Википедија:Список на начела

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Начела и напатствија  · Список на начела  · Список на напатствија

Кратенки:
ВП:НАЧ

Начелата се општоприфатени стандарди што сите уредувачи треба да ги следат. Тие ги отсликуваат основните идеи врз кои е базиран проектот. Некои од нив се специфично создадени и имплементирани од Фондацијата Викимедија, фондацијата чиј проект е Википедија.

Овие страници можат да се најдат во Категорија:Википедија:Начела.

[уреди] Начела за содржина

[уреди] Основни начела за содржина

Неутрална гледна точка
Сите статии и други енциклопедиски содржини мора да бидат напишани од неутрална гледна точка, со фер презентирање на гледиштата, пропорционално и без пристрасност.
Проверливост
Статиите треба да содржат само материјал кој претходно е публикуван од страна на доверливи извори. Уредувачите кои додаваат или менуваат содржини во статиите со што значително се менува нивната смисла мораат да наведат доверливи извори, во спротивно нивните уредувања може слободно да се избришат.
Без свои истражувања
Википедија не објавува оригинални истражувања или оригинални мисли: сиот материјал во енциклопедијата мора да биде препишан на веродостојни објавени извори. Статиите не смеат да содржат нови анализи или синтези на издаден материјал кој служи за да се напредне ставот кој не е јасно поддржан од изворите.

[уреди] Останати начела за содржина

Биографии на живи личности
Материјалот за живи личности мора да биде напишан со најголема грижа и внимание кон проверливоста и неутралноста и со избегнување на свои истражувања.
Конвенции за именување
Насловите на статиите треба да бидат лесно препознаени од македонските читатели. Тие треба да бидат кратки и не треба да се двозначајни и треба да го прават создавањето на врски до статијата едноставно.
Што не е Википедија
Википедија е интернет енциклопедија. Избегнете го искушението да ја употребувате Википедија за други цели.

[уреди] Администрациони начела

Банирање
Банирање на Википедија претставува формално одземање на привилегиите при уредување на една или повеќе страни на Википедија, најчесто банирање на статија, цела тема или можеби банирање од целиот проект. Ова е социјална мерка, не техничка.
Блокирање
Корисникот може да биде блокиран од уредување од страна на администратор за да ја заштити Википедија и нејзините корисници од штета.
Заштита
Уредувањето или преместувањето на некоја страница може да биде ограничено и/или забрането од страна на администраторите. Бидејќи Википедија е изградена врз начелото кој вели дека секој може да уредува, ова се прави само во определени ситуации.
Критериуми за бришење
Администраторите ги имаат можностите да избришат статии или останати страници на Википедија и да ги вратат избришаните статии назад. Ова е возможно според одредени критериуми.
Критериуми за брзо бришење
Критериумите за брзо бришење ги определуваат посебните случаи каде администраторите можат да избришат страници од Википедија, слики или мултимедијални содржини без претходна дискусија.


[уреди] Начела за однесување

Учтивост
Учествувајте на проектов со почит и разбирање кон другите. Не ги игнорирајте позициите и заклучоците на другите. Обидете се да ги обесхрабрите останатите да не бидат неучтиви и одбегнувајте вознемирување на други уредувачи секогаш кога тоа е можно.

[уреди] Авторски права и правни начела

Авторски права
Текстот на Википедија е заштитен под авторски права од уредувачите на Википедија и е формално лиценциран во јавноста под една од неколкуте слободни лиценци. Повеќето од текстот на Википедија и многу од неговите слики се колиценцирани под Creative Commons Attribution-Sharealike 3.0 Unported License (CC-BY-SA) и GNU Free Documentation License.
Заштита на личните податоци
Фондацијата го собира и задржува најмалиот можен дел од лично препознатливите податоци на читателите и уредувачите на Википедија за да ги исполни операциските потреби на своите проекти.
Одрекување од одговорност
Википедија не дава гаранција за точност, затоа употребувајте ја на сопствен ризик. Ниту еден од спонзорите, администраторите, луѓето кои придонесуваат или било кој поврзан со Википедија е во никој случај одговорен за било каква појава на неточна или дискриминирачка информација, или за Вашата употреба, или за информациите содржани во извори кои водат преку врска надвор од овие веб страници.
Услови на употреба
Како проект на Фондацијата Викимедија, Википедија има услови на употреба кои ги дефинираат правата и обврските на корисниците и уредувачите.

[уреди] Видете исто така


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици