Славољуб Муслин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Славољуб Муслин
Славољуб Муслин

Славољуб Муслин (роден на 15 јуни 1953 година во Белград, Србија, ФНРЈ) е српски фудбалски тренер и поранешен играч. Тренерската кариера ја започнаl во 1989 година. Водел клубови од Франција, Мароко, Србија и Црна Гора, Бугарија, Украина, Белгија и Русија. Тој е поранешен селектор на српската фудбалска репрезентација.

Покрај тоа, Муслин бил познат играч. Играл како одбранбен играч за неколку клубови, меѓу кои најпознати се Црвена звезда, а подоцна и Лил.

Кариера[уреди | уреди извор]

Син е на Дује Муслин од Сплит неговата мајка Даница потекнува од Крагуевац, Славољуб Муслин е роден во Белград каде играл за ОФК Белград, потоа БАСК и Рад пред да потпише за Црвена Звезда.

Муслин бил столбот на одбраната на Звезда во текот на 70-тите. За 6-те години поминати во Маракана играл со најголемите ѕвезди на клубот како Драган Џајиќ, Владислав Богичевиќ, Јован Ачимовиќ, Владимир Петровиќ, Душан Савиќ. Со Црвена звезда освоил три титули и бил финалист во Купот на УЕФА во сезоната 1978/79. губејќи во финалето од Борусија Менхенгладбах.

Во 1981 г. се преселил во Лил, потоа играл за Брест, за да ја заврши својата играчка кариера во Каен.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Брест[уреди | уреди извор]

Муслин ја започнал својата тренерска кариера во клубот каде што ја завршил играчката кариера, во Брест, каде што останал до 1991 година.

По и Бордо[уреди | уреди извор]

Муслин поминал три сезони во По пред да се пресели во Бордо во 1995 година. Со тим кој имал голем потенцијал и играчи како Биксенте Лизаразу, Кристофер Дугари и идната светска фудбалска ѕвезда Зинедин Зидан, Муслин постигнал добри резултати во Купот на УЕФА во сезоната 1995/96. обезбедувајки пласман во 1/4 финалето. Сепак, тој бил отпуштен во пролетта 1996 година поради слабите резултати во првенството, што значи дека не го предводел тимот во 1/4 финалето, каде што Жирондинците загубиле од фаворитот Милан.

Ланс[уреди | уреди извор]

Муслин го презел ФК Ленс во летото 1996 година. Тој го водел тимот во Првата лига сè додека не бил отпуштен на 11 март 1997 година.

Ле Ман[уреди | уреди извор]

Во 1997 година, тој го презел ФК Ле Ман, но по само неколку месеци бил отпуштен во ноември 1997 година.

Видад[уреди | уреди извор]

Во сезоната 1998/99 го презел ФК Видад од Казабланка.

Црвена звезда[уреди | уреди извор]

Неговиот поранешен клуб Црвена звезда го повикал летото 1999. Муслин на 20 септември го презел тимот, кој бил во тешка ситуација по отказот на Милољуб Остојиќ поради лошиот старт во лигата и срамниот пораз „дома“ со резултат 0:1 (утакмицата се играла во Софија поради забраната за летови над СР Југославија поради бомбардирањето на НАТО) од Монпелје во сезоната 1999. Покрај тоа што не успеал да го победи францускиот тим и да се пласира на 2. коло (неговиот прв натпревар), Муслин на импресивен начин ја освоил двојната круна (лигата и купот).

Ја освоил титулата и следната сезона, но загубил во финалето на купот од својот вечен ривал Партизан.

Тој поднел оставка на 30 септември 2001 година од непознати причини.

Левски[уреди | уреди извор]

Во март 2002 година, Левски од Софија на сред сезона го отпуштил тренерот и му понудил работа на Муслин, а тој максимално го искористил тоа, освојувајќи ги лигата и купот. Тој бил отпуштен во април 2003 година поради негативата од 8 поени на Левски зад водечкиот тим. Тимот подоцна го освоил купот.

Црвена звезда, по втор пат[уреди | уреди извор]

Во јуни 2003 година, Црвена звезда повторно го поканила, по заминувањето на Зоран Филиповиќ. Пролетта 2004 година, Муслин освоил нова двојна круна. Раскинувањето со Црвена звезда и овој пат изобилувало со контроверзни изјави. По освојувањето на титулата, Муслин сакал повеќе да учествува во доведувањето играчи, директно инсистирајќи да му се зголемат можностите во работата на клубот, како што е случајот со менаџерите во Англија. Претседателот на Црвена звезда, Драган Џајиќ, не сакал да слушне ништо за тоа. Во еден момент Џајиќ за медиумите изјавил дека Муслин е „најлошата личност што некогаш ја сретнал“.[1]

Металург[уреди | уреди извор]

Следниот клуб што го презел Муслим бил украинскиот Металург, кој го водел со умерен успех во сезоната 2004/05. Тој поднел оставка на 8 март 2005 година, наведувајќи го несогласувањето со раководството околу иднината на клубот. Неговата оставка дошла по 17. коло кога Металург го освоил третото место во Премиер лигата.[2]

Локерен[уреди | уреди извор]

Во мај 2005 г. го презел Локерен каде останал до декември истата година.

Локомотива[уреди | уреди извор]

Во декември 2005 година, Муслин ја презел Локомотива. Со клупската ѕвезда Дмитриј Сичев како лидер на тимот, Локомотива со стил ја започнала Премиер лигата во сезоната 2006, заземајќи го првото место од самиот почеток и не загубил меч во 18 последователни натпревари. Прв придружник биле тимот на ЦСКА Москва, до средината на октомври, кога тимот на Локомотива ја загубил лидерската позиција. Муслин веќе бил под притисок поради раната елиминација во Купот на УЕФА, а откако ја загубил водечката позиција, бил отпуштен во октомври 2006 година.

Локерен по втор пат[уреди | уреди извор]

На 26 ноември 2006 година, Муслин се вратил во ФК Локерен. Пристигнал во средината на лошата форма на тимот кој го зазел 13-тото место. Сепак, Муслин не успеал да ја подигне формата на тимот, но на крајот избегнал испаѓање од Првата лига, завршувајќи на 16-тото место (од 18 екипи). Во 2007 година, Муслин бил сменет.

Химки[уреди | уреди извор]

На 7 септември 2007 година, Муслин бил претставен како нов тренер на ФК Химки. До моментот кога пристигнал, Химки бил рангиран на 11-тото место во Премиер лигата, само три бода над зоната за испаѓање. Под негово водство Химки ја завршил сезоната на 9. место, пет бода повеќе од зоната за испаѓање. Во сезоната 2008, по 5. коло, Химки ја зазел последната, 16. позиција, губејќи од Рубин. На 14 април 2008 година, Муслин бил отпуштен.

Динамо Минск[уреди | уреди извор]

На 17 септември 2008 година, Муслин бил назначен за нов тренер на Динамо Минск, но само десет месеци подоцна, на 27 јули 2009 година, Муслин бил отпуштен од белорускиот клуб.

Анортоза[уреди | уреди извор]

На 7 август 2009 година, тој потпишал договор со Анортозис, еден од најпопуларните кипарски клубови, тим кој имал фантастичен настап во Лигата на шампионите минатата сезона. Тој добил отказ во 2010 година, поради елиминација во 1/4 финалето од националниот куп, иако тимот го освоил второто место на првенството.

Краснодар[уреди | уреди извор]

Во 2011 година потпишал за руски Краснодар. Овој тим го тренирал до август 2013 година.

Амкар Перм[уреди | уреди извор]

На 17 јуни 2014 година, Муслин бил назначен за нов тренер на Амкар Перм. Но по завршувањето на првиот дел од сезоната 2014/15 добил отказ поради лоши резултати.

Стандард Лиеж[уреди | уреди извор]

5 јуни 2015 година тој бил назначен за нов тренер на Стандард од Лиеж. Тој на клупата на овој клуб бил неполни три месеци, поточно до крајот на август.

Србија[уреди | уреди извор]

На почетокот на мај 2016 година бил назначен за нов селектор на српската репрезентација.[3] За време на квалификациите за Светското првенство во Русија, забележал добри резултати со државната репрезентација. Србија ги завршила тие квалификации како прва во групата, пред Република Ирска. И покрај тоа, неговиот мандат како селектор на Србија завршил на крајот на октомври 2017 година.[4]

Ал-Феиха[уреди | уреди извор]

Во октомври 2018 година, тој го презел саудискиот фудбалски клуб Ал-Феиху. Тој на клупата на оваа екипа останал до февруари 2019 година.

Успеси[уреди | уреди извор]

Како играч[уреди | уреди извор]

  • Финалист на Купот на УЕФА: 1978/79 .
  • Прва лига на Југославија (3): 1977, 1980, 1981 год .
  • Куп на Југославија: 1966 година

Како тренер[уреди | уреди извор]

  • Прва лига на Мароко: 1999 година
  • Прва лига на СРЈ (2): 2000, 2001 година
  • Прва лига СЦГ : 2004 година
  • Бугарска прва лига : 2002 година
  • Куп на СРЈ : 2000 година
  • Куп на СЦГ : 2004 година
  • Куп на Бугарија : 2002 година

Наводи[уреди | уреди извор]

 

  1. Интервју са Муслином Архивирано на 4 март 2016 г., Посетено на 14. 4. 2013.
  2. „Муслин није више тренер Металурга“. B92. 8. 3. 2005. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. NOVI SELEKTOR Slavoljub Muslin preuzeo "orlove"!, Посетено на 5. 5. 2016.
  4. Спортски журнал: Муслин више није селектор Србије!, Посетено на 29. 10. 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]