Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.763 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Одржлива енергијаенергија произведена и искористена на таков начин што „ги задоволува денешните потреби, без да ја наруши способноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“. Поимот „одржлива енергија“ често се користи обострано со терминот обновлива енергија. Општо земено, обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерната и хидроелектричната енергија, се сметаат за одржливи. Сепак, одредени проекти за обновлива енергија, како што е расчистување на шумите за производство на биогорива, може да доведе до слична или полоша штета кон животната средина, во споредба со употребата на енергија од фосилните горива. Јадрената енергија е безбеден извор на незагадувачка енергија, но нејзината одржливост е предмет на расправа поради производството на јадрен отпад и ограничените извори на ураниум.

Енергетското преминување за исполнување на светските потреби за електрична енергија, греење, ладење и енергија за превоз на одржлив начин се смета за еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во XXI век. На светско ниво, скоро милијарда луѓе немаат пристап до електрична енергија, а околу 3 милијарди луѓе се потпираат на горива што испуштаат многу чад како дрво, јаглен или животински измет за готвење храна. Овие и фосилните горива се најголем придонесувач за загадувањето на воздухот, што предизвикува околу 7 милиони смртни случаи годишно. Производството и потрошувачката на енергија емитува над 70% од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Таваница на барокната црква „Успение на пресв. Богородица“ во Кирххаслах, Германија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Белскиот даб
Белскиот даб
На денешен ден…

Денес е 15 јуни 2024 г.

Настани:

1752  Бенџамин Френклин, го докажа односот меѓу молњата и електричното празнење со пуштање на детско летало за време на бура. На овој ден е пронајден громобранот.
1919  Во директен лет од Њуфаундленд, Северна Америка до Ирска, британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетаа Атлантикот. Летот траеше 10 часа и 12 минути.
1920  На Конгресот во Хаг е основана Светската конференција на трудот.
1967  Жорж Помпиду е избран за претседател на Франција.
1994  Израел и Ватикан воспоставиле целосни дипломатски односи по историскиот договор за меѓусебно признавање и помирување, и формално окончувајќи го вековното несогласување меѓу Евреите и Римокатолиците.
1994  Република Македонија и Република Боливија воспоставиле дипломатски односи. Република Боливија е прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Република Македонија воспостави дипломатски односи.

Родени:

1330  Едвард Црниот Принц — син на англискиот крал Едвард III.
1479  Лиза дел Џокондо — позната како Мона Лиза.
1519  Хенри Фицрој — незаконски син на Хенри VIII.
1843  Едвард Григ — норвешки композитор.
1882  Јон Антонеску — премиер на Романија.
1882  Павел Шатев — македонски револуционер.
1899  Федерико Гарсија Лорка — шпански писател.
1922  Јусуф Реџепи — македонски лекар.
1923  Ерланд Јозефсон — шведски глумец.
1923  Ерол Гарнер — американски џез-музичар.
1930  Фахри Каја — македонски поет.
1943  Џони Халидеј — француски пејач и глумец.
1946  Бранко Балетиќ — црногорски и југословенски филмски режисер.
1953  Мери Цетиниќ — хрватска и југословенска поп-пејачка.
1953  Славољуб Муслин — српски фудбалер.
1953  Си Ѓинпингпретседател на НР Кина.
1964  Кортни Кокс — американска глумица.
1964  Михаел Лаудруп — дански фудбалер.
1969  Оливер Кан — германски фудбалер.
1969  Ајс Кјуб — американски рапер, музички продуцент и глумец.
1970  Жан Табак — хрватски кошаркар.
1980  Икер Ромеро — шпански ракометар.
1992  Мохамед Салах — египетски фудбалер.
1995  Егор Клјука — руски одбојкар.

Починале:

1389  Мурат Iотомански султан.
1889  Михај Еминеску — романски поет.
1889  Еухенио Камбасерес — аргентински писател и политичар.
1927  Христо Делчев — македонски револуционер.
1970  Алмада Негреирош — португалски сликар.
1986  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј — поглавар на Македонската православна црква.
1990  Џорџ Накашима — јапонско-американски столар.
1993  Џејмс Хант — британски автомобилист, светски првак во трките на „Формула 1“ во 1976 година.
1995  Џон Винсент Атанасов — американски компјутерски инженер.
1996  Ела Фицџералд — американска џез-пејачка.
2010  Беким Фехмиу — југословенски глумец.
2019  Франко Зефирели — италијански режисер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич