме на Луксембург |
| Мадагаскар | Република Мадагаскар | мадагаскарски | Мадагаскарец, Мадагаскарка, Мадагаскарци | Знаме на Мадагаскар |
| Малави | Република Малави | малавски | Малавиец, Малавијка, Малавијци | Знаме на Малави |
| Малезија | Малезија | малезиски | Малезиец, Малезијка, Малезијци | Знаме на Малезија |
| Малдиви | Република Малдиви | малдивски | Малдивец, Малдивка, Малдивци | Знаме на Малдивите |
| Мали | Република Мали | малиски | Малиец, Малијка, Малијци | Знаме на Мали |
| Малта | Република Малта | малтешки | Малтежанец, Малтежанка, Малтежани | Знаме на Малта |
| Мароко | Кралство Мароко | марокански | Мароканец, Мароканка, Мароканци | Знаме на Мароко |
| Маршалски Острови | Република Маршалски Острови | маршалски | Маршалец, Маршалка, Маршалци | Знаме на Маршалските Острови |
| Мавританија | Исламска Република Мавританија | мавритански | Мавританец, Мавританка, Мавританци | Знаме на Мавританија |
| Маврициус | Република Мавриуциус | маврициски | Маврициец, Маврицијка, Маврицијци | Знаме на Маврициус |
| Македонија | Република Македонија | македонски | Македонец, Македонка, Македонци | Знаме на Македонија |
| Мексико | Обединети Мексикански Држави | мексикански | Мексиканец, Мексиканка, Мексиканци | Знаме на Мексико |
| Микронезија | Федерални Држави на Микронезија | микронезиски | Микронезиец, Микронезијка, Микоронезијци | Знаме на Микронезија |
| Молдавија | Република Молдавија | молдавски | Молдавец, Молдавка, Молдавци | Знаме на Молдавија |
| Монако | Кнежевство Монако | моначки | Моначанец, Моначанка, Моначани | Знаме на Монако |
| Монголија | Монголија | монголски | Монголец, Монголка, Монголци | Знаме на Монголија |
| Мозамбик | Република Мозамбик | мозамбички | Мозамбичанец, Мозамбичанка, Мозамбичани | Знаме на Мозамбик |
| Мјанмар | Унија Мјанмар | мјанмарски | Мјанмарец, Мјанмарка, Мјанмарци | Знаме на Мјанмар |
| Нагорно-Карабах | Република Нагорно-Карабах | нагорнокарабашки | Нагорнокарабашец, Нагорнокарабашка, Нагорнокарабаси | Знаме на Нагорно-Карабах |
| Намибија | Република Намибија | намибиски | Намибиец, Намибијка, Намибијци | Знаме на Намибија |
| Науру | Република Науру | наурски | Наурец, Наурка, Наурци | Знаме на Науру |
| Непал | Демократска Сојузна Република Непал | непалски | Непалец, Непалка, Непалци | Знаме на Непал |
| Нов Зеланд | Нов Зеланд | новозеландски | Новозеланѓанец, Новозеланѓанка, Новозеланѓани | Знаме на Нов Зеланд |
| Никарагва | Република Никарагва | никарагвански | Никарагванец, Никарагванка, Никарагванци | Знаме на Никарагва |
| Нигер | Република Нигер | нигерски | Нигерец, Нигерка, Нигерци | Знаме на Нигер |
| Нигерија | Сојузна Република Нигерија | нигериски | Нигериец, Нигеријка, Нигеријци | Знаме на Нигерија |
| Ниуе | Ниуе | ниуеански | Ниуеанец, Ниуеанка, Ниуеанци | Знаме на Ниуе |
| Норвешка | Кралство Норвешка | норвешки | Норвежанец, Норвежанка, Норвежани | Знаме на Норвешка |
| Обединетото Кралство | Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска | британски | Британец, Британка, Британци | Знаме на Обвединетото Кралство |
| Обединети Арапски Емирати | Обединети Арапски Емирати | емиратски | Емираќанец, Емираќанка, Емираќанец | Знаме на Обединетите Арапски Емирати |
| Оман | Султанат Оман | омански | Оманец, Оманка, Оманци | Знаме на Оман |
| Пакистан | Исламска Република Пакистан | пакистански | Пакистанец, Пакистанка, Пакистанци | Знаме на Пакистан |
| Палестина | Палестинска автономна територија | палестински | Палестинец, Палестинка, Палестинци | Знаме на Палестина |
| Палау | Република Палау | палауански | Палуанец, Палуанка, Палуанци | Знаме на Палау |
| Панама | Република Панама | панамски | Панамец, Панамка, Панамци | Знаме на Панама |
| Папуа Нова Гвинеја | Независна Држава Папуа Нова Гвинеја | папуански | Папуанец, Папуанка, Папуанци | Знаме на Папуа Нова Гвинеја |
| Парагвај | Република Парагвај | парагвајски | Парагваец, Парагвајка, Парагвајци | Знаме на Парагвај |
| Перу | Република Перу | перуански | Перуанец, Перуанка, Перуанци | Знаме на Перу |
| Полска | Република Полска | полски | Полјак, Полјачка, Полјаци | Знаме на Полска |
| Португалија | Португалска Република | португалски | Португалец, Португалка, Португалци | Знаме на Португалија |
| Придњестровие | Придњестровска Молдавска Република | придњестровски | Придњестровец, Придњестровка, Придњестровци | Знаме на Придњестровие |
| Руанда | Република Руанда | руандски | Руанѓанец, Руанѓанка, Руанѓанци[15] | Знаме на Руанда |
| Романија | Романија | романски | Романец, Романка, Романци | Знаме на Романија |
| Русија | Руска Федерација | руски | Русин, Русинка, Руси | Знаме на Русија |
| САД | Соединети Американски Држави | американски | Американец, Американка, Американци | Знаме на Америка |
| Соломони | Соломонски Острови / Соломонови Острови | соломонски | Соломонец, Соломонка, Соломонци | Знаме на Соломоните |
| Самоа | Независна Држава Самоа | самоански самојски |
Самоанец, Самоанка, Самоанци | Знаме на Самоа |
| Сан Марино | Република Сан Марино | санмарински | Санмаринец, Санмаринка, Санмаринци | Знаме на Сан Марино |
| Сао Томе и Принсипе | Демократска Република Сао Томе и Принсипе | саотомски принсипски |
Саотомци, Саотомка, Саотомци Принсипец, Принсипка, Принсипци |
Знаме на Сао Томе и Принсипе |
| Саудиска Арабија | Кралство Саудиска Арабија | саудиски | Саудиец, Саудијка, Саудијци | Знаме на Саудиска Арабија |
| Сенегал | Република Сенегал | сенегалски | Сенегалец, Сенегалка, Сенегалци | Знаме на Сенегал |
| Србија | Република Србија | српски | Србин, Србинка, Срби | Знаме на Србија |
| Сејшели | Република Сејшели | сејшелски | Сејшелец, Сејшелка, Сејшелци | Знаме на Сејшелите |
| Сиера Леоне | Република Сиера Леоне | сиералеонски | Сиералеонец, Сиералеонка, Сиералеонци | Знаме на Сиера Леоне |
| Сингапур | Република Сингапур | сингапурски | Сингапурец, Сингапурка, Сингапурци | Знаме на Сингапур |
| Словачка | Словачка Република | словачки | Словак, Словачка, Словаци | Знаме на Словачка |
| Словенија | Република Словенија | словенечки | Словенец, Словенка, Словенци | Знаме на Словенија |
| Советски Сојуз (СССР) | Сојуз на Советските Социјалистички Републики | советски | нема | Знаме на Советскиот Сојуз |
| Сомалија | Република Сомалија | сомалиски | Сомалиец, Сомалијка, Сомалијци | Знаме на Сомалија |
| Сомалиленд | Република Сомалиленд | сомалилендски | Сомалиленѓанец, Сомалиленѓанка, Сомалиленѓани | Знаме на Сомалиленд |
| Свети Кристофер и Невис | Федерација Свети Кристофер и Невис | светокристоферски невиски |
Светокристоферец, Светокристоферка, Светокристоферци Невишанец, Невишанка, Невишани |
Знаме на Свети Кристофер и Невис |
| Света Луција | Света Луција | светолуциски | Светолуциец, Светолуцијка, Светолуцијци | Знаме на Света Луција |
| Свети Винцент и Гренадини | Свети Винцент и Гренадини | светивинцентски гренадински |
Светивинценќанин, Светивинценќанка, Светивинценќани Гренадинец, Гренадинка, Гренадинци |
Знаме на Свети Винцент и Гренадините |
| Судан | Република Судан | судански | Суданец, Суданка, Суданци | Знаме на Судан |
| Суринам | Република Суринам | суринамски | Суринамец, Суринамка, Суринамци | Знаме на Суринам |
| Свазиленд | Кралство Свазиленд | свазиски | Свазиец, Свазијка, Свазијци | Знаме на Свазиленд |
| Сирија | Арапска Република Сирија | сириски | Сириец, Сиријка, Сиријци | Знаме на Сирија |
| Таџикистан | Република Таџикистан | таџикистански | Таџик, Таџичка, Таџици[16] | Знаме на Таџикистан |
| Танзанија | Обединета Република Танзанија | танзаниски | Танзаниец, Танзанијка, Танзанијци | Знаме на Танзанија |
| Тајланд | Кралство Тајланд | тајландски | Тајланѓанец, Тајланѓанка, Тајланѓани | Знаме на Тајланд |
| Того | Република Того | тогоански | Тогоанец, Тогоанка, Тогоанци | Знаме на Того |
| Тонга | Кралство Тонга | тонгајски | Тонгаец, Тонгајка, Тонгајци | Знаме на Тонга |
| Тринидад и Тобаго | Република Тринидад и Тобаго | тринидадски / тобашки | Триниѓанец, Триниѓанка, Триниѓани Тобажанец, Тобажанка, Тобажани |
Знаме на Тринидад и Тобаго |
| Тунис | Туниска Република | туниски | Тунижанец, Тунижанка, Тунижани | Знаме на Тунис |
| Турција | Република Турција | турски | Тучин, Турчинка, Турци | Знаме на Турција |
| Туркменистан | Туркменистан | туркменистански | Туркмен, Туркменка, Туркменци[17] | Знаме на Туркменистан |
| Тувалу | Тувалу | тувалски | Тувалец, Тувалка, Тувалци | Знаме на Тувалу |
| Уганда | Република Уганда | угандски | Уганѓанец, Уганѓанка, Уганѓани | Знаме на Уганда |
| Украина | Украина | украински | Украинец, Украинка, Украинци | Знаме на Украина |
| Унгарија | Република Унгарија | унгарски | Унгарец, Унгарка, Унгарци | Знаме на Уругвај |
| Уругвај | Источна Република Уругвај | уругвајски | Утругваец, Уругвајка, Уругвајци | Знаме на Уругвај |
| Узбекистан | Република Узбекистан | узбекистански | Узбек, Узбечка, Узбеци[18] | Знаме на Узбекистан |
| Фиџи | Република Фиџи | фиџиски | Фиџиец, Фиџијка, Фиџијци | Знаме на Фиџи |
| Филипини | Република Филипини | филипински | Филипинец, Филипинка, Филипинци | Знаме на Филипините |
| Финска | Република Финска | фински | Финец, Финка, Финци | Знаме на Финска |
| Франција | Француска Република | француски | Француз, Французинка, Французи | Знаме на Франција |
| Хаити | Република Хаити | хаитски | Хаиќанец, Хаиќанка, Хаиќанци[19] | Знаме на Хаити |
| Хондурас | Република Хондурас | хондурашки | Хондурашанец, Хондурашанка Хондурашани | Знаме на Хондурас |
| Холандија | Кралство Холандија | холандски | Холанѓанец, Холанѓанка, Холанѓани | Знаме на Холандија |
| Хрватска | Република Хрватска | хрватски | Хрват, Хрватка, Хрвати | Знаме на Хрватска |
| Централноафриканска Република | Централноафриканска Република | централноафрикански | Централноафриканец, Централноафриканка, Централноафриканци | Знаме на Централноафриканската Република |
| Црна Гора | Црна Гора | црногорски | Црногорец, Црногорка, Црногорци | Знаме на Црна Гора |
| Чиле | Република Чиле | чилеански | Чилеанец, Чилеанка, Чилеанци | Знаме на Чиле |
| Чад | Република Чад | чадски | Чаѓанец, Чаѓанка, Чаѓани | Знаме на Чад |
| Чешка | Чешка Република | чешки | Чех, Чехинка, Чеси | Знаме на Чешка |
| Џибути | Република Џибути | џибутски | Џибутанец, Џубутанка, Џибутанци | Знаме на Џибути |
| Шпанија | Кралство Шпанија | шпански | Шпанец, Шпанка, Шпанци | Знаме на Шпанија |
| Шри Ланка | Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка | шрилански | Шриланец, Шриланка, Шриланци | Знаме на Шри Ланка |
| Шведска | Кралство Шведска | шведски | Швеѓанец, Швеѓанка, Швеѓани | Знаме на Шведска |
| Швајцарија | Конфедерација Швајцарија | швајцарски | Швајцарец, Швајцарка, Швајцарци | Знаме на Швајцарија |
[уреди] Белешки
- ↑ Називите се однесуваат за најголемата етничка група во држави каде има таква најголема етничка група, или за државјанство за држави каде нема мнозинска етничка група.
- ↑ За народот се користи придавката „авгански“
- ↑ За народите се користат придавките „Бошњак, Бошњачка, Бошњаци“, „Србин, Србинка, Срби“ и „Хрват, Хрватка, Хрвати“
- ↑ Според официјалното француско име.
- ↑ Според официјалното француско име.
- ↑ Ретко се користат.
- ↑ Хеленска Република
- ↑ Оваа придавка се избегнува за да не се помеша со придавката за НР Кина. Поради тоа, почесто се користи „тајвански“.
- ↑ Овие придавки се избегнуваат за да не се помешаат со придавките за НР Кина. Поради тоа, почесто се користи „Тајванец, Тајванка, Тајванци“.
- ↑ За народот се користи придавката „казашки“
- ↑ За народот се користи придавката „киргиски“
- ↑ Поретко се користат „Севернокореец, Севернокорејка и Севернокорејци“
- ↑ Може и „мосото“ или „босото“, како и „сесото“
- ↑ Се препорачува да се користи името „Латвија“ и изведените придавки од ова име.
- ↑ Или „Руанѓани“
- ↑ Придавка за народот е „таџички“
- ↑ Придавка за народот е „туркменски“.
- ↑ Придавка за народот е „узбечки“.
- ↑ Придавка за народот е „хаиќански“.