Мегабајт
Мегабајт (од англ. megabyte) е содржател (изведена единица) на единицата бајт за складирање или пренос на дигитални податоци, и има две разни вредности во зависност од контекстот: 1 бајти (220) за сметачки памтила (мемории);[1][2] и еден милион бајти (106, вид. префиксот мега-) општо за складирање кај сметачите.[1][3] Одборот на IEEE одлучил дека „Мега ќе значи 1 000 000“, со исклучок на степенуваните значења на основа 2.[3] Во ретки случаи може да значи 1000×1024 (1) бајти.[3] It is commonly abbreviated as МБ[4], (MB) или Мбајт (Mbyte) (но не Мб или Mb, бидејќи тоа е симбол за мегабит).
|
|
||||
|---|---|---|---|---|
| Децимални SI-префикси | Бинарни IEC-префикси | |||
| Назив (симбол) |
Стандард (SI) |
Бинарна примена |
Назив (симбол) |
Вредност |
| килобајт (кБ) | 103 | 210 | кибибајт (КиБ) | 210 |
| мегабајт (МБ) | 106 | 220 | мебибајт (Миб) | 220 |
| гигабајт (ГБ) | 109 | 230 | гибибајт (ГиБ) | 230 |
| терабајт (ТБ) | 1012 | 240 | тебибајт (ТиБ) | 240 |
| петабајт (ПБ) | 1015 | 250 | пебибајт (Пиб) | 250 |
| ексабајт (ЕБ) | 1018 | 260 | ексбибајт (ЕиБ) | 260 |
| зетабајт (ЗБ) | 1021 | 270 | зебибајт (ЗиБ) | 270 |
| јотабајт (ЈБ) | 1024 | 280 | јобибајт (ЈиБ) | 280 |
| Поврзано: Содржатели на битот · Величински редови на податоците | ||||
Содржина |
[уреди] Толкување
Поимот „мегабајт“ најчесто се користи со значење 10002 бајти или 10242 бајти. Се јавил како компромисен технички жаргон за содржателите на бајтот што требале да се изразуваат степенувано на основа 2, но немале погоден назив. Бидејќи 1024 (210) е приближно на 1000 (103), што грубо земено одговара на SI-содржателите, ова почнало да се користи за бинарни содржатели. Кон крајот на 2007 г. владините служби и организациите за стандардизација како IEC, IEEE, ЕУ и NIST предложиле стандарди за бинарни префикси, со што се бара мегабајтот да значи точно 10002 бајти, а мебибајтот да значи 10242 бајти. Поради ова, сè поголем број на програмски проекти ги користат новите определници, но некои податотечни раководители сè уште ја прикажуваат големината на податотеките според бинарното толкување (10242 бајти). Поимот и понатаму е двосмислен, и може да се води по едно од следниве две значења:
- 1 бајти (10002, 106): Ова е значењето што го препорачува (SI-системот) и Меѓународната електротехничка комисија (IEC).[3] Ова толкување се користи кај мрежите и највеќето носачи на податоци, особено тврди дискови, флеш-памтила[5] и DVD-дискови, и е во согласност со другите примени на SI-префиксот кај сметачите, како за фреквентни брзини или мерките за моќност. Податотечниот раководител Mac OS X 10.6 претставува истакнат приемер за примената на ова толкување во програмите. Почнувајќи од Snow Leopard, податотечната големина се изразува во децимални единици.[6]
- 1 bytes (10242, 220): Ова толкување најчесто се среќава кај сметачкото памтење, но највеќето програми што прикажуваат големина на податотеките или капацитетот на дискот (двигателот) (вклучувајќи ги податотечните раководители) исто така го следат ова толкување. Податотечниот раководител на Microsoft Windows е истакнат пример за ваквата употреба кај програмите.
- 1 бајти (1000×1024): This is used to describe the форматиран капацитет на 3,5-инчна дискета од „1,44 МБ“, која впрочем има капацитет од 1 бајти.
Полупроводничките памтила се удвојуваат во големина со секое додавање на адресен ред во секој пакет интегрални кола, и тука се претпочита изразувањето на величини на основа 2. Капацитетот на тврдиот диск е производ на големината на секој сектор, бројот на сектори по виуга, бројот на виуги по страна и бројот на диск-плочи во уредот. Промените во некој од овие фактори обично ја удвојуваат големината. Големините на секторите се утврдени по пат на удвојување (256 бајти, 512 бајти и тн.) за полесна обработка. Затоа зголемувањето на дискот се изразува во содржатели на големината на секторите, давајќи мешавина од децимални и бинарни содржатели пти изразување на капацитетот на дискот.
[уреди] Примери за употреба
Зависно од методот на набивање и податотечниот формат, мегабајт податоци може да биде:
- растерска слика со 256 бои и 1024×1024 пиксели (при длабочина на боја од 8 bpp).
- 1 минута набиена аудиоснимка во формат MP3 со 128 кбит/сек.
- 6 секунди ненабиена аудиоснимка на CD.
- просечна книга во текстуален формат (500 страници × 2000 знаци по страница).
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 „The American Heritage Science Dictionary“. Houghton Mifflin Company. 2005. http://www.thefreedictionary.com/megabyte. проверено на 22 декември 2009. „1. Единица за капацитет на складирање податоци во сметачкото памтење еднаква на 1.048.576 бајти (1.024 килобајти или 220) бајти. 2. Еден милион бајти. ... префиксот „мега-“ честопати нема значење на 1.000.000 ... стапката од еден мегабит во секунда е еднаква на еден милион битови во секунда ...“
- ↑ „Што се битови, бајти и други единици за мерење на дигитални информации? - База на знаења“. Универзитет на Индијана. „1 МБ е 1.024 килобајти, или 1.048.576 (1024x1024) бајти, а не еден милион бајти. ... Многу производители на тврди дискови го користат децималниот систем за изразување на складишниот капацитет. Затоа, 1 МБ се смета за еден милион бајти, 1 ГБ се смета за една милијарда бајти и така натаму.“
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Толкувања на единиците од SI-системот: Бинарни префикси“. Национален институт за стандарди и технологија. http://physics.nist.gov/cuu/Units/binary.html. проверено на 22 декември 2009. „мегабајтот од 1 024 000 бајти се користи за форматирање на познатата дискета „1,44 МБ“ од 90 mm (3½ инчи)“
- ↑ „Поимник на македонски зборови од областа на информатичката технологија“. Министерство за информатичко општество на РМ. стр. 22. http://www.mio.gov.mk/files/pdf/POIMNIK.pdf. проверено на 17 ноември 2010. (македонски)
- ↑ SanDisk USB Flash Drive „Напомена: 1 мегабајт (МБ) = 1 милион бајти; 1 гигабајт (ГБ) = 1 милијарда бајти.“
- ↑ „How Mac OS X reports drive capacity“. Apple Inc. 27 август 2009. http://support.apple.com/kb/TS2419. проверено на 16 октомври 2009. (англиски)
[уреди] Надворешни врски
- Толкувања според Меѓународната електротехничка комисија (IEC) (англиски)
- Префикси и симболи за бинарни содржатели на Меѓународната електротехничка комисија (IEC) (англиски)
|
||||||||||||||||||||

