Шарик Тара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 22 април 1930
Скопје
Починал 28 јуни 2018
Истанбул
Националност турска
Занимање стопанственик


Шарик Тара (турски: Şarık Tara ); (Скопје, 13 јануари 1930Истанбул, 28 јуни 2018) – турски милијардер кој ја основал фирмата Енка со Сади Ѓулчелик во 1957 година.[1] Роден во Скопје, во 1942 година како дванаесетгодишник емигрирал во Турција.[2] Неговиот татко Февзија Хаџихамзиќ, етнички Бошњак, бил од Прибој во Санџак, Србија. По доаѓањето во Турција неговиот татко го сменил презимето во Тара според реката Тара која тече низ Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Шарик Тара е основач на најголемата турска градежна компанија ЕНКА, со која сега управува неговиот син Синан, исто така милијардер. Компанијата имала голема улога во Русија како изведувач и инвеститор на недвижнини. Таа поседува деловни простории, хотел и трговски центар во Москва како и 63 супермаркети, хипермаркети и трговски центри низ Русија. Енка е исто така позната како изведувач на амбасади на САД во Доминиканската Република, Екваторијална Гвинеја, Холандија, Индија, Парагвај, Русија, Шри Ланка, Џибути, Непал, Босна и Херцеговина и Авганистан. Конгломератот е еден од најголемите турски производители на електрична енергија и се шири во енергетскиот сектор. Богатството на Шарик Тара е проценето на 5,2 милијарди американски долари.

Во 2006 година, советот на Град Скопје го прогласил Шарик Тара за почесен граѓанин на Скопје[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Turkish business mogul Şarık Tara dies at 88“. Hürriyet Daily News. конс. 30 June 2018. 
  2. „Sarik Tara“. forbes.com. 
  3. In memoriam: Почина Шарик Тара на семрежното место на Министерството за култура