Википедија:Агитирање

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
✔ Оваа страница документира официјален принцип на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:АГИТИРАЊЕ
Nutshell.png Најважното од оваа страница: За да се избегне нарушување на консензус и неговото градење на Википедија, корисниците реба да даваат мали коментари, да бидат неутрални и да не ги избираат примачите на пораките според новното убедување.

Агитирање е праќање пораки на повеќе Википедијанци со намера да ги известат за одредена дискусија која се одвива на Википедија. Под одредени услови тоа е прифатливо, но пораките што се напишани за да влијаат на резултатот на дискусијата одошто на подобрување на квалитетот на разговорот може да се сметаат нарушувачки.

На следнава табела се гледа кога известувањата се сметаат за прифатливи и соодветни или неприфатливи.

  Скала   Порака   Публика   Транспарентност
Пријателски известувања Ограничени постирања и Неутрално и Непартиски и Отворено
Несоодветно агитирање Масовно постирање или Нарушувачки или пристрасно или Партиски или Тајно
Термин Прекубројно постирање   Кампањско агитирање   Влијание врз гласање   Тајно агитирање

Содржина

[уреди] Пријателски известувања

Неутралните известувања испратени до мала група на корисници се сметаат за „пријателски известувања“ ако тие се наменети за подобрување, отколку за влијание врз разговорот. Така на пример, ако се отвори дискусија за која е потребен поискусен корисник, тогаш се испраќа молба до корисникот да го види разговорот и да даде свои придонеси.

Запомнете секогаш пораките треба да имаат неутрален текст, и да оставате забелешка на страната на самата дискусија дека сте испратиле такво известување.

[уреди] Несоодветна агитација

Несоодветна агитација е општо прифатлива како нарушувачко однесување на Википедија.

[уреди] Прекумерно постирање/ објавување

Важните разговори понекогаш се случуваат на одредени локации на Википедија, па така корисниците се обидуваат да го популаризираат разговорот со масовно испраќање на електорнска пошта. Дури и ако целта на ваквото информирање не е да се влијае врз резултатот на дебатата, испраќање на објави до корисници што не се инволвирани во дискусијата се смета за штетно и неприфатливо.

[уреди] Кампањско агитирање

Кампањското агитирање има за цел да се влијае врз личноста што ја чита пораката преку користење на ненеутрален тон, зборови или намери. Таквото однесување не се прифаќа на Википедија.

[уреди] Влијание врз гласање

Влијанието на гласањето е обид да се издејствува консензус преку селективни информирање на корисници кои имаат слични или исти ставови со корисникот што агитира и со тоа се охрабруваат да се вклучат во разговор.

[уреди] Тајно агитирање

Поради транспарентноста на праќање електронски пораки или видови на комуникација надвор од Википедија, ова не е прифатливо освен ако има јака и разбирлива причина за тоа. Во зависност од околностите, испраќањето на електронски пораки се гледа како негативна работа.

[уреди] Форумско однесување

Форумското однесување се однесува на ситуација кога корисник постојано прашува за надворешни мислења сè додека не се достигне резултатот што тој корисник го посакува. Ова важи и за сите страници на Википедија.

[уреди] Одговор кон агитирањето

Најефективниот одговор кон агитирањето е учтиво да се побара од корисникот да престане да агитира на разговорите, и ако корисникот продолжи со агитирањето, тогаш тој се блокира за да се спречи понатамошно објавување коментари. Што повеќе корисници се инволвирани во ваквата ситуација толку повеќе вакво однесување е присутно.

Корисници кои претходно биле замолени да не агитираат, се блокираат веднаш без повторно предупредување.

[уреди] Ако имаш намера да агитираш

Следното упатство за испараќање пријателски известувања е широко прифатено од корисниците:

  • Биди отворен. Не пишувај коментари што на прв поглед наликуваат на индивидуални пораки.
  • Биди учтив.
  • Избегни излишност. Подобро од копирање по неколку пати еден есеј од пет страни е да ставиш линк до соодветната страница.
  • Не користи бот. Ако не сакаш да го поминеш времето во испраќање пораки, не ни го троши и нашето време со читање (отфрлување) на напишаните коментари. Ако се користат ботови без соодветна дозвола доведува до блокирање на ботот и на корисничката сметка.

[уреди] Видете исто така