Википедија:Етика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ЕТ
ВП:ЕТИКА
ВП:БОНТОН
Најважното од оваа страница: Вики етиката е специфично напатствие кое се заснова на здрав разум и на желба за заедничка работа. Бидете пријателски настроени, попустливи, и фокусирајте се на задачата.
Петте столба
Начела за поведение
Етика
Учтивост
Претпоставете добра волја
Илустрирање поента
Консензус
Агитирање
Уредувачки војни
Без лични напади
Вандализам
Внимателно со новодојденците
Сопствеништво на статии

На оваа страница се наведени принципите на Вики-етиката, кои служат како напатствија за тоа како треба да работите со останатите корисници на проектот.

Уредувачите на македонската Википедија имаат различни размислувања, ставови и погледи по многу прашања. Однесувањето со почит кон останатите е клучот за успешна соработка и изработка на што посовршена енциклопедија.

Основни принципи[уреди]

  • Претпоставете добронамерност. Продуктивноста на Википедија се должи на фактот што таа е слободна за секој што сака да допринесува и да состави квалитетна статија.
  • Запомнете го правилото: Однесувајте се кон другите така како што вие би сакале да се однесуваат спрема вас.
  • Бидете учтиви.
  • Бидете внимателни при составување на пораките наменети за страниците за разговор. Пишаните пораки можат да бидат двосмислени и да бидат поинаку сфатени. Исто така не избрзувајте во донесување на заклучоци во однос на останатите корисници. Можеби конотацијата на нивните пораки не е таква како што вие си мислите.
  • Освен ако немате добра причина за тоа, потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор.
  • Стремете се кон постигнување на консензус.
  • Докажете дека сте во право користејќи аргументи, а не лични ставови.
  • Ако другите уредувачи не се баш најучтиви кон вас, немојте и вие да возвраќате со непристоен тон.
  • Дајте пофалба кога таа е заслужена. Секој би сакал неговиот труд да се цени.
  • Помогнете им на другите уредувачи да надминат некое несогласување.
  • Ако сте исфрустрирани поради некоја вжештена дебата, земете одмор од Википедија. Ако забележите дека постои тензија помеѓу некои корисници, предложете им мал одмор кој многу ќе им користи.
  • Запомнете што не е Википедија.
  • Избегнувајте да враќате промени освен кога тоа е неопходно. Притоа внимавајте да не го прекршите тројното правило.
  • Би било пожелно во резимето да објасните зошто враќате промени кои другите ги направиле.
  • Не запаѓајте во уредувачки војни.
  • Не заборавајте дека луѓето со кои спорите околу некое прашање имаат чувства и дигнитет. Затоа одржувајте високо ниво на култура и комуникација.

Други корисни совети[уреди]

  • Бидете отворени и љубезни, никако нападни или зајадливи.
  • Енергијата насочете ја кон подобрување на енциклопедијата.
  • Препознајте што е квалитетна статија (детална, поткрепена со извори и солидно напишана) и пофалете ја.
  • Пишаниот текст треба да биде од неутрална гледна точка, многу важно начело на Википедија.
  • Со колегите постапувајте во духот на добрата волја.
  • Ако не можете да се снајдете, побарајте совет од поискусен уредувач.
  • Ако имате прилика, поканете лица кои се стручни во некоја област да пишуваат на Википедија.
  • На корисниците кои тролуваат, вандализираат или ја нарушуваат работната атмосфера препорачајте им да ја прочитаат оваа страница.[1]

Белешки[уреди]

  1. Напишано од Лери Сејнџер на неговата корисничка страница на 14 февруари, 2003