Ватрослав Облак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ватрослав Игнациј Облак <vr> Vatroslav Ignacij Oblak
Vatroslav Oblak.jpg
Портрет на Ватрослав Облак.
Роден Ватрослав Игнациј Облак
15 мај 1864
Целје, Словенија
Починал 15 април 1896
Целје, Словенија
Занимање македонист, филолог, славист, лингвист
Националност Словенец
Образование дипломиран филилог
Жанр лингвистика, филологија
Значајни дела Макеоднски студии

Ватрослав Ингациј Облак (словенечки: Vatroslav Oblak, Целје, Словенија 15 мај 1864 - Целје, Словенија 15 април 1896) — словенечки и австриски лингвист, славист и македонист.

Биографија[уреди | уреди извор]

Облак своето образование го започнал во основното училиште во Целје каде во истиот град го продолжил и гимназиското образование, но при крај го напуштил образованието поради заболување од туберкулоза. Наскоро го продолжил образованието, но поради несогласување со авторитетите се преселил во Загреб кога во 1886 година матурирал. Облак заминал за Виена каде студирал словенечка филологија. На 11 март 1891 се здобил со титула „доктор на науки“ каде и добил стипендија за да замине во Македонија и престојувал во Солун каде ги проучувал македонските дијалекти. Но турските власти го затвориле по што австрискиот конзул реагирал за да го ослободат и ја напуштил Македонија. По краток престој во Виена, тој повторно отпатувал но овој пат во Далмација каде го проучувал чакавското наречје.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

По запишувањето на факултет започнал со издавање на списанието „Архива за словенска филологија“ и во 10 години напишал околу 150 статии. Го проучувал словенечкиот јазик и неговите дијалекти, дијалектите на хрватскиот јазик и македонските дијалекти. Значајно дело е „Македонските студии“ (Macedonische Studien) каде се обработени македонските дијалекти. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Slovenski biografski leksikon 1925-1991. (2009). Elektronska izdaja. Ljubljana: SAZU
  2. Enciklopedija Slovenije. (1994). Knjiga 8. Ljubljana: Mladinska knjiga.

Поврзано[уреди | уреди извор]