15 мај (настани)
Изглед
| 1848 | Во Париз, работниците го распуштиле уставотворното собрание и формирале револуционерна влада. |
| 1926 | Во Загреб проработи првата среднобранова радиостаница на Балканот. |
| 1943 | Во Москва, по иницијатива на Сталин, била распуштена Комунистичката интернационала (Коминтерната). |
| 1945 | Во Југославија завршиле вооружените дејства во Втората светска војна. |
| 1957 | Велика Британија ја изврши првата термојадрена проба во централниот Тихи Океан. |
| 1988 | По осум години војна, Советската армија го започна своето повлекување од Авганистан. |
| 1992 | Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија. |
| 1992 | Бил нападнат воен конвој на ЈНА во Тузла, Босна и Херцеговина при што биле убиени 49 војници. |
| 1995 | Кај селото Богомила, велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна. |
| 2012 | Франсоа Оланд станува претседател на Франција. |