Википедија:Именување на статии
Конвенциите за именување се принципи на Википедија за тоа како да се именуваат насловите на енциклопедиските статии.
Доколку сакате да предложите нова конвенција за именување, сторете го тоа на овој портал.
[уреди] Користете го најлесно препознатливото име
Општо, именувањето на статиите треба да го преферира она што најголемиот број зборувачи на македонски јазик би го најлесно препознале, а истовремено создавањето на врски до таквите статии треба да биде лесно.
Ова е оправдано од следново начело:
- Имињата на статиите на Википедија треба да бидат оптимизирани повеќе за читателите отколку за уредувачите и повеќе за општата публика отколку за специјалистите.
Википедија ја определува познатоста на името преку гледање како веродостојните извори на македонски јазик ја нарекуваат темата.
Во продолжение дадените конвенции за именување претставуваат водилки за создавањето и именувањето на страници. Ова се конвенции, а не стриктни закони изгравирани во камен. Како што Википедија расте и се менува, некои конвенции кои порано имале смисла, сега се несоодветни. Секогаш кога ќе се сомневате, следете ја конвенцијата.
[уреди] Создавајте и пренасочувања
За полесно разбирање на конвенциите за именување на статиите на Википедија е исто така важно да се следат конвенциите за врски. Следењето на постојаните конвенции за именување и за врски доведува до правилен трансфер (без пренасочувања). Пренасочување би требало да се направи за статии кои со право можат да се најдат под две имиња (поранешни имиња на држави и сл.). Обратно, термин кој има повеќе значења би требало да се наведе на посебна страница, односно страница за појаснување.
[уреди] Конструкција на имиња
[уреди] Вторите и последователните зборови се пишуваат со мала буква
Конвенција: Не ги пишувајте со голема буква вторите и субсеквентните зборови од повеќеделниот наслов на статијата освен ако насловот не е сопствена именка (лично име, име на компанија) или, пак, тој секогаш се пишува со големи букви (на пример, Александар Сергеевич Пушкин и Нова Уметност, но не треба да се пишува, на пример, Компјутерски и Видео Игри).
Како резултат на техничките ограничувања својствени за МедијаВики софтверот, првата буква во една статија секогаш треба да биде голема буква. Обично ова не е проблем, но создава нејаснотии кога првата буква од сопствената именка е мала буква (на пример, eBay). Првата буква на внатрешна викиврска не треба да биде капитализирана (напишана со голема буква) и ќе го упати читателот кон истата страница (на пример, компјутерски и видео игри или Компјутерски и видео игри можат да се користат заемно, како што налага текстот во статијата).
Образложување и специфики: Видете Википедија:Конвенции за именување (голема буква) и Википедија:Канонизација.
[уреди] Преферирајте именки во еднина
Конвенција: Генерално, создавајте имиња на статии (страници) кои се во еднина, освен ако таа именка е секогаш во множина во македонскиот јазик (како на пример трегери или ножици).
Исклучоци се Арапски бројки, Листа на хобија, ... кои треба да бидат во множина.
Имињата на категориите имаат различни конвенции за множина. За ова видете Википедија:Конвенции за именување (категории).
Образложување и специфики: Видете Википедија:Конвенции за именување (множина).
[уреди] Пренасочувајте ги придавките кон именки
Конвенција: Придавките (како демократски) треба да се пренасочат кон именки (во овој случај, демократија).
Образложување и специфики: Видете Википедија:Конвенции за именување (придавки).
[уреди] Користете македонски зборови
Конвенција: Настојувајте да ги именувате Вашите статии на македонски јазик и наведете го матичниот превод на името на статијата во првиот ред од самата статија.
Образложување и специфики: Видете Википедија:Конвенции за именување (користете македонски).
[уреди] Странски имиња
Конвенција: При именувањето на статиите треба да се настојува да се користи македонскиот јазик и кириличното писмо - преку превод на странскиот термин или пак негова соодветна транскрипција. Сепак тоа не е секогаш пожелно и можно.
Образложување и специфики: Видете Википедија:Конвенции за именување (странски имиња и изрази).
[уреди] Користете чести (познати) имиња на личности и нешта
Конвенција: Користете го најпознатото можно име за личност или нешто (предмет) кое не се коси со имињата на другите луѓе или предмети.
Образложување и специфики: Видете Википедија:Конвенции за именување (чести имиња).
[уреди] Бидете што попрецизни кога е потребно
Конвенција: Ве молиме, не пишувајте или ставајте статија на страница која е двосмислено именувана како да нема други значења.
Образложување и специфики: Видете: Википедија:Конвенции за именување (прецизност) и Википедија:Појаснителна страница.
[уреди] Преферирајте целосни имиња за акроними (кратенки)
Конвенција: Избегнувајте ја употребата на акроними при именувањето на статијата освен ако терминот е ексклузивно познат по својот акроним и е нашироко познат и користен во таа форма (НАТО, ласер, радар се добри примери на акроними кои нашироко се познати како зборови).
Образложување и специфики: Видете: Википедија:Конвенции за именување (акроними).
[уреди] Употребата на „и“
Не го употребувајте сврзникот „и“ за да направите нерамнотежа на неутралната гледна точка кај имињата на статиите. На пример, една статија треба да се именува како Исламски екстремистички тероризам отколку Исламот и тероризмот.
[уреди] Не употребувајте име на статија кое сугерира на хиерархија од статии
Додека статијата Транспорт во Азербејџан може да се смета како пододдел од Транспорт како во Азербејџан, не користете имиња како Азербејџан/Транспорт.
[уреди] Бидете внимателни со некои специјални карактери
Некои специјални карактери или неможат да се користат, или можат да предизвикаат проблеми. На пример, не треба да се користат карактерите хоризонтална црта (|), големи загради ({}) или средни загради ([]) во едно име.
Насловите на статиите не смеат да почнуваат со меѓујазична (интервики) врска. На пример, страница со насловот FR:пример ќе произведе врска до страницата именувана како „Пример“ на Француската Википедија. Истото се однесува и за меѓујазични врски.
За употребата на тиреа, цртички и места во имињата на статиите, видете Википедија:Прирачник за стил (црти).
Видете и Википедија:Конвенции за именување (технички ограничувања).
[уреди] Избегнувајте неалфа-нумерички карактери кои се користат само за емфази
За да се одржи функционалноста на азбучното индексирање и да се избегнат непотребни пренасочувачки страници, имињата на статиите не треба да започнат со неалфа-нумерички (А-Ш,0-9) карактери кои се користат само за емфаза. Исто така, имајте на ум дека Википедија не е збирка на сами цитати; за тоа служи Викицитат проектот. Доколку еден цитат е вреден да има воја статија, не ги користете наводниците за цитирање, туку наведете го само името на цитатот.
- Примери за неточни имиња на статии: ****Енциклопедија****, !Листа на работи кои ми требаат, „Фаќајќи риба“.
- Пример за точно и неалфа-нумеричко именување: *69
- Примери за правилни имиња на статии за цитати: Да се биде или не; Мислам значи постојам.
[уреди] Специфични конвенции
|
||||||||||||||||||||||||||||||||