ГНУ-ова општа јавна лиценца

Од Википедија — слободната енциклопедија
ГНУ-ова општа јавна лиценца
GNU General Public License
Лого на ОЈЛ
Автор3
ИздавачФондација за слободна програмска опрема
Издадено29 јуни 2007
Одобрена од ФСПОда[1]
Одобрена од ИОПОда[2]
Копилефтда[1][3]
Поврзување од код со друга лиценцане (освен за поврзување на ГНУ АОЈЛв3 со ГНУ OJЛв3)
Порталgnu.org/licenses/gpl.html

ГНУ-овата општа јавна лиценца или ОЈЛ (англ. GNU General Public License, GNU GPL или GPL) ја има составено Ричард Сталман со цел да се употребува во рамките на ГНУ проектот. Развојот на лиценцата е смислена како обединување на слични лиценци кои биле користени за поранешните верзии на ГНУ Имакс (GNU Emacs) и други ГНУ програми. Иако лиценците имале слични поставки и цели, тие биле различни и специфични спрема својата програма. Целта на Сталман била да се осмисли една лиценца која би можела да се користи универзално, за било кој програмски проект, и на тој начин да се олесни размената и слободното користење на изворниот код меѓу проектите. Првата верзија (GPL version 1) е издадена во јануари 1989. Актуелна е втората верзија од 1991 година. Во 2005 година во тек е подготовката на третата верзија.

ГНУ-овата општа јавна лиценца ја има следнава структура:

  • Наслов;
  • Вовед;
  • Одредби и услови за умножување, разделба и менување (12 члена, последните два се однесуваат на отсуство на гаранција); и
  • Како да се применуваат овие одредби на вашите нови програми (кратко практично упатство).

Оригиналниот текст можете да го најдете на следниот врска - [1].

Напомена


This is an unofficial translation of the GNU General Public License into the Macedonian language. It was not published by the Free Software Foundation, and does not legally state the distribution terms for software that uses the GNU GPL—only the original English text of the GNU GPL does that. However, we hope that this translation will help Macedonian language speakers understand the GNU GPL better.

Пред вас е неофицијален превод na ГНУ-овата општа јавна лиценца на македонски јазик. Овој превод не е објавен од страна на Фондацијата за слободна програмска опрема (Free Software Foundation), и како таков не ги поставува правните услови за разделување на програмска опрема со ГНУ ГПЛ лиценца; само оригиналната англиската верзија објавена од Фондацијата слободна програмска опрема го чини тоа. Целта на овој превод е да се овозможи луѓето што не го познаваат англискиот јазик, подобро да ја разберат ГНУ-овата општа јавна лиценца.


Наслов[уреди | уреди извор]

ГНУ-ова општа јавна лиценца

Верзија 2, јуни 1991 г.

Авторски права: Copyright © 1989, 1991 Free Software Foundation, Inc., 59 Temple Place - Suite 330, Boston, MA 02111-1307, USA.

Дозволено е умножување и копирање на дословни примероци на текстот од ова лиценца, но не е дозволено нејзиното менување.

Вовед[уреди | уреди извор]

Мнозинството од лиценците за програмска опрема се составени со цел да Ви ја одземат слободата да го делите и менувате. За разлика од нив, ГНУ-овата општа Јавна јиценца има за намера да Ви ја гарантира Вашата слобода да делите и менувате слободна програмска опрема, и да обезбеди тој програм да биде слободен за сите негови корисници. Оваа општа јавна лиценца се применува на мнозинството на програмите на слободна програмска опрема и на секој програм за кој неговите автори се обврзуваат за неjзина употреба. (делот од програмската опрема на Фондацијата за слободна програмска опрема кој не е издаден под ГНУ-овата општа јавна лиценца, е опфатен со ГНУ-овата библиотечна јавна лиценца.) Секој, па и вие, може да ја употребува ГНУ-овата општа јавна лиценца.

Кога зборуваме за слободна програмска опрема, мислиме на слобода, а не на цена. Нашите општи јавни лиценци се составени да ја осигураат вашата слобода на дистрибуција на примероци на слободна програмска опрема (и ако сакате, вие можете да наплаќате за ова услуга), да го добиете изворниот код или да ви биде достапен ако го посакате, да можете да ја менувате програмската опрема или да користите делови од некоја слободна програмска опрема во нова слободен програмска опрема, и да обезбедат да знаете дека горенаведеното можете да го правите.

Да ги заштитиме вашите права, мораме да воспоставиме рестрикции кои забрануваат на било кој да Ви ги спори овие права и да Ви бара да се одречете од тие права. Овие рестрикции се претвораат во одредени обврски кои вие морате да ги исполните во случај да разделувате копии на оваа програмска опрема или во случај да ја менувате.

На пример, ако разделите копии на оваа програма, бесплатно или за паричен надоместок, морате сите права кои и Вие ги имате да ги дадете на примателите. Морате да осигурате и тие да го добијат, или да им е на располагање, изворниот код. Морате да им ги покажете овие одредби, за и тие да ги спознаат своите права.

Ние ги браниме вашите права преку два чекора: (1) го браниме оваа програмска опрема со заштита на авторски права, и (2) ви ја даваме ова лиценца која ви дава правна дозвола да ја умножувате, разделувате и/или менувате оваа програмска опрема.

Понатаму, поради нашата заштита и заштитата на секој автор, ние сакаме да се осигураме дека секој разбрира дека нема гаранција за оваа слободна програмска опрема. Ако програмската опрема биде изменета од друг и, така изменета, биде проследена, ние сакаме примателите да знаат дека тоа што го имаат не е оригиналот и со тоа какви било проблеми внесени од страна на други да не се огледаат на угледот на оригиналните автори.

Конечно, било којслободна програмска опрема е под постојана закана на патенти за програмска опрема. Ние сакаме да ја избегнеме опасноста дека тие што вршат редистрибуција на еден слободен програм, поединечно би добиле патентна лиценца и на тој начин таа програмска опрема да влезе во приватна сопственост. За да спречиме ваков случај, разјаснивме дека каков било патент мора да биде лиценциран за слободна употреба на сите или воопшто да не биде лиценциран.

Следат прецизните одредби за умножување, разделување и менување.

Одредби и услови за умножување, разделба и промена[уреди | уреди извор]

0. Оваа лиценца се однесува на секоја програма или друга творба која што содржи порака внесена од сопственикот на авторските права, кажува дека таа може да биде дистрибуирана под одредбите на ова Општа јавна лиценца. Како „програма“, во натамошниот текст, се подразбира каква било програма или творба, и како „творба врз основа на програмата“ се подразбира самата програма или било која творба изведена од нејзе под Законот за авторски права: кажано со други зборови, творба која ја содржи програмата или дел од нејзе, или дословно или со измени или во превод на други јазици. (Во натамошниот текст, превод ќе биде означен, без ограничувања, како измена.) Секој корисник на оваа лиценца ќе биде именуван како „Вие“.

Активностите, освен умножување, дистрибуирање и менување, кои не се покриени со ова лиценца се надвор од нејзиниот опсег. Чинот на извршување на програмата не е ограничен и производите на програмата се покриени од ова лиценца само ако нивната содржина претставува творба врз основа на програмата (независно од тоа што извршувањето на програмата ја направила таа творба). Да ли е тоа точно, зависи од тоа што таа програма прави.

1. Вие можете да умножувате и дистрибуирате дословни примероци на изворниот код на програмата штом го добиете, на било кој медиум,

под услов да на очигледен и адекватен начин на секоја копија објавите известување за авторските права и порекнување на гаранција; да ги сочувате неразделени сите пораки кои се однесуваат на ова лиценца и на отсутност на каква било гаранција; и на сите други приматели на оваа програма да им дадете една копија на оваа лиценца заедно со програмата.

Вие можете да наплаќате хонорар за чинот на физичкиот пренос на копија на ова програма, и Вие можете по Ваш избор да понудите заштита во вид на гаранција во замена за хонорар.

2. Вие можете да ја менувате Вашата копија или копии на ова Програма или на било кој нејзин дел, и така што остварите творба врз основа на оваа Програма, и да ги умножите и дистрибуирате тие измени или творби под одредбите од Членот 1, под услов да ги исполните следните услови:

а) Вие мора да предизвикате сите изменети податотеки да носат очигледни пораки кои известуваат дека сте ги измениле тие податотеки како и датумите на менувањето.
б) Вие мора да поттикнете било која творба која ја разделувате или објавувате, која во целост или во било кој нејзин дел содржи или е изведена од ова Програма или некој нејзин дел, да биде лиценцирана во целина и без наплата на сите трети лица под одредбите на ова Лиценца.
в) Ако изменетата програма вообичаено чита наредби интерактивно при нејзиното извршување, вие морате да поттикнете, при нејзиното извршување за таква интерактивна употреба и во вообичаен начин, таа да испише или прикаже известување за авторски права и известување дека нема гаранција (или дека Вие давате гаранција) и дека корисниците можат да ја разделуваат оваа програма под овие услови, и објаснување за корисникот како може да види една копија од ова Лиценца. (Исклучок: ако Програмата е интерактивна, но не е вообичаено за нејзе да прикажува таква порака, Вашата творба врз основа на ова Програма не е во обврска да прикаже таква порака.)

Овие барања се применливи на изменетата творба во нејзина целина. Ако препознатливи делови на таа творба не произлегуваат од Програмата, и можат со право да се сметаат како независни и посебни творби сами по себе, тогаш оваа Лиценца, и нејзините одредби, не се применуваат на тие делови кога ги разделувате како посебни творби. Ако Вие ги дистрибуирате истите тие делови како дел од една целина која е творба врз основа на оваа Програма, дистрибуирањето на целината мора да биде според одредбите на оваа Лиценца, чии дозволи за други носители на ова лиценца се прошируваат на нејзе во целост, и со тоа на секој нејзин дел без разлика на тоа кој го напишал.

Според тоа, овој член нема намера да бара права или да ги спори Вашите права на творби кои вие целосно сте ги направиле; напротив, намерата е да се спроведе правото на контрола над разделувањето на изведени или заеднички творби направени врз основа на оваа Програма.

Понатаму, самото доставување на некоја друга творба која не е направена врз основа на ова Програма заедно со оваа Програма (или творба врз основа на оваа Програма) на медиум за паметење или дистрибуирање не ја доведува другата творба под рамките на оваа Лиценца.

3. Вие можете да ја умножувате и дистрибуирате оваа Програма (или творба врз основа на нејзе, според член 2.) во објектниот код или во извршна форма под одредбите од гореспомнатите членови 1. и 2. под услов да спроведете еден од овие чина:

а) со нејзе да го приложите комплетниот изворен код во машинско читлива форма, кој мора да биде разделен во согласност со гореспомнатите членови 1. и 2. на медиум вообичаен за размена на програмска опрема; или,
б) со нејзе да приложите пишана понуда, со важност од најмалку три години, која дава на било кое трето лице, во замена за паричен надомест не поголема од трошоците на самата дистрибуција, комплетен и машинско читлив примерок од дотичниот изворен код, кој мора да биде разделен во согласност со гореспомнатите членови 1. и 2. на медиум вообичаен за размена на програмска опрема; или,
в) со нејзе да ја приложите информацијата која Вие сте ја примиле во смисла на понудата за дистрибуирање на изворниот код. (Оваа алтернатива е дозволена само за некомерцијална дистрибуција и само во случај да Вие сте ја добиле ова Програма во објектен код или во извршна форма спрема понудата, во склад со гореспомнатиот подчлен б).)

Изворниот код за некоја творба подразбира најсаканата форма за правење измени врз творбата. За извршната творба, целосен изворен код го подразбира целиот изворен код со сите модули кои го чинат, плус какви било податотеки кои ја дефинираат интеракцијата, плус скриптите кои се користат да се контролира компилацијата и инсталацијата на извршната податотека. Меѓутоа, како посебен исклучок, разделениот изворен код не треба да вклучува било што што вообичаено се разделува (или како изворна или во бинарна форма) со главните компоненти (компајлер, јадро, и така натаму) од оперативниот систем на кој извршната податотека се извршува, освен доколку таа компонента самата ја придружува извршната податотека.

Ако дистрибуирањето на извршниот или објектниот код се прави со понуда на пристап на еден примерок на одредено место, тогаш понудата на истоветниот изворен код од истото место ќе се зема предвид како дистрибуција на изворниот код, иако трети лица не се под принуда да го умножуваат изворот заедно со објекниот код.

4. Вие не смеете да ја умножувате, менувате или подлиценцирате Програмата освен како што е изречно одредено во оваа лиценца. Каков било обид на друг начин да се умножува, дистрибуира или менува Програмата не е правосилен и автоматски ќе ги поништи Вашите права кон оваа лиценца. Меѓутоа, на лицата што добиле примероци, или права, од Вас под ова лиценца, нивните лиценци нема да им бидат поништени доколку тие лица ги почитуваат одредбите во целост.

5. Вие не сте обврзани да ја прифатите оваа лиценца, бидејќи не сте ја потпишале. Меѓутоа, ништо друго не ви дава право да ја менувате и дистрибуирате Програмата или творби врз нејзина основа. Тие чинови се забранети со закон ако Вие не ја прифатите оваа лиценца. Во таа смисла, со менување или дистрибуирање на Програмата (или било која творба врз нејзина основа), Вие го потврдувате Вашето прифаќање на оваа Лиценца да го чините тоа кон нејзе, и сите нејзини одредби и услови за умножување, дистрибуирање и менување на Програмата или творби врз нејзина основа.

6. Секој пат кога ја дистрибуирате Програмата (или било која творба врз нејзина основа), примателот автоматски ја прима Лиценцата од првобитниот автор-носител на лиценцата да ја умножува, дистрибуира или менува Програмата според овие одредби и услови. Вие не смеете да наметнувате дополнителни ограничувања на спроведувањето на правата овде дадени на тие приматели. Вие не сте одговорни за спроведување на оваа лиценца од страна на трети лица.

7. Ако, како последица на судска пресуда или тужба за патентен прекршок или заради каква било друга причина (кој не мора да биде ограничен на патентни прашања), Ви се наметнати услови (било со судска пресуда, договор или на друг начин) кои се спротивни со условите на ова лиценца, тие не Ви даваат право на исклучок од условите на оваа лиценца. Ако не можете да ја дистрибуирате така што ќе ги задоволите истовремено Вашите обврски кон ова лиценца и било кои други прифатени обврски, тогаш како последица Вие воопшто не смеете да ја дистрибуирате ова Програма. На пример, ако некоја патентна лиценца не дозволува дистрибуирање на Програмата без наплаќање на хонорари од страна на сите што добиле примероци директно или индиректно од Вас, тогаш единствен начин да ја задоволите патентната лиценца и оваа лиценца е целосно да се воздржите од дистрибуирање на оваа Програма.

Ако било кој дел на овој член се смета за неважечки или неприменлив под какви било околности, ќе се применува дополнението на овој член и членот во својата целост ќе се применува под други околности.

Не е цел на овој член да ве наведе да прекршите какви било патенти или други сопственички права или да ја спори правосилноста на тие права; овој член има единствена цел да го заштити интегритетот на системот на дистрибуирање на слободна програмска опрема, кој се спроведува со примена на јавни лиценци. Многу луѓе имаат дадено несебичен придонес на широкото поле на програмска опрема кој се дели со таков систем и со потпора на доследната примена на тој систем; на авторот/учесникот е да одлучи дали тој или таа сака да дели програмска опрема со било кој друг систем и давачот на лиценцата не може да наметне таква одлука.

Овој член има намера целосно да разјасни тоа што се верува дека е последица на остатокот на ова лиценца.

8. Ако дистрибуирањето и/или употребата на оваа Програма е ограничена во одредени земји или со интерфејси кои се под патент или со авторски права, оригиналниот носител на авторските права и тој кој ја става оваа Програма под оваа лиценца може да додаде изречно ограничување со кое ги изоставува тие земји, и така дистрибуирањето да биде дозволено во или меѓу земји кои не се изоставени. Во таков случај, оваа лиценца го отелотворува тоа ограничување како да е напишано во целината на ова лиценца.

9. Фондацијата за слободна програмска опрема повремено може да издаде ревидирани и/или нови верзии на Општата јавна лиценца (ОЈЛ). Такви нови верзии ќе бидат слични во духот со оваа верзија, но може да се разликуваат во поединости за да опфатат нови проблеми или прашања.

Секоја верзија добива одреден број на верзија. Ако програмата укажува на број на верзија на оваа лиценца која се применува на нејзе и „било која понатамошна верзија“, тогаш Вие имате избор да ги следите одредбите и условите било на таа верзија или на било која понатамошна верзија издадена од Фондацијата за слободна програмска опрема. Ако Програмата не го специфицира бројот на верзијата на оваа лиценца, Вие можете да си изберете било која верзија која е издадена од страна на Фондацијата за слободна програмска опрема.

10. Ако сакате да вградите делови од оваа Програма во други слободни програми чии услови на дистрибуција се различни, пишете му на авторот и прашајте го за дозвола. За програмска опрема која е под заштита на авторски права во корист на Фондацијата за слободна програмска опрема, пишете на Фондацијата за слободна програмска опрема; ние понекогаш правиме исклучоци од ова лиценца. Нашата одлука ќе биде заснована на две цели на сочувување на слободниот статус на сите дела направени врз основа на слободна програмска опрема и на општо ширење на насоките на делење и повеќекратна употреба на програмска опрема.

БЕЗ ГАРАНЦИЈА

11. БИДЕЈЌИ ОВАА ПРОГРАМАА Е ЛИЦЕНЦИРАНА БЕЗ ПАРИЧEН НАДОМЕСТ, НЕ ПОСТОИ ГАРАНЦИЈА ЗА ОВАА ПРОГРАМА, ДО СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ПРИМЕНЛИВИТЕ ЗАКОНИ. ОСВЕН ВО СЛУЧАЈ КАДЕ ИМА НАПИСМЕНО ДОСТАВЕН ИСКЛУЧОК СОПСТВЕНИЦИТЕ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА И ДРУГИ СТРАНКИ ЈА ДОСТАВУВААТ ПРОГРАМАТА „ТАКВА КАКВА ШТО Е“ БЕЗ БИЛО КАКВИ ГАРАНЦИИ, БИЛО ИЗРИЧНИ ИЛИ ТОЛКУВАНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО БЕЗ НА НИВ ДА СЕ ОГРАНИЧАТ, ТОЛКУВАНИ ГАРАНЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ И ПРИКЛАДНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА УПОТРЕБА. ЦЕЛИОТ РИЗИК ВО ОДНОС НА КВАЛИТЕТОТ И ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ОВА ПРОГРАМА ГИ СНОСИТЕ ВИЕ. АКО ПРОГРАМАТА СЕ ПОКАЖЕ КАКО НЕИСПРАВНА, ВИЕ САМИ ГИ СНОСИТЕ СИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СИТЕ НЕОПХОДНИ СЕРВИСИРАЊА, ПОПРАВКИ И КОРЕКЦИИ.

12. ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ, ОСВЕН АКО ТОА НЕ ГО БАРА ОДРЕДЕН ЗАКОН ИЛИ ПИШАН ДОГОВОР, БИЛО КОЈ СОПСТВЕНИК НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА, ИЛИ БИЛО КОЈА ДРУГА СТРАНКА КОЈА МОЖЕ ДА ЈА ДИСТРИБУИРА ОВАА ПРОГРАМА НА ПРЕТХОДНО ОПИШАН НАЧИН, ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРНА КОН ВАС ЗА ШТЕТИ, ВКЛУЧУВАЈКИ БИЛО КОИ ОПШТИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ШТЕТИ ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ БИЛО ОД КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ ОД НЕСПОСОБНОСТА НА КОРИСТЕЊЕ НА ОВА ПРОГРАМА (ВКЛУЧУВАЈКИ НО НЕ ОГРАНИЧЕНО НА ГУБИТОК НА ПОДАТОЦИ ИЛИ НА ВНЕСУВАЊЕ НА ГРЕШКИ ВО ПОДАТОЦИТЕ ИЛИ НА ГУБИТОЦИ НАПРАВЕНИ ОД ВАС ИЛИ ОД ТРЕТИ ЛИЦА ИЛИ ОД НЕМОЖНОСТА НА ПРОГРАМАТА ДА СЕ ИЗВРШУВА ЗАЕДНО СО ДРУГИ ПРОГРАМИ), ДУРИ И ВО СЛУЧАЈ СОПСТВЕНИКОТ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ИЛИ БИЛО КОЈА ДРУГА СТРАНКА ДА БИЛЕ СОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА НА ТАКВИ ШТЕТИ.

КРАЈ НА ОДРЕДБИ И УСЛОВИ

Како да се применуваат овие одредби на Вашите нови програми[уреди | уреди извор]

Ако развиете нова програма, и ако сакате да биде од најголема можна корист за јавноста, најдобриот начин да се стори тоа е програмата да ја направите како слободна програмска опрема кои секој може да ја разделува и менува под овие услови.

За да го сторите тоа, прикачите ги следниве објави на програмата. Најбезбедно е тие да се прикачат на почетокот од секоја изворна податотека за најефективно да се пренесе исклучокот на гаранција; и секоја податотека најмалку би требала да го има изразот „Авторски права“ со покажувач до таму каде каде може полната објава на тие права да се најде.

една линија со името на програмата и опис што таа прави
Copyright (C) *година*  име на авторот
Оваа програма е слободна програмска опрема; вие можете да ја разделувате
и/или да ја менувате под условите на ГНУ-овата општа јавна лиценца
објавена од Фондацијата за слободна програмска опрема; било како Верзија 2
од ова Лиценца, или (по Ваш избор) некоја покасна верзија.
Ова програма се разделува во надеж дека ќе биде корисна, но БЕЗ
БИЛО КАКВА ГАРАНЦИЈА; подеднакво ни без толкувана гаранција на
КОМЕРЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ И ПРИКЛАДНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА УПОТРЕБА. Видете
ја ГНУ-овата општа јавна лиценца за повеќе детали.
Вие треба да сте добиле примерок на ГНУ-овата општа јавна лиценца
заедно со ова програма; во спротивно, пишете до Фондација за слободна
програмска опрема (Free, 51 Franklin Street, Fifth Floor, Boston, MA  02110-1301, USA.

Исто така, доставете информација како да се стапи во контакт со Вас преку електронска и обична пошта.

Ако програмата е интерактивна, кога почнува да се извршува во интерактивен режим направете ја да дава кратка објава како следнава:

Гномовизија верзија 69, Copyright (C) *година* име на авторот
Гномовизија доаѓа АПСОЛУТНО БЕЗ ГАРАНЦИЈА; за детали
внесете „покажи w“. Оваа програма е слободна програмска опрема и вие сте 
добредојдени да го редистрибуирате според определени услови; внесете 
„покажи c“ за деталите.

Хипотетичките команди „покажи w“ и „покажи c“ би требале да ги покажат одветните делови на општата јавна лиценца. Се разбира, командите кои Вие ќе ги користите можат да се наречат и поинаку од „покажи w“ и „покажи c“; тие можат да бидат и кликнувања со глушецот или ставки од менито - било што што одговара на Вашата програма.

Вие би требале исто да од Вашиот работодавач (ако работите како програмер) или од Вашето училиште, ако тоа постои, да барате да потпишат „одрекнување од авторските права“ над програмата, ако е тоа потребно. Еве еден пример, имињата се менуваат:

Јојодин ДОО, се одрекнува од сите авторски
права над оваа програма `Гномовизија' (која
врши проток низ компајлери) напишана од
Џемс Хекер.
потпис на Тај Кун, 1 април 1989
Тај Кун, Претседател на Смена

Оваа општа јавна лиценца не дозволува вградување на Вашата програма во неслободни програми во приватна сопственост. Ако Вашата програма е библиотека на под-рутини, Вие можете да сметате дека е покорисно да дозволите да неслободни приватни апликации се поврзуваат со таа библиотека. Ако е тоа вашата желба, употребите ја ГНУ-овата ограничена општа јавна лиценца (GNU Lesser General Public License).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Лиценци - Фондација за слободна програмска опрема“. Фондација за слободна програмска опрема. Архивирано од изворникот на 2008-12-16. Посетено на 10 декември 2009. (англиски)
  2. „Licenses by Name“. Open Source Initiative. Посетено на 10 December 2009.
  3. „Копилефт: Прагматичен идеализам – Фондација за слободна програмска опрема“. Лиценци - Фондација за слободна програмска опрема. Посетено на 10 декември 2009. (англиски)

Поврзано[уреди | уреди извор]