Википедија:Услови на употреба
Од Википедија
| Внимание! — mk: Оваа страница е превод на официјалните услови на употреба на Фондацијата. Оригиналот може да биде виден на http://wikimediafoundation.org/wiki/Terms_of_Use. Условите на тоа мрежно место не смеат да бидат модифицирани. Имајте предвид дека ако постои несогласност помеѓу тие услови и било кој превод во друг јазик (вклучувајќи го и овој превод), преседан зема англиската јазична верзија. — en: This page is a translation of the official Foundation terms of use. The original can be seen at http://wikimediafoundation.org/wiki/Terms_of_Use. Those site terms are not to be modified. If there is any inconsistency between these terms and any translation into other languages (including this translation), the English language version takes precedence. |
Информација за текстуалните кориснициЗа да расте заедништвото на слободно знаење и слободна култура, сите корисници кои придонесуваат на проектите на Викимедија се задолжени да овозможат широки дозволи до општата јавност за слободна редистрибуција и реупотреба на нивните придонеси, сè додека употребата има препишана заслуга и истата слобода за редистрибуција и реупотреба важи на било кое дело кое настанало од оригиналното. Според тоа, за било кој текст за кој ги држите авторските права, со неговото поднесување се согласувате дека го лиценцирате под Creative Commons Attribution/Share-Alike License 3.0 (Unported). Заради компатибилност, Вие сте исто така задолжени да ги лиценцирате под GNU Free Documentation License (без непроменливите делови, без текстот на предните корици, и без текстот на задните корици.). Рекорисниците можат да изберат со која лиценца(и) да работат. Ве молиме земете предвид дека овие лиценци дозволуваат комерцијални употреби на Вашите придонеси, сè додека таквите употреби се согласни со условите. Како автор, Вие се согласувате да добиете заслуга преку еден од овие начини: а) преку хиперврска (каде што е тоа можно) или URL до статија или статии до кои имате придонесено, б) преку хиперврска (каде што тоа е можно) или URL до алтернативна, стабилна онлајн копија која е слободно пристапна, што се согласува со лиценцата и која овозможува заслуга до авторите на начин кој е еквивалентен на заслугата дадена на ова мрежно место, или в) преку листа на сите автори (било која листа на автори може да биде филтрирана за да ги исклучи многу малите или неважните придонеси.). Импортирање на текст: Ако сакате да импортирате текст кој го имате пронајдено на друго место или го имате под коавторство со други, Вие смеете тоа да го направите само ако е достапен под услови кои се согласни со CC-BY-SA лиценцата. Не мора да осигурувате или да гарантирате дека импортираниот текст е достапен под ГНУ Лиценцата за слободна документација (GNU Free Documentation License — GFDL). Покрај тоа, Ве молиме забележете дека не можете да импортирате информации кои се достапни само под GFDL. Со други зборови, можете да импортирате текст кој е (а) лиценциран со една лиценца под услови согласни со CC-BY-SA лиценцата (б) двојно лиценцирано со GFDL и со друга лиценца компатибилна со CC-BY-SA лиценцата. Ако импортирате текст под компатибилна лиценца која бара давање заслуга, Вие морате, на разумен начин, да дадете заслуга на авторот/авторите. Онаму каде што таква заслуга се дава само преку страниците на историите (како на пример, Викимедија интерно копирање), доволно е да се даде заслуга во описот на промените кој е зачуван во историјата на страницата при импортирањето на текстот. Без разлика на лиценцата, текстот кој го импортирате може да биде одбиен ако бараното давање на заслуга се смета за премногу наметлив. Информација за придонесувачите со нетекстуална медијаНетекстуалната медија на проектите на Фондацијата Викимедија се достапни под различни лиценци кои ја поддржуваат целта на дозволување неограничена повторна употреба и дистрибуција. Барањата за такви лиценци се дадени во Принципот за лиценцирање на Фондацијата Викимедија (Wikimedia Foundation Licensing Policy). Индивидуалните заедници можат да елаборираат за нив и да ги рефинираат овие барања. Информација за рекориснициМожете слободно да реупотребите содржина од проектите на Викимедија, со исклучок на содржина која е дадена под „фер употреба“ исклучоците или слични исклучоци од законот за авторско право. Ве молиме следете ги следниве напатствија: Реупотреба на текст:
Дополнителна достапност на текст под GNU Free Documentation License:
Реупотреба на нетекстуална медија:
Преседан на англиски поимиПоимите на ова мрежно место не смеат да бидат модифицирани. Ако постои несогласност меѓу овие поими и било кој превод во друг јазик, англиската јазична верзија зема преседан. |

