МедијаВики

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


МедијаВики
MediaWiki
Логото на МедијаВики
Развивачи Фондација Викимедија,
Тим Старлинг (раководител на изданија)
Првично издание 25 јануари 2002
Прог. јазик PHP
Опер. систем Повеќеподложен
Големина ~13,7 МБ
Јазици над 300, вклучувајќи го и македонскиот
Вид вики
Лиценца GPLv2+
Мреж. место mediawiki.org

МедијаВики (MediaWiki) е мрежен вики-програм која се користи на сите проекти на Фондацијата Викимедија, на сите викија вдомени од Викија (Wikia) и на многу други викија, вклучувајќи некои од најпопуларните и најголемите.[1] Иако оригинално е развиена за потребите на Википедија, енциклопедија со слободна содржина, денес во употреба на многу фирми за внатрешно раководење на нивното знаење. Од позначајните, компанијата Novell ја користи за функционирање на многу од нејзините често посетувани мрежни места.[2]

МедијаВики е напишана во PHP програмскиот јазик и може да го користи или MySQL или системот за управување со бази PostgreSQL. МедијаВики се дистрибуира под условите на ГНУ-овата општа јавна лиценца додека нејзината документација е објавена под условите на ГЛСД и е делумно во јавна сопственост (јавен домен), а со тоа самиот програм е слободна и отворена програмска опрема.


[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици