Прејди на содржината

Фахри Каја

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фахри Каја (15 јуни 1930 , Куманово - 24 март 2020 , Истанбул), — македонски поет, раскажувач, преведувач, антологичар од турска народност.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Фахри Каја бил роден во Куманово на 15 јуни 1930 година. Студирал на Филолошкиот факултет во Белград. Бил општествено-политички работник. Член на Македонскиот ПЕН центар. Тој станал член на ДПМ во 1956 година. Автор е на книгите: „Првите чекори“ (песни за деца, 1952), „Гласови од село“ (поезија, 1958), „Довидување“ (поезија, 1963), „Среќно“ (раскази, 1978), „Ѓокушсак“ (раскази, 1984), „Детски соништа“ (песни за деца, 1991), „Есеи и критики“ (1994), „Госпоѓица“ (раскази за деца, 1996), „Попладневно сонце“ (раскази, 1998).[1]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 112.