Јосип Броз-Тито
Јосип Броз-Тито | ||
Роден | Јосип Броз 7 мај 1892 Кумровец, Австроунгарија | |
---|---|---|
Починал | 4 мај 1980 Љубљана, Југославија гангрена и сепса | |
Националност | Југословен | |
Познат | Претседател и маршал на СФРЈ | |
Занимање | машинобравар | |
Сопружник | Пелагија Броз, Херта Хас, Јованка Броз (последна) | |
Деца | два сина, Жарко и Миша Броз |
Јосип Броз-Тито (српскохрватски и словенечки: Josip Broz - Tito, Кумровец, 7 мај 1892 — Љубљана, 4 мај 1980) — југословенски комунистички политичар и доживотен диктатор на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.[1] Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на Партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил Премиер на Југославија, а подоцна и Претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на Југословенската народна армија.
Покрај државничките обврски и водачки должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.
Рани години
Јосип Броз е роден во Кумровец, северозападна Хрватска, во регионот Загорје, што тогаш бил дел од Австроунгарија[2]. Тој е седмото дете на Фрањо и Марија Броз (моминско име Јавершек).
Во 1907, преселувајќи се од руралната средина, Броз почнува да работи како ученик на клучар во Сисак. Таму станува свесен за работничкото движење и за првпат го прославува 1 мај — Денот на трудот. Во 1910 се придружува на синдикатот на металуршките работници и станува член на Социјалдемократската партија на Хрватска и Славонија. Помеѓу 1911 и 1913, Броз работи на пократки периоди во Камник, Словенија; Ценково, Чешка; Минхен и Манхајм, Германија, каде што работи за автомобилската фабрика Бенц; потоа оди во Виена, Австрија каде што работи во Дајмлер како тест возач.
Од есента 1913, Броз служи во австроунгарската армија; во мај 1914 добива сребрен медал за натпревар во мечување во Будимпешта. На почетокот на Првата светска војна е испратен на српскиот фронт. Уапсен е за антивоена пропаганда и затворен во Петроварданската тврдина. Во 1915 неговиот баталјон е испратен на Источниот фронт во Галиција да се бори против Русија. Во Буковина е сериозно ранет. Во април целиот негов баталјон паѓа во руско заробеништво[3].
По неколку месеци поминати во болница, во есента 1916 Броз е испратен да работи во камп во планините Урал. Ослободен е во текот на Февруарската револуција. Во април 1917 е уапсен за организирање демонстрации за воените заробеници, но набрзо успева да избега. Го прифаќа ленинизмот и учествува во болшевичките демонстрации во Санкт Петербург на 16-17 јули 1917. Потоа се обидува да избега во Финска, но е уапсен и затворен во Петропавловската тврдина на три недели, по што е испратен во Сибир. Повторно успева да побегне и во ноември во Омск им се приклучува на црвеногардејците. Во пролетта 1918 станува член на југословенската секција на Руската Комунистичка Партија.
Во септември 1920 се враќа во Југославија и станува член на наскоро забранетата Комунистичка партија на Југославија. Станува активист во синдикалното движење. Во мај 1927 година е избран за секретар на Обласниот одбор на Сојузот на металците, а во јули истата година за организациски секретар на Градскиот комитет на КПЈ за Загреб. Во август 1928 година е уапсен и во ноември е осуден на 5 години робија. По излегувањето од затвор, во јули 1934 заминува за Виена, каде што станува член на Централниот Комитет на Партијата. Оттогаш почнува да го користи прекарот „Тито“. Кон крајот на 1936 се враќа во Југославија за да управува со делувањето на партијата во земјата.
Во 1937 Сталин ја апси речиси целата дотогашна раководна гарнитура на КПЈ на чело со секретарот Милан Горкиќ и го поставува Тито на чело на партијата. Во овој период Тито верно ја следи политиката на Коминтерната и целосно застанува на страната на Сталин во неговата борба против неговите соперници во Советската комунистичка партија. И во Југославија доследно ја спроведува линијата на борба со сите оние членови на КПЈ што се критички настроени кон курсот на Сталин.
Во последните години на виделина излегува фактот дека Тито е поставен за генерален секретар на КПЈ во јануари 1939, иако во целокупната југословенска литература околу историјата на КПЈ стои годината 1937. Овој „фалсификат“, како што самиот Тито вели во неговиот разговор со Јосип Копинич, а како што е забележено во „Титовата последна исповед“ од Вјенцислав Ценчиќ, е направен со цел „да не се остави Партијата три години без генерален секретар“, а е направен и делумно против Титовата волја. Во овој период Тито е организационен секретар на Партијата, а воедно и највисоко во нејзината хиерархија, бидејќи последниот генерален секретар - Горкиќ е уапсен и сменет, а на негово место не е поставен нов.
Детството и младоста
Во питомиот загорски крај, на реката Сутла, на границата меѓу Словенија и Хрватска се наоѓа малото село Кумровец. Така, во селанско семејство, како седмо од петнаесетте деца на Хрватот Фрањо Броз и Словенката Марија Јавершек, се роди во 1892 година, Јосип Броз. Јосип вели:
„ | Не им беше лесно на моите сиромашни родители да се грижат за нас. Моравме да работиме од најраната младост. Ние немавме детство. Одевме на училиште, но моравме да ги вршиме и сите други работи, така што најмалку можевме да му се посветиме на училиштето и на учењето. Но, ние сепак настојувавме да постигнеме нешто од она знаење какво што можеше да се добие на тогашниот степен на развојот, пред 70 и повеќе години. Гледате, јас морав да работам од својата шеста година па до денес. Поминав низ сите фази, низ сите тешкотии што еден човек може да ги помине. Поминав низ две војни. Во првата бев војник, подофицер, а во втората командував. Сè стекнував самостојно, се воспитував и изградував самиот себеси. Беше тоа она што мене ми го даде мајка ми; јас се придржував до тие нејзини совети. Мајка ми беше строга и справедлива жена. Беше и набожна. Нас децата нè имаше многу, осум умреа, а седум од нас останаа живи. Но, таа секому од нас му го посвети своето внимание и строго нè воспитуваше... Чеснонста што треба да го краси човекот таа ја всади во нас, во своите деца, и во мене лично. Во своето детство морав секој ден да го вртам тешкиот камен за мелење жито, зашто беше луксуз да се носи пченка в мелница. Стотина пати во текот на денотдобро ќе се испотев. Моето детство, како што гледате - зборуваше Јосип Броз - беше тешко. Во семејството бевме многу деца и не беше лесно да се води грижа за нив. Често ни леб немаше достатно и затоа се случуваше мајка ми, за да ги распредели правилно резервите од пченкарно брашно што ги имаше, да мора да го заклучува килерот во кој се наоѓаше лебот, а ние, децата, добивавме само толку колку што сметаше таа дека може да ни даде, а не колку што можевме да изедеме. Уште во јануари татко ми Фрањо мораше да купува леб, односно пченка, зашто за пченица нашата куќа немаше достатно средства. Купувавме преку, во Словенија и Шемптар." |
“ |
Трогателно е едно сеќавање на Броз за детството - родителите не биле дома, а изгладнетите деца со нетпрение ги чекале. Јожа се качува на таванот и ја симнува свинската глава, чувана за некој празник. Ја сваруваат на свој детски начин и навалуваат на гозба. Но наместо барем еднаш да се сетат задоволство од ситост, децата се разболуваат. Интересно е сеќавањето на Броз за лукното:
„ | Тоа е една обврска уште од феудалното време што се беше задржала во Кумровец до моето детство. По Божиќ, за Нова година, пред вратата на секоја селска куќа ќе се појавеше фратарот од Клањац со крстот в рака, а по него клисарот со вреќа. Фратарот ќе ја напишеше на вратата со креда: "Anno Domini...", то ест, ќе ни ја честиташе Новата година, а домаќинот мораше да му даде неколку кила пченка или клопче лен (повесмо) во златна боја или две форинти, што во она време значеше две надници... А ние секогаш по Божиќ моравме да купуваме пченка и лесно е да се замисли како ние, вечно гладни деца, го гледавме клисарот како ја трупа нашата пченка во својата вреќа." Во своето родно место го завршува основното училиште. Меѓутоа, ни деновите во училиштето не беа среќни. Сеќавајќи се на тие денови, Тито зборуваше:
|
“ |
Бидејќи Кумровец и Загорје беа премногу сиромашни, по завршувањето на основното училиште мораше да замине далеку од дома. Во својата петнаесетта година, испратен со грижлив поглед од кајка си, тој заминува во светот. Оди во Сисак, на келнерски занает, што не го сака.
„ | А јас сакав - се сеќава Јосип Броз - кога бев мал да станам кројач... Јас како дете сонував да... им шијам облека на татко ми и на браќата и на сите дома..." | “ |
А за учењето на келнерскиот занает раскажуваше:
„ | Јас ништо не учев таму. Бев обичен слуга за сите работи и работев ден и ноќ. Згора на тоа, морав од вечерата до длабоко во ноќта, по дневната работа, да местам тегли, да престојам на нозе сè додека не си одеше последниот гостин." | “ |
Јосип Броз го менува занаетот и од 1907 до 1910 година посетува занаетчиско училиште, во кое покрај стручните предмети се здобива со знење и од хрватскиот јазик, историјата и географијата. Од тоа училиште Броз понесува светол спомен за еден свој наставник:
„ | Најмил ми беше наставникот по хрватски јазик, некојси Деспот, висок Херцеговец, чијшто лик ми остана во жив спомен... Ги изуживавме „Горски Венец“, „Смртта на Смаил-ага Ченгиќ“. Во почетокот не го сакав многу Деспот, зашто беше премногу строг. Но тоа мое мислење за него наеднаш се измени. Тој се ожени со една девојка што многу ја сакаше, некогашна негова ученичка. Таа млада жена умре при породувањето. Минувајќи еднаш покрај гробиштата, го видов својот учител како лежи на гробот од жена си и плаче како дете... Бргу се иставив за тој да не ме забележи и оттогаш спрема него одгледував некое чудно почитување... Цели три години никогаш не го видовме насмеан..." | “ |
Во браварската работилница на мајсторот Карас, во хрватскиот град Сисак, Јосип Броз чиракуваше три мачни години. Се работеше од изутрина од навечер. Тука, во работилницата, и се спиеше. Учењето во занаетчиското училиште, како и работата во работилницата на мајсторот Карас, придонесоа Јосип Броз брзо да созрее. Кај него се разви голема љубов кон книгата, исто како и други видови љубопитство, особено интересот за историјата. За жал младиот Броз ов таа работилница далеку повеќе се среќаваше со суровоста на животот. Тоа беше секојдневно малтретирање дури и тепање. Шлаканицата што ја добил кога на другарите им читал за подвизите на Шерлок Холмс, Броз ја запаметил засекогаш:
„ | Шлаканицата што ја добив - прикажуваше подоцна Јосип Броз - тешко ме погоди, па решив да избегам, иако тоа беше последниот месец од моето тригодишно учење на занаетот." Во работилницата Броз се среќаваше со луѓе од разни националности и различни политички определувања. Тука ги добиваше и вистинските пријателства, меѓу кои и оние што беа проникнати со чувството за заединчката припадност кон класата на угнетените, како и блискоста на политичките уверувања. Јосип Броз посебно се сеќава на еден млад човек од тој период кој дошол во оваа работилница во 1909 година од Загреб, од поразвиена и политички посложена средина. |
“ |
Тој младич се викал Шмит. Јосип броз се сеќава на него како на изворедно убаво и смирено но решително момче.
„ | Носеше црвена шамија и ги сакаше сите чираци околу себе. Никогаш не нè тепаше... За Први мај ни зборуваше дека тоа е работнички празник, дека сите треба да донесеме зеленило и цвеќиња и тој ден свечено да ја украсиме нашата работилница." | “ |
Во истата работилница се запозна Јосип Броз и со синдикалната организација, со нејзините цели и задачи. Ги запознава и работникот Гашпариќ, кој со неколку други помошници се состанувал во гостилницата "Ловечки рог", каде што се договарале за ораганизирањето на синдикатот и за други акции.
„ | Ние чираците - раскажуваше Јосип Броз - не смеевме да наминуваме во гостилницата. Но кога мајсторот ќе нè испратеше да му донесеме пиво, љубопитно ѕиркавме во просторијата во која се состануваа Гашпариќ и другите помошници". | “ |
Гашпариќ, според сеќавањата на Јосип Броз, го поттикнувал размислувањето за општествените нееданквости.
{{Цитатник|Ни зборуваше дека социјалдемократите најмногу се борат против капиталистичкото експлоатирање, а исто така и против поповското заглупување. Мене ми се допаѓаше и едното и другото...Занаетот го завршив во 1910 година и веднаш побрзав во Загреб да барам работа, но не ја најдов - подоцна се присетуваше Тито".{{Цитатник|
Барајќи работа, тој ја крстосува целата Австроунгарска Монархија. И насекаде младиот Броз присуствува на работнички собири и внимателно слуша што говорат водачите на работниците и социјалистите. Се води борба за живот достоен на човек, за поголеми надници и општествена правда, а сето тоа се совшаѓа со она што и тој самиот го чувствува како работник. Историски гледано, бурното време во кое Јосип Броз учеше занает, работеше и работилници и живееше в град - се сеќаваше со пообразовани луѓе и со класно определени пролетери - придонесуваше за негово брзо осознавање, созревање и класна ориентација. Кога по неколку години, веќе иако браварски пмомошник, се појавува во својот заспан Кумровец, родителите, роднините и соседите го слушаат секој негов збор со љубопитство и одобрување. Престојувајќи во Кумровец, Јосип Броз му помага на својот брат Драгутин да прави црепови и цементни инки за канали. Иако во немаштија, топлината на родителскиот дом и стравувањето неговото заминување да не ги натажи најблиските го заджува во Кумровец, иако прикасуваше пак да појде во светот. Го охрабруваат самите родители. И тие се тажни што син им, веќе завршен занаетчија, чмае во зафрлено село.
„ | Ми беше... тешко. Решив повторно да заминам од дома и да се обидам некаде да најдам работа, иако беше криза | “ |
Барајќи работа, работејќи во различни работилници, Јосип Броз повторно се среќава со луѓе со различни политички погледи. Во него сè повеќе се разгорува класната свест и се создава отпор спрема експлоататорските слоеви иклерот, кој и идејно и во практичното дејствување беше најнепосреден и најнеорганизиран противник на социјалистичките идеи. Во тој период Тито рече:
„ | Во тоа време - се водеше, особено од страна на поповите, бесна кампања против социјалистите и Први мај. Поповите говореа во црквите дека социјалистите се ѓаволи, дека ќе оди в пекол секој што ќе земе учество во првомајската поговорка. Таа пропаганда имаше дејство дури и меѓу работниците, а особено меѓу нивните жени. Се сеќавам на овој случај: Минувавме по Илица во поговорка. Покрај мене беше седен мој постар другар, женет. Се случи тука, во Илица, да се најде и неговата жена со детето и да ја гледа поговорката. Кога наидовме ние, детето наеднаш извика: "Мајко, мајко, ене го и татко меѓу ѓаволите... | “ |
По работата во Љубљана Јосип Броз заминува во Камник, каде што работи во фабрика за метални стоки, до нејзиното банкротирање. Тогаш главниот работоводител ги наговорува да заминат во Чешка, во местото Јинце-Ченков, каде што, според неговото тврдење, ќе најдат работа во металска фабрика за производство на челични каси. Добиајќи некоја пара за пат, група работници се упатуваат во Чешка. На железничката станица ги пречекуваат чешките работници од таа фабрика, им објаснуваат дека се наоѓаат во штрајк и дека, ако ја прифатат работата како штрајкбрехери ќе ги оневозможат своите чешки класни другари да ја поправат својата материјална положба.
„ | Од станиата - се сеќава Броз - сите заедно отидовме во Работничкиот дом. Решивме да не одиме на работа. Управата на претпријатието виде дека не ќе може да не искористи како штрајкбрехери и мораше да попушти пред барањата на нејзините работници. Тие тогаш добија зголемување, а со нив добивме поголеми плати и ние што дојдовме од Словенија." | “ |
По работата во Чешка и Рур, на пат кон татковината, се вработува во Виена. Тоа беше во 1912 година, кога изби Балканската војна. За тоа Тито вели:
„ | Добро се сеќавам на тие денови. Возбудувањето во Виена беше големо... Весниците донесуваа опширни извештаи за фронтовите на Балканот. Се разбира, повеќето виенски весници ја фалеа турската војска и сакаа нејзина победа. За жал, и меѓу работниците во оваа фабрика во Виена, иако мнозинството од нив беа социјалдемократи, владееше, под влијанието на тој печат, слично расположение. Но огрманата работилница, во која работевм, мене дури и ме задеваа поради тоа што сум Хрват и што сакам да победат Србија и другите балкански држави. Одвреме-навреме за време на работата ќе дофрлеш: "Кробот, Кробот!". Мене еден ден ми здодеаја тие навредливи шеги, па му пријдов на работникот кој извикуваше така и му реков да престане веќе еднаш со тоа. Тој замолча и повеќе немаше такви шеги. Наскоро потоа дојде до големи победи на балканските народи над Турците. Во есента на 1913 бев повикан како регрут во австроунгарската војска, зашто Хрватска се наоѓаше во рамките на хабсбрушкото царство. Служењето во австриската војска не ми се допадна од повеќе причини. Тоа беше, пред се, угнетувачка војска, која го држеше во ропство не само мојот народ, туку служеше како средство за поробување на другите народи. Второ, тоа беше слаба војска како војска. Во неа царуваше дрилот, стари формули, правилници, фоопшто на војникот не му се дозволуваше да покаже каква и да е иницијатива... Никогаш не ќе го заборавам мојот прв ден во австроунгарската војска. кога стапив во војската имав, како и сите млади луѓе, фризура. Јасно ми беше дека војниците мораат да бидат острижени, но начинот на кој беше сторено тоа длабоко ме навреди. Уште на вратата ме пречека капларот: "О, господин социјалист, и Вие сте тука. Молам, дојдете јас да Ви ја уредам Вашата коса". Ја грабна машината за стрижење и ми направи крст низ косата. Имаше многу работи со кои не мачеа. Моравме веднаш да го научиме напамет целото родословје на куќата Хабсбург. Се сеќавам на еден мој земјак кој остана во Кумровец и работеше како земјоделец. Беше обично селско момче и не можеше брзо да ги научи долгите имиња на надвојводите и другите членови на кралската куќа. Капларот тогаш го казни. Несреќниот младич мораше да се качи на големата, незагреана печка во собата во која спиевме, да клекне, па постојано да удира со прст по глава и гласно да повторува: "Јас сум глупав, јас сум глупав." Што се однесува до мене, служејќи во австроунгарската војска си поставив задача добро да ја изучам воената вештина." Uчејќи ги воените вештини како исклучителен мечувалец, Јосип Броз е упатен, како најдобар претставник на неговиот полк, на натпревар во Будимпешта во 1914 година. Постигнува посебно добри резултати во флорет и бодеж, освојувајќи при тоа сребрен медал. Маршеви и паради, забрзано вооружување и други воени подготовки се одвиваа тогаш во цела Европа. Дојде и до прочуениот сараевски атентат - Гаврило Принцип, член на револуционерната организација "Млада Босна", со револверски истрели го уби австрискиот престолнаследник и неговата сопруга. |
“ |
Прва светска војна
Атентатот, како што е познато, и послужи како повод на Австрија за напад на Србија, која одби да го прифати понижувачкиот ултиматум. На страната на Србија војуваат: Русија, Франција и Англија, а на страната на Австроунгарија: Германија, Бугарија и Турција. Меѓу 350.000 припадници на југословенските народи, мобилизирани во австроунгарската војска, се наоѓаше и 22-годишниот Јосип Броз. Јосип Броз, како социјалист, ја мразеше војната. За тоа Броз вели:
- "Бев антимилитарист. Но јас истовремено, како мнозинството од нас војниците Југословени, гледав на таа војна како на можност на крајот да се ослободиме од јаремот на Будимпешта и Виена. На тоа требаше да му послужи и нашето антивоено расоложение кое беше дотолку поголемо што уште на првиот чекор кај повеќето офицери во четата и полкот се чувствуваше омраза спрема Србите".
Поради Агинтација меѓу војниците против војната, Јосип Броз е уапсен и затворен во Петроварадинската тврдина. Зборовите на Броз војниците ги примија со симпатии, но дојдоа некако и до ушите на еден австроунгарски наредник, кој веднаш го уапси. Петровардинската зандана му остана на броз во живо сеќавање:
- "Тоа беа вистински катакомби, без никаков прозорец. Кога влегов во теминината почнав да алкам околу себе. "Komm hier, Komm hier", ми довикува некој Швабо, кој веќе лежеше тука. Јас му кажав како се викам и дека сум работник по занимање, а и тој мене ми рече дека е работник. Ми раскажа дека две недели седи во затворот и дека никој не го повикува на сослушување".
Учесник во октомвриската револуција
Во пролетта на 1915 година, Јосип Броз е префрлен на рускиот фронт, каде што во една порба со Черкози е ранет, заробен и како ранет заробеник е префрлен в болница. Сеќавајќи се на тој период, Јосип Броз вели:
- "Во заробеништвото многу читав, научив руски и прочитав многу дела од руските класици, особено романите на Толстој, Тургенев, Куприн и други. Спроти зградата во која бевме сместени ние заробеници живееја две гимназијалки, ќерката на еден механичарпрогонет во Сибир и ќерката на еден доктор. Тие постојано ни праќаа книги што ние откако ќе ги прочитавме им ги враќавме"
По оздравувањето заедно со другите е упатен во Алатир, каде што се собира припадници на јужнословенските народи за создавање на доброволечки единици за борба против Австроунгарија. Со уште 70 другари Јосип Броз одбива да стапи во Доброволечкиот корпус. Тогаш во Доброволечкиот корпус настануваат големи политички превирања. Едни, меѓу кои мнозинството го сочинуваа токму раководителките на тој корпус и други кои работеа според инструкции од српската влада, го третираа тој корпус како орудие на големосрпската политика, без оглед на тоа што меѓу доброволците мнозинството беа од територии што дотогаш беа под австроунгарското царство: од Босна, Херцеговина, Лика, Далмација, и други краишта на Хрватска, како и од Словенија. Други, меѓу кои беа одделни претставници на Југословенскиот одбор, сметаа дека тој корпус треба да биде орган на идната југословенска политика. Социјалистите смеетаа дека не треба да се седи во борба, ни за Голема Србија, ни за Голема Хрватска, ни за Голема Словенија, туку за Југославија во која рамноправно ќе се здружат сите југословенски народи. Спор имаше и околу заклетвата.
- "Одбивавме - раскажуваше подоцна Тито - да му ја положиме на српскиот крал. Освен тоа, во внатрешниот живот на единиците од тој корпусисто така владееше дрилот, којшто внесуваа особено одделни српски офицери, кои дојдоа од солунскиот фронт. Тие исто така ги малтретираа војниците , како што беше тоа и во австроунгарската војска. Поради сето тоа, јас со тие 70 другари одбив да се борам во тој корпус. Оттаму нас не пратија во заробеничкиот логор во малото место Ардатов."
Јосип Броз работи потоа на пругата кај Кунгур и Ергач. Во Кунгур се запознава со многу напредни работници. Другарот Тито посебно се сеќава на инженерот Кац. Кога во пролетта во 1917 година, во Ергач се уапсени група болешвички настроени работници и се појавува опасност и Броз да биде уапсен, ибдејќи е поврзан со нив, инженерот Кац му помага да избега. Му дава цивилна облека и му овозможува скришно да замине од Ергач. Го упатува со лична препорака до својот син во Петроград, каде што Броз заминува илегално, скриен во еден товарен воз што пренесува жито.
- "Синот на Кац беше вработен во Путиловскиот завод и веднаш го најдов. Му пренесов поздрав од татко му, а тој ме задржа ов својот стан. Со негова помош јас се вработив во Путиловскиот завод. Но, останав на работа само неколку дена, зашто дојде до познатите јулски демонстрации на петроградскиот пролетаријат против Привремената влада. Излегоа десетини илјади работиници на кои и самиот им се придружив. Носеа транспаренти со пароли: "Долу Привремената влада! Сета власт на советите на работничките и војничките депутати!" Бев одушевен од силата и организираноста на тие демонстрации и во нив видов каква сила претставува работничката класа. Меѓутоа, се знае дека тука контрареволуцијата употреби оружје против демонстрантите. Реакцијата беше поразена во текот на февруарско-мартовската револуција, но не беше уништена, па нејзините сили набрзо се прибраа (индустријалците, големопоседниците, високиот клер, офицерите, козаштвото итн.). Таа во јѕлските демонстрации премина во контраофанзива. Јас се наоѓав со демонстрантите во близината на една голема железничка станица кога беше отворен оган од митралез на покривот од таа станица. Голем број работници беа убиени. Тогаш започнаа масовни затворања. Беше затворен и младиот инженер Кац. Настана тешка ситуација и за мене. Учестовот во тие демонстрации за мене сигурно беше еден од големите фактори што уште повеќе ме убеди дека работничката класа е многу важен чинител за промена на општествениот систем и дека и јас морам да учествувам во тоа - колку што ми дозволуваа моите физички можности, зашто јас сѐ уште бев слаб, носејќи ги последниците од ранувањето."
По овие настани, со оглед на тоа што инженерот Кац како единствено засолниште на ЈОсип Броз беше уапсен - Броз се упатува во Финска. Сеќавајќи се на тие деонови другарот Тито вели: "Кога бев кај местото Улеобор (денес Оулу) наднав во рацете на полицијата." На пат за Сибир, каде што го спроведуваат како затвореник бега од своите спротивници и вешто избегнувајќи ги заседите на белите козачки патроли, успева да им се пдиружи на болшевиците. Заедно со 350.000 свои земјаци, Јосип Броз се бори во редовите на Црвената армија за советската власт. Во тие бурни денови е примен и во членството на Паријата. Се чувствува среќен и горд.
- "Кога ја видов победата на револуцијата, победата на работничката класа, тоа навистина силно ме одушеви и тоа никогаш не можам да го заборавам" - забележува подоцна Јосип Броз.
По завршувањето на војната во 1918 година се изменува картата на Европа. По победата на Србија и нејзините сојузници се распаѓа папсаното австроунгарско царство и се создаваат нови држави. Прогласено е и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Така за првпат во својата историја југословенските народи успеаја да се обединат. Но, единство немаше. Новосоздадената држава ја раскинуваа многубројни и разновидни спротивности. Пред се, не беше решено националното прашање. Игнорирани беа националните и културните традиции на Словенците и Хрватите и беше оневозможен нивниот натамошен слободен развиток. Македонците и Црногорците беа сметани за делови на српскиот народ и беа задушувани нивните национални права. Земјата беше заостаната и сиромашна. Забрзаниот капиталистички развиток доведуваше до нагло осирумашување на селото и до пролетизирање на населението во градовите. Селанецот беше оптоварен од данок и презадолжен без надежи за подобри денови. Невработеноста во сите краишта на земјата беше голема. Незадоволството на народот добива широки размери. Мала група луѓе околу дворот, давајќи му концесии на странскиот капитал, нагло се богатува. Земјата се давшее во долгови, запаѓајќи сè повеќе во економска и општествена криза.
Втора светска војна
Бидејќи планот на Хитлер наречен Барбароса, со напад врз СССР беше одложен заради Југославија, на 6 април 1941 година, 184 бомбардери придружени со 250 ловци летаа кон југословенскиот главен град. Без претходно објавување на војна, додека градот уште спиеше, започна Хитлеровата одмазда. Десет илдјади мртви и ранети, меѓу кои најповеќе беа жени и деца, претставуваше казна за непослушноста. На широк фронт, одлично вооружените војници на Вермахтот и нивните сојузници: Италијанци, Унгарци, Бугари - брзо напредуваа.
Откако Југославија е заземена од Силите на Оската во април 1941, комунистите меѓу првите го организираат движењето на отпорот. Јавниот повик на Тито за вооружен отпор против окупаторите датира од 4 јули 1941. Тој станува Главен командант на Народноослободителната војска. Партизаните на оваа армија поставуваат широка партизанска борба и почнуваат да ослободуваат територии во кои ги организираат народните комитети да дејствуваат како цивилна влада.
Тито е виден водач на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Југославија (АВНОЈ) што се одржува во Бихаќ во 1942 и Јајце во 1943 и ја поставува основата за повоената организација на земјата, создавајќи федерација. На 4 декември 1943, за време на окупацијата на Југославија, Тито ја прогласува привремената демократска југословенска влада.
За време на Втора светска војна, неговите активности се често поддржувани директно од страна на силите на западните Сојузници. Во тоа време, Сојузниците им предаваат мисии за поврзување на главните штабови на партизаните, при што бригадирот Фицрој Маклин игра значајна улога. Заради блиските односи со Сталин, Тито често запаѓа во расправии со британските и американските официри задолжени за неговите штабови.
На 5 април 1945 Тито потпишува договор со СССР дозволувајќи им „привремен влез на советските трупи во југословенските територии“. Помогнати од Црвената Армија, партизаните ја добиваат војната во мај 1945. Југословенската Ослободителна војна се смета за единствена победа во Втора светска војна постигната од страна на домашни партизански сили, иако со мала помош од надвор.
Сите западни сили се повлекуваат од југословенска почва по крајот на борбите во Европа. Останатите фашистички трупи на Усташите и кралските Четници и нивните поддржувачи биваат судени и погубени во голем број.
Повоен период
Тито станува премиер и министер за надворешни работи на повоена Југославија. Тој останува во тие функции до 13 јануари 1953, кога го наследува Иван Рибар на функцијата Претседател на Југославија. На 7 април 1963, земјата го менува официјалното име на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, а Јосип Броз Тито е именуван за доживотен претседател.
Владеењето на Тито има одлики на просветена диктатура. Комунистичката партија ја одржува својата власт не отфрлајќи го користењето на политички мотивирани судења и затворања, но сепак репресијата под власта на Тито не е толку изразена во споредба со останатите комунистички режими. Покрај тоа, Партијата ја консолидира земјата што беше сериозно погодена од војната и успешно ги потиснува националистичките чувства на југословенските народи, промовирајќи ја идејата за братство и единство.
Тито исто така е меѓународно познат како прв комунистички водач што го победи Сталин дистанцирајќи се од Советскиот Сојуз, по Резолуцијата на Информбирото во 1948 година. Комунизмот на Тито се означува како титоизам од страна на Москва, што охрабрува чистки на осомничени „титоисти“ низ целиот комунистички блок.
За време на Тито, Југославија станува основач на Движењето на неврзаните. Во 1961, Тито го создава Движењето заедно со Гамал Абдел Насер од Египет и Џавахарлал Нехру од Индија, создавајќи силни врски со земјите од Третиот свет.
Во 1960-тите и 1970-тите, одредени интелектуалци на Запад гледаат на Титовиот модел на самоуправување и пазарен социјализам како точка во која советскиот и западниот економски систем ќе конвергираат со текот на времето. Југословенскиот стандард на живеење е значајно повисок од оној во другите земји од Источна Европа, особено затоа што на Југословените им е дозволено да патуваат без проблеми кон Западна Европа и други земји, влевајќи странски пари во домашната економија.
Најголемата сила на Тито во очите на Западот е неговиот успех во сузбивање на националистичките чувства и одржување на единството во земјата. Титовиот повик за единство и поврзаните методи се тие што ги држат народите на Југославија заедно. Оваа способност се става на тест неколкупати за време на неговото владеење, особено за време т.н. Хрватска пролет (исто така означувана и како „масовно движење“ и „маспок“) кога владата ги сузбива и јавните демонстрации и различните мислења во Комунистичката партија.
Во 1980, Тито е прифатен во клиничкиот центар во Љубљана, Словенија со проблеми на циркулација во нозете, по што неговата лева нога е ампутирана. Тој умира таму на 4 мај 1980, а неговиот погреб привлекува многу светски политичари. Тоа е најголемиот погреб во светската историја по оној на папата Јован Павле II според бројот на политичари и државни делегации.
Култ на личноста како метод на владеење
Титовото владеење се потпирало на постојано јакнење на култот кон неговата личност, почнувајќи од времето на Втората светска војна, па сè до смртта во 1980 година. Изградбата и промоцијата на култот кон Титовата личност во периодот на неговото владеење одела во две насоки:
- Безмилосно справување со политичките и идеолошките противници, и
- Континуирана промоција на успесите и визионерството преку образованието и медиумската пропаганда.
Сузбивање на политичките и идеолошките противници
Според "Информацијата за преземените мерки на органите на власта спрема државјани на Р Македонија за кои во периодот 1945-1993 година се располагало со основани сомненија дека дејствувале за формирање самостојна и обединета Македонија", изработена од МВР во 1993 година, во периодот 1945-1985 година вкупно во Македонија биле откриени 105 илегални групи и организации со над 1.200 припадници, чие дејствување било насочено кон отцепување на Македонија од заедницата на југословенските народи и создавање самостојна и обединета Македонија. Од нив од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години. Во периодот од 1945 до 1980 година се одржале околу 700 политички процеси против членовите и припадниците на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни. За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот Идризово, или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за независна Република Македонија и за идеалите на ВМРО. Според неофицијални податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот 'Идризово' биле затворени 2.500 политички затвореници.[4]
Масовни убиства кон крајот на Втората светска војна
Голем број заробеници - припадници на фашистичките сили, било од Југославија или од Германија, биле масовно стрелани кон крајот на Втората светска војна.[5][6][7] Покрај тоа, во Македонија биле стрелани и голем број лица кои биле поборници за независна и обединета Македонија, означени во тоа време како националисти. Според некои извори, Тито бил против овие стрелања, и наложил тие да престанат, но секако се случиле во време кога тој ја контролирал целокупната власт.[8] Во Македонија, масовни стрелања имало во Велес, Куманово и Ресен.
Специјалните единици на ОЗНА продолжиле и после војната со масовни убиства и стрелања. Според достапните извори[се бара извор], илјадници луѓе се убиени на овој начин кон крајот и по Втората светска војна.
Голи Оток
Иако не постои точна бројка, бидејќи луѓе бесповратно исчезнувале преку ноќ, извесно е дека илјадници лица, политички неистомисленици на Титовиот режим, биле затворени во мошне тешки услови на Голи Оток, а голем е и бројот на оние кои таму и умреле поради тешките услови.[9]
Голи Оток бил специјален затвор за политички затвореници, и станал синоним за политичката репресија на Титовиот режим.
Водачите на АСНОМ
Македонските политички раководители биле особено прогонувани во периодот од 1945-1950 година. Без судење, или со судења без докази, или за идеолошки несогласувања, биле испратени на тежок затвор врвните македонски политички дејци. Од 22-цата членови на Президиумот на АСНОМ, водечкиот политички орган во Македонија од тој период, дури 12 биле затворени или разрешени:
Затворани:
- Методија Андонов - Ченто (претседател)
- Панко Брашнаров (прв потпретседател)
- Владимир Полежиновски (секретар)
- Венко Марковски
- Петре Пирузе
- Кирил Петрушев
Разрешени и деградирани:
- Димитар Влахов
- Емануил Чучков (втор потпретседател)
- Богоја Фотев
- Епоминонда поп Андонов
- Лазар Соколов
- Вера Ацева
Сузбивање на религијата
Како дел од борбата против идеолошките противници, Тито бил против религиозните институции и ги охрабрувал граѓаните да се свртат против црквите и џамиите. Раководните тела на религиозните организации биле под постојан притисок од разузнавачките служби, а непосредно по војната, партизаните ги оштетувале и ограбувале црковните објекти.[10] Сепак, и покрај таквата негова политика, во Македонија била возобновена Охридската архиепископија во името на Македонската православна црква.
Доживотен претседател
Со Уставот на СФРЈ од 1974, Тито бил прогласен за доживотен претседател на земјата, што исто така значајно ги блокирало демократските процеси во државата.
Екстремната емиграција
Режимот на Тито бил познат и по безмилосното справување со тнр. "екстремна југословенска емиграција", односно луѓе кои емигрирале од Југославија, и активно политички се организирале или агитирале против југословенскиот систем. Постоеле голем број организации и здруженија во светот кои имале политички платформи против југословенскиот режим на чело со Тито. И таа емиграција била под постојан надзор и притисок од југословенскиот режим, а највидните претставници на политичката емиграција биле убивани и во странство од Југословенските тајни служби.[11] Во Македонија, најпознат е примерот на репресијата врз Драган Богдановски,[12] еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.
Промоција преку пропагандата и образованието
Во културата
Голем број на партизански филмови, во кои се величал ликот на Тито биле снимени во повоениот период. Во нив се зборува за неговата војно-стратешка генијалност, принципиелност и добрина. Илјадници статисти и познати светски филмски ѕвезди учествувале во тие филмови за партизанските борби, како што се Неретва, Сутјеска, Козара, и други.
Уште од Втората светска војна[13] започнале да се создаваат песни со кои се величала личноста и непобедливоста на Тито, кои преку медиумите и пропагандата станувале хитови:
- Уз маршала Тита јуначкога сина
- Нас неќе ни пакао смест
- ......
- Друже Тито ние ти се колнеме
- дека од твојот пат нема да скршнеме
- ......
- У име свих нас из педесет и неке
- За заклетву Титу ја спев'о сам стих
- ......
Во образованието
Особено во образованието бил изразен трендот на градење на култ кон ликот и делото на Тито. Текстови во читанките, лектири и други четива посветени на Тито биле вклучени во задолжителната програма. Во секоја училница висела слика на Тито. Организациите на децата биле наречени "Титови пионери", а нивниот поздрав бил "За татковината со Тито - Напред!".
Во детските одморалишта и на работните акции исто така се вршела силна идеолошка пропаганда.
Роденденот на Тито бил прославуван како Ден на младоста. Тоа бил неработен ден, во кој учениците и студентите организирале големо дефиле на стадионот на Југословенската народна армија во Белград, при што на Тито му била врачувана штафетата на младоста. Претходно, по примерот на олимпискиот факел, младинците ја носеле штафетата повеќе недели низ цела Југославија.
Преименување на географски поими
Во секоја република и покраина во Југославија по еден град го носел титовото име (Подгорица во Црна Гора станала Титоград, Велење во Словенија станало Титово Велење, Велес во Македонија станал Титов Велес, Косовска Миторовица станала Титова Митровица, Врбас во Војводина станал Титов Врбас, Кореница во Хрватска станала Титова Кореница, Дрвар во Босна и Херцеговина станал Титов Дрвар, а Ужице во Србија станало Титово Ужице). Биле преименувани и други географски поими. На пример, највисокиот врв на Шара од Голем Турчин (а од 1934. Александров Врв), станал Титов Врв.
Темелите на нова Југославија
На слободната територија се создаваа народоноослобидтелните одбори - никулците на новата власт и на денешното самоуправување. На 29ти ноември 1943 година, во босанското гратче Јајце се одржа Второто заседание на АВНОЈ. Среде поробена Европа, беше слободна една петтина од Југославија, што е повеќе од вкупната територија на Белгија. Најважната одлука на заседанието во Јајце, беше идното уредување на земјата да се засновува врз федеративен принцип. На крајот сојузниците ја дознаа единствената вистина за војувањето во Југославија и започнаа повеќе да ја помагаат Титовата војска во воен материјал и згрижување на ранетите. Партизанската војска станува модерно ооружена армија од близу 800 идлјади борци. Јакнењето на народноособлодителната војска, најзиниот углед меѓу сојузниците и влијанието кај поробените народи на Европа го принудија Хитлер да подготви нов план за да ја обезглави и уништи Југославија. Взори на 25 мај, на самиот Титов роденден, е извршен десант на Дрвар, операцијата "Коњички Скок". Во пештерата крај Дрвар се напѓаше Штабот со врховниот командант Тито и членовите на ангоамериканските и советските мисии. Наредбата на Хитлер беше крајно енергична: По секоја цена да се фати командантот Тито! - Секој подобранец од Нацистичката Германска војска ја имаше Титовата фотографија. Во Дрвар се наоѓаа незначителни партизански сили, кои со помош од целиот народ херојски м у се спротивставуваа на непријтаелот, очекувајќи да пристигнат на помош поголеми единици. Борците на Шестата личка девизија, претрчаа 16 километри и во силен јуриш ги разбија германските падобранци и уште еднаш го оневозможија вешто замислениот план на германската команда. Поради се послужените операции и потребата од непосредна соработка во сјузниците, Тито и Врховниот штаб преминуваат на островот Вис. По ослободувањето на далматинскиот брег - ќе забележи Тито - помошта од сојузниците почнува да пристигнува во сè поголем обем и со продови.
За да го истакне значењето на соработката со партизаните, Черчил го испраќа на ослободената територија и својот син Рандолф. Наскорот потоа со Неапол се состануваат Тито и Черчил и се договараат за усогласување на воените операции на партизаните и сојузничката војска во Италија. Изминаа пет тешки години од последниот Титов престој во Москва. Овенчан со славата на големите победи, легендарниот партиски зански командант се најде повторно во советскиот главен град, но сега не за да поднесува извештај и да прима инструкции, туку да се договара. Првпат се среќава со Сталин. "Разговаравме за заеднички операции. Јас му барав една тенковска девизија што би им помогнала на нашите единици при ослободувањето на Белград." - изјавил Тито. Партизанската војска е се побројна. Таа сега веќе располага со модерно ооружување и друга воена техника. За фронтална војна, што претстоеше, требаше да се совладаат нови воени вештини. И подготовките забрзано се спроведуваа. Во октомври 1944 година почна Битката за Белград. Партизанските единици, составени од борци од сите краишта на Југославија заедно со борците на Црвената армија шест дена непрекинато водеа борба за секоја улица, за секоја куќа. Граѓаните на Белград им приоѓаа на борците и заедно со нив јуришаа. По четириесетти пат во својата историја главниот град на Југославија стоеше разурнат, но и слободен. Обраќајќи им се на ослободителите и на граѓаните на херојски Белград, Тито рече: "И во најтешките часови секогаш мислев: во Белград започнавме, во Белград и ќе завршиме". Признанијата за храброста на Титовата војска и нејзиниот придонес во заедничката борба против вашизмот беа неподелени. Позната е високата оцена што ја изрече Черчил во Британскиот парламент: "Борбата на партизаните не можеа да ја запрат никаква германска офанзива, ни ѕверства. Тие се подобро се снабдуваа со воена оперма одзимајќи ја одГерманците и од другите непријатели. Ја продолжија немилосрдната војна, зашто за нив се работеше за смрт или за слобода. Тие наскоро станаа господари на ситуацијата и смртен непријател за Германците, затоа што ги напаѓаа насекаде". Добро вооружената партизанска војска, напредува на целиот фронт и не е далеку денот кога целата земја ќе биде слободна. Во пролетта на 1945 година, војната се пренесува на почвата на Германија. Наскоро и Берлин во кој започна сето зло, ќе се најде во оган и урнатини. Творците на "новиот поредок" во Европа со горичина во срцето се присетуваа за Хитлеровата заклетва дека на германската земја никогаш нема да се води војна. Целиот свет, исцрпен од војната, трескаво ја очекуваа радосната вест и таа пристигнува: "Падна Берлин!" Се оствари сонот на милиони луѓе од целиот свет - војната е завршена! Сближени од страдањата во наметнатата војна, сојузничките војски се среќаваат на бреговите на Елба. Победносно завршувајќи ја војната, Тито уште тогаш заполнува да размислува за тоа како да се зачува скапо платениот мир: "Нашата желба е со нашите сојузници да останеме во мир, црвсто поврзани, како што бевме поврзани за време на војната". На 29 ноември 1945 година е прогласена Федеративна Народна Република Југославија. Создадена е заедница на рамноправни народи и народности, составена од шест републики и две покраини. Се оствари вековниот сон на народите на Југославија. Остварен е и Титовиот најголем животен сон - сонот на револуционер. Настана време на обнова и изградба на земјата, опустошена од војната и економски заостаната. Немаше ни најнеопходни машини за работа. Како во почетокот на Народноослободителната борба, во борбата за обнова и изградба на земјата се одеше брз техника и орудија, но тој недостиг успешно го заменуваше револуционерниот занес и работниот полег, што не признаваше никакви тешкотии. Земјата брзо го менуваше својот изглед. Никнуваа нови фабрики, патишта, мостови, нови згради, цели градови. Изградувајќи ја земјата, луѓето се изградуваа себеси. Се добиваа нови работни искуства, нови знаења. На културната заостанатост на земјата и беше објавена војна со увереност дека образованието и зголемувањето на културното ниво на населението е услов за економски напредок и изградба на социјалистички општествени односи. Од повоените денови на голема немаштија о одречувања, Титовото присуство и Титовиот збор даваа нова сила да се истрае и да се пребродат тешкотиите. Обраќајќи и се на младината, која предничеше и во војната ив о обновата и изградбата на земјата, Тито со нему својствената отвореност и непосредност рече: "Имаме стотици и стотици тешки неволји, стотици задачи што мораме да ги решиме". Младината му веруваше зашто во него гледаше симбол на победата. Со него никакви тешкотии не се несовладливи. Тито е еден од најистакнатите борци за мир и пријателство меѓу народите Непосредно по војната Тито сакаше да развие пријателски односи и со петте источноевропски земји кои зачекорија по патот на изградба на социјализам. До 1948 година една по друга тој ги посети сите овие земји.
Пријателство со Бугарија
Во Бугарија е склучено ново пријателство. Решено е да се заборави немилата историја од последните две војни. На чело на Бугарија се напѓаше Георги Димитров, голема нличност на меѓународното револуционерно движење и личен пријател на Тито од повеќе години заедничка работа во Коминтерната.
Пријателство со Полска
Во настраданата Полска е пречекан како соборец во борбата против вашизмот.
Пријателство со Романија
Во соседна Романија половина милион луѓе стоеја на снег и ги слушаа зборовите на Тито за заедничката цел - за социјализмот.
Пријателство со Унгарија
Во Унгарија во знак на помирување е подадена раката на пријателството.
Пријателство со Чехословачка
Во Чекохославачка, како и со другите социјалистички земји, се потпишани договори за пријателство и заемна соработка. Тоа време ветуваше дека ништо не може да не раздели.
Дојде 1948 година со озлогласената Резолуција на Информбирото, со која се осудени Комунистичката пратија на Југославија и Тито. Недовербата што Сталин ја покажуваше уште за време на војната спрема "непослушните" југословенски комунисти, особено изразена во врска со создавањето на пролетерските бригади и одлуките на АВНОЈ прерасна во отворена нетрпеливост, што го предизвика неминовнот судир. Меѓутоа, Резолуцијата не можеше да ги расколеба југословенските комунисти и нивната верба во Тито. Уште еднаш е осведочено и единството на Партијата и народот што беше толку силно манифестирано на Петтиот конгрес на КПЈ.
- „Не осудија - рече другарот Тито - затоа што ние поинаку ги замислувавме односите меѓу социјалистичките земји. Ние сакавме рамноправност, а Сталин сакаше ние да им ја потчиниме својата не зависност на интересите на онаа политика што ја водеше тој. И токму инсистирањето на наш сопствен развиток според потребите на југословенските народи најмногу му пречеше на Сталин и на советското раководство“.
-
Тито и Џавахарлал Нехру, премиерот на Индија, потпишуваат заедничка декларација по заклучокот од нивниот разговор, c. 1955
-
Тито и Хајле Селасие во Копер во 1959
-
Тито и Вили Брант во Бон во 1970
-
Ричард Никсон со Тито во Белата куќа, 1971
-
Елизабета II со Тито во Белград, 1972
-
Тито со Џими Картер во Вашингтон во 1978
Смртта на Тито
Четврти мај 1980. Најтажното неделно попладне. Иако можеше да се очекува најлошото - сепак постоеше надеж. А тогаш соопштение од конзилиумот на лекарите: "И покрај преземањето на сите неопходни мерки... Јосип Броз Тито почина во 15,05 часот". Потоа уследи Прогласот од ЦК СКЈП и Претседателството на СФРЈ. Зборот се прошири насекаде. Луѓето чекаа по должината на пругата сè до Загреб. А синиот воз минуваше тивко и скоро бесшумно крај луѓето кои се слеаја крај колосекот како река за на својот Тито барем за миг да му упатат последен поздрав и да му ја изразат длабоката благодарност. И Забреб, градот на Титовата младост и на првите Титови револуционерни акции, достоинствено го пречека и испрати, горд на Загорјето што го роди на загрепската партиска организација и заробничката класа која толку многу му даде и доби од него. На патот од Загреб кон Белград пак истата глетка. Најискрено и најтажно простување од работниците, селаните, младината и пионерите на Словенија и Срем. Белград - градот на титовиот постојан пренос ос ослобудвањето на земјата. На овој град другарот Тито лично му го врачи Орденот народен херој и му го изрази своето почитување на градот - херој:
- "И денес, по триесет години, ние овде мораме да им изразиме вечна благодарност, што им ја должат не само денешните туку и идните генерации, на оние кои со своите животи му ја дадоа слободата на Белград и придонесоа за неговото херојство. Јас сум длабдоко почестен што токму мене ми е дадена можност аовде да го предадам овој орден. Зашто, јас тогаш бев во Белград и со своите очи водов како изгледаше тоа. Јас немам други зборови, не можам да ги најдам, туку уште еднаш овде д аги кажам: Благодарност на оние херои, благодарност на таа младина и на сите оние што ги дадоа тука своите животи, давајќи им пример и на сеашните и на идните генерации. таква треба да биде нашата младина - и денес и во иднина."
Белград во болка се слеа на плоштадот "Братство и единство". Тука на плоштадот и по должината на сите улици кон Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југослваија, каде што е изложен ковчегот со телото на другарот Тито, тажни но горди белграѓани му оддадоа почит и му се заблагодарија на најмилиот другар, пријател, на својот голем сограѓанин. Во сите републики и покраини, во сите градови, села, во единиците на славната Титова армија, во школите и сите општествени и политички организации се одржаа комеморативни собири. И насекаде една и иста слика - изрази на тага, почитување, гордост што живеевме во неговото време и решителност да се продолжи неговото дело. Насекаде исто и единствено: "Ние сме Титови, Тито е Наш - и Другар Тито, ние ти се колнеме дека од твојот пат нема да скршнеме". Во Домот на синдикатите, во свечена сала во која другарот Тито толкупати говореше, се одржа комеморативна седница на највисоките органи за федерацијата и делегациите од републиките и покраините. За другарот и неговото дело говореше Владимир Бекариќ, кој меѓу другото рече:
- "Уште за време на животот легенда, Тито сега преминува во легенда на историјата, меѓу нејзините врвови. Заминувајќи од нас, ни го остава во наследство своето џиновско револуционерно дело со кое сите ние, наши работни луѓе, сите народи и народности на оваа слободна и горда земја, сраснавме во гранитно единство што со ништо веќе не може да се разниша. Во тоа големо дело лежи и гаранцијата на нашата иднина. А тоа е пак Тито и се она што подразбираме под тоа име: братството и единството, осцијалистичкото самоуправување, нашата слобода и независност, цврстата солидарност со силите на мирот и човечкиот напредок во светот. Нека ми биде дозволено во овој час, тежок за сите нас, да ве потсетам на Титовите зборови кој ни ги упати како завет од трибината на Единаесеттиот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија:
- "Социјалистичка, самоуправна и неврзана Југославија има цврсти и трајни темели, сигурни потпирачи на својата иднина. Силата на Југославија е во херојство и црвстината на нејзините народи и народности, кои се калеа низ историјата и ја издржаа пробата со најголеми искушенија на големата ослободителна војна. Силата е во нивното единство и во светста дека тоа единство во денешниот свет - во кој силата уште не отстапила пред разумот - е услов не само за просперитет, туку иза големиот опстанок. Силата е во идеите кои не вдахновуваат и во целите за кои се бориме. Силата е во работничката класа и нејзината решавачка улога во општеството, во нашите работни луѓе кои, иако уште не се лишени од многу тешкотии и одречувања, секој ден имаат сè повеќе и живеат се подобро. Силата е во нашата млада генерација којаги пригрна придобивките на револуцијата како свои и која знае дека има зад себе подолг период на работа и живот во слобода и мир одошто која и да е претходна генерација на оваа почва. Силата е во социјалистичкиот самоуправен систем кој му да ва на нашиот човек слободно и суверено да решава за својата работа и нејзините резултати, кој го заштитува од експлоатација и насилство, од се она што го спречува сестраниот развој на слободната човечка личност. Силата е во широпкиот фронт на организираните социјалистички сили на чело со Сојузот на комунистите, авангарда не само според идејалното определување и богатото револуцинерно искуство, туку и според способноста да ги осветлува патиштата и перспективите на натамошниот развиток. Силата е во општонародната одбрана, чија ударна моќ ја сочинува Југословенската народна армија, во која на единствен начин се проткајуваат идејно-моралната црвстина, борбената оспособеност и современата опременост. Силата е во нашата независност и неврзаната политика, во тоа што и со најголемите разговараме како рамен со рамен што на рамноправна основа соработуваме со скоро сите земји на светот. Силата е во високиот углед на социјалистичка и неврзана Југославија, во многубројните пријатели во целиот свет, во позицијата каква што ретко која земја ја има создадено во меѓународните односи. Затоа ние со ведрина и оптимизам гледаме во иднината". Ти благодариме, другар Тито, на наследството што ни го остави. Ќе го чуваме како зеницата во своето око. Ти благодариме што го оспособи нашето револуционерно движење и натаму смело да ослободува простори за човечкиот напредок."
Покрај ковчегот со телото на другарот Тито, во холот на Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, поминаа и му оддадоа почит на великанот стотици илјади белграѓани и други граѓани од редовите на сите народи и народности на нашата земја. Соборци, херои, младина и претставници од сите општествено-политички организации, делегации од републиките и покраините и од Југословенската народна армија беа на почесна стража. На овој единствен борец за мир, за межународно разбирање за помирно и подостоинствено утре во целиот свет - еден од основачите и градител на движењето на неврзаните му оддадоа почит досега невиден број делегации од целиот свет. На оддавањето почит и на закопот на Претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јопис Броз Тито, присуствуваа вкупно 209 делегации од 127 земји: 122 државни делегации, 48 делегации на партии, 4 делегации на ослободителни движења, 9 делегации на меѓународни организации и 6 други. На чело на државните делегации имаше 38 шефови на држави, 5 принцови, 7 потпретседатели на републики, 6 шефови на национални парламенти, 10 претседатели на влади, 3 потпретседатели на влади, 11 министри за надворешни работи, 20 членови на влади и 22 државни функционери. Меѓу сите делегации што поминаа покрај одарот на Претседателот Тито и покрај неговата гробница се најдоа собрани заедно 4 суверни - кралево, 6 принцови, членови на кралски семејства, 31 претседател на република, 10 потпретседатели на републики, 11 претседатели на национални парламенти, 22 премиери, 12 заменици на претседатели на влади, 47 министри за надворешни работи и повеќе членови на влади. На 8 мај 1980 година во Белград е погребан Јосип Броз Тито. Скромно, но еличествено. Погребан е во свеќарникот на својата градина, меѓу алеите од ружи што самиот ги одгледуваше, во Ужичка број 15. Во средината на стаклената градина, меѓу прекрасни ружи стои бела мермерна плоча на која пишува "Јосип Броз Тито, 1892 - 1980". Ова стана вечен дом на човекот чие дело ќе го продолжат и оваа и идните генерации.[14]
По смртта на Тито
Веднаш по смртта на Тито, започнуваат шпекулации околу тоа дали неговите наследници би можеле да ја задржат Југославија цела. Етничките поделби и конфликти растат и по една деценија по неговата смрт конечно еруптираат во серија војни.
Тито е погребан во мавзолеј во Белград, наречен Куќа на цвеќето, и многу луѓе го посетуваат тоа место како храм за подобрите времиња, иако веќе не носи белег на чест.
Подароците што Тито ги прима за време на неговото претседателство се чуваат во Музејот на Историјата на Југославија (чии стари имиња се „Музеј 25 Мај“ и „Музеј на Револуцијата“) во Белград. Вредноста на оваа колекција е бесценета: таа вклучува многу светски-познати уметници, вклучувајќи оригинални дела на Франциско Гоја и други.
За време на неговиот живот, а особено во првата година по неговата смрт, неколку места се именувани по Тито. Во Република Македонија градот Велес во чест на Тито одреден период го носеше називот „Титов Велес“.
Последици од владеењето на Тито
Недостигот на демократичност на Југословенскиот систем, неговото потпирање врз култот на личноста на Тито и посебно врз владеењето на политиката, а не на правото, довел до целосен копалс на системот по Титовата смрт. Ваквите настани биле дополнително зајакнати со оглед на економската криза во земјите Источниот блок (кои биле главен економски партнер на СФРЈ[15]) и посебно со крајот на Студената војна и распадот на СССР.
Имајќи ги предвид слабостите на Југословенскиот (волонтеристички) политички и економски систем, Институциите не биле доволно силни за да се справат со предизвиците на новото време, па затоа земјата се распаднала преку крвави националистички војни во деведесеттите години од минатиот век. Со оглед на ваквото наследство зад себе, до денес, политичките партии во Република Македонија не можат да ја разберат предноста од владеењето на правото над политиката.
Семејство
Првата сопруга на Тито е Пелазгија Броз која му раѓа син, Жарко. Неговата втора жена е Херта Хас, која во мај 1941 му раѓа син, Мишо. Најпозната сопруга на Тито е последната, Јованка Броз. Негови видни внуци се Александра Броз, театарски режисер во Хрватска и Светлана Броз, кардиолог и писател во Србија[16].
Тито е најверојатно роден на 7 мај, но неговиот роденден се слави на 25 мај откако тој станува претседател на Југославија. Неговиот роденден се славеше како Ден на Младината на СФРЈ.
Награди
Југословенски награди и одликувања
Меѓународни награди и ордени
Занимливости
- Титовата омилената марка на часовници била Патек Филип.
Тито како тема во уметноста и во популарната култура
Тито во книжевноста
- „Тито“ — песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[20]
- „Книга за Тито“ (српски: Knjiga o Titu) — книга на словенечкиот писател Франце Бевк од 1956 година.[21][22]
- „Тајната на црвениот замок“ (српски: Tajna crvenog zamka) — расказ на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.[23]
- „Ѓиласовиот број“ (српски: Đilasov broj) — расказ на Вуле Журиќ од 2014 година.[24]
- „Среќна нова ’41“ (српски: Sretna nova ’41) — расказ на Вуле Журиќ од 2014 година.[25]
- „Пинки го виде Тито“ (српски: Pinki je video Tita) — книга на српскиот писател Јован Поповиќ од 1965 година.[26]
Тито во музиката
- „Пинки го виде Тито“ (српски: Pinki je video Tita) - песна на Зоран Рамбосек и Р. Симовиќ (исполнува Зоран Рамбосек) од 1977 година.[27]
- „Тито е пред нас“ (српски: Tito je pred nama) - песна на Борис Бизетиќ и Г. Будимировиќ, Лазаров (исполнува Бојан Рамбосек) од 1977 година.[27]
- „Другар Тито, ние ти се колнеме“ (српски: Druže Tito mi ti se kunemo) - песна на српскиот поп-пејач Здравко Чолиќ од 1980 година.[28]
- „Трипати го видов Тито“ (српски: Triput sam video Tita) - песна на српската поп-група „Рани мраз“ од 1981 година.[29]
Тито во филмот
- „Тито и јас“ (српски: Тито и ја) - српски филм од 1992 година во режија на Горан Марковиќ.
- „Тајната на Титовата соба“ - српски филм од 2014 година во режија на Горан Марковиќ.
Медија
- Не можете да ја чуете снимката? Видете помош со снимки.
Уз маршала Тита | |
Песна во која се слави Тито |
Поврзано
Надворешни врски
- Македонска архива на Јосип Броз Тито
- Титовил - говори, фотографии, филмови и продолжена биографија
- Вежбанка за критичко мислење - Од другата страна на менталната бариера Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Фотографии и расправи за Јосип Броз Тито Архивирано на 15 март 2009 г.
- Анте Цилига „ Како Тито ја презеде Комунистичката партија на Југославија“
Наводи
- ↑ [1] Josip Broz Tito. Yugoslav revolutionary and statesman, Encyclopaedia Britannica
- ↑ http://www.nsa.gov/public/pdf/[мртва врска]
- ↑ http://www.britannica.com/EBchecked/topic/597295/Josip-Broz-Tito
- ↑ „Хуманоста на македонскиот комунизам“. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2009-08-06.
- ↑ Откриена нова масовна гробница во Хрватска
- ↑ Посета на масовната гробница во Словенија
- ↑ Ексхумација на тела од масовна гробница во Словенија
- ↑ „Куршумите на ОЗНА побрзи од пресудата“. Архивирано од изворникот на 2008-02-20. Посетено на 2009-08-06.
- ↑ Здружението „Голи Оток” бара обесштетување
- ↑ „Ликот на Тито на манастирска фреска“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2009-08-06.
- ↑ „УБИСТВОТО НА МЕЛИХА ДЕЛИЌ И ПО ТРИ ДЕЦЕНИИ ОСТАНУВА ЕНИГМА“. Архивирано од изворникот на 2016-03-14. Посетено на 2009-08-06.
- ↑ Да не го заборавиме Драган
- ↑ Авторите на партизанските песни[мртва врска]
- ↑ ТИТО - Илустрирана Биографија
- ↑ Тоа довело до масовни протести, до незадоволство од страна на работниците, а ваквите околности биле плодно тло за дазвој на национализмите од различен тип.
- ↑ Barnett N., Tito, ibid, p39
- ↑ 17,0 17,1 Bilo je časno živjeti s Titom. RO Mladost, RO Prosvjeta, Zagreb, февруари 1981. (стр. 102)
- ↑ „List of order of Victory recipients“. Архивирано од изворникот на 2004-12-16. Посетено на 2009-05-30.
- ↑ „Recipients of Médaille militaire“. Архивирано од изворникот на 2009-08-26. Посетено на 2009-05-30.
- ↑ Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 61-63.
- ↑ Google Books, Knjiga o Titu (пристапено на 12.11.2017)
- ↑ Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967.
- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 33-62.
- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 139-158.
- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 185-207.
- ↑ Google Books, Pinki je video Tita (пристапено на 12.11.2017)
- ↑ 27,0 27,1 www.discogs.com, Bojan I Zoran Rambosek – Pinki Je Video Tita (пристапено на 12.11.2017)
- ↑ YouTube,Zdravko Colic - Druze Tito mi ti se kunemo - (Audio 1980) (пристапено на 12.11.2017)
- ↑ YouTube, Rani Mraz - Triput sam video Tita - (Audio 1981) HD (пристапено на 12.11.2017)
|
Статијата „Јосип Броз-Тито“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии). |
- Луѓе од Кумровец
- Родени во 1892 година
- Починати во Љубљана
- Починати во 1980 година
- Статии со непотврдени изјави
- Јосип Броз Тито
- Југословенски политичари
- Диктатори
- Хрватски комунисти
- Хрватски атеисти
- Маршали
- Народни херои на Југославија
- Историја на Југославија
- Почесни граѓани на Скопје
- Комунистички водачи
- Австроунгарци од Првата светска војна
- Хрвати од Втората светска војна
- Носители на Големиот крст на Легијата на честа
- Јунаци на социјалистичкиот труд
- Академици на САНУ
- Членови на Словенечката академија на науките и уметностите
- Членови на Босанската академија на науките и уметностите
- Носители на Орденот на Ленин
- Учесници во Руската граѓанска војна
- Делегати на АВНОЈ
- Носители на Орденот на Суворов од I степен