Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 143.920 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Историја на Цариград — периодот од основањето на градот во 330 година како нова престолнина на Римското Царство до заземањето на градот од страна на Османлиите во 1453 година.

Всушност градот бил повторно изграден на местото на античкиот Византион. Огромниот обем на градежните работи, брзиот пораст на населението, развојот на трговијата и занаетчиството, метрополскиот статус на градот и напорите на првите римски цареви во Цариград довеле да градот стане еден од најголемите градови во Европа и на Блискиот Исток. По падот на Рим во V век, Цариград станал главен град во следните десет векови на Источното Римско Царство или подоцна познато како Византија. Историјата на Цариград во текот на византиската ера е исполнета со турбулентни политички настани како востанија и интриги во палатата, убиства на царевите помеѓу благородничките династии, големи опсади и кампањи од страна на силните западни и источни соседи. До XIII век градот претставувал најголемиот центар на културата во средновековна Европа, далеку понапред од другите светски метрополи во однос на образованието, активноста на духовниот живот и развојот на материјалната култура.

Заземањето на Цариград од Османлиите во мај 1453 го означил конечниот колапс на Византиското Царство и преобразба на Отоманското Царство во една од најмоќните земји во светот. Падот на Цариград предизвикал шок низ христијанска Европа и голема слава на властите од Каиро, Тунис и Гренада. Покрај тоа во следниот период започнало целосно уништување на византиската култура, а Османлиите во Европа биле синоним за суровост кон христијанството. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Витраж во црквата „Успение на пресв. Богородица“, Неселвенгле, Австрија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Знамето на Полска-Литванија
Знамето на Полска-Литванија
На денешен ден…

Денес е 15 мај 2024 г.

Настани:

1848  Во Париз, работниците го распуштиле уставотворното собрание и формирале револуционерна влада.
1926  Во Загреб проработи првата среднобранова радиостаница на Балканот.
1943  Во Москва, по иницијатива на Сталин, била распуштена Комунистичката интернационала (Коминтерната).
1945  Во Југославија завршиле вооружените дејства во Втората светска војна.
1957  Велика Британија ја изврши првата термојадрена проба во централниот Тихи Океан.
1988  По осум години војна, Советската армија го започна своето повлекување од Авганистан.
1992  Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија.
1992  Бил нападнат воен конвој на ЈНА во Тузла, Босна и Херцеговина при што биле убиени 49 војници.
1995  Кај селото Богомила, велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна.
2012  Франсоа Оланд станува претседател на Франција.
2013  Челси ја освои Лига Европа

Родени:

1567  Клаудио Монтевердииталијански композитор на преодот од ренесансата кон барокот.
1848  Виктор Васнецов — истакнат руски сликар од фолклористичкиот и националромантичарски правец.
1859  Пјер Кири — француски физичар и хемичар.
1862  Артур Шницлер — австриски писател и доктор.
1864  Ватрослав Облак — словенечки и австриски лингвист, славист и македонист.
1864  Димитар Матов — македонски фолклорист и етнограф.
1864  Захарија Шумљанска — македонски револуционер.
1891  Михаил Булгаков — руски писател.
1901  Луис Монти — италијанско-аргентински фудбалер.
1909  Џејмс Мејсон — англиски филмски и театарски глумец.
1914  Тензинг Норгај — непалски планинар, кој прв се искачил на Монт Еверест.
1915  Виктор Аќимовиќ — југословенски и македонски публицист.
1920  Мелих Џевдет Андај — турски поет, романописец, есеист, драмски автор.
1930  Џаспер Џонс — американски сликар.
1937  Меделин Олбрајт Корбел — државен секретар на САД.
1942  Ристо Јачев — македонски писател.
1947  Љупко Петровиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1956  Мурат Јашари — поранешен член на ОНА.
1959  Ратомир Грозданоски — македонски теолог.
1959  Ендрју Елдрич — англиски рок-музичар, член на групата „Систерс оф мерси“ (Sisters of Mercy).
1960  Римас Куртинаитис — литвански и советски кошаркар.
1964  Маја Иванова — сопруга на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.
1965  Џезаир Шаќири — македонски политичар и поранешен член на ОНА.
1965  Сенко Велинов — македонски глумец.
1966  Јиржи Немец — чешки фудбалер.
1970  Роналд де Бур — холандски фудбалер.
1970  Франк де Бур — холандски фудбалер и тренер.
1978  Егои Мартинес — шпански велосипедист.
1981  Патрис Евра — француски фудбалер.
1987  Енди Мареј — британски тенисер.
1997  Усман Дембеле — француски фудбалер.

Починале:

1634  Хендрик Аверкамппределен сликар од златното време на холандското сликарство
1886  Емили Дикинсон — американска поетеса.
1914  Јован Скерлиќ — српски писател и книжевен критичар.
1935  Казимир Малевич — руски и советски сликар.
1967  Едвард Хопер — американски сликар.
1987  Рита Хејворт — американска глумица.
1994  Олга Спиридоновиќ — српска и југословенска театарска и филмска глумица.
2019  Михаило Јанкетиќ — српски глумец.
2021  Ѓорѓе Марјановиќ — српски и југословенски пејач на забавна музика.
2023  Роберт Лукас — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич