Од Википедија — слободната енциклопедија
Добре дојдовте на Википедија
Избрана статија за оваа седмица
Двоичен часовник со светлечки диоди за изразување на двоичните вредности. На овој часовник, секоја колона диоди прикажува двоично шифриран декаден број од вообичаеното шеесетеречно (сексагезимално) време.
Двоичен броен систем (бинарен броен систем ) — броен систем кој изразува бројчени вредности користејќи два симбола: 0 и 1 , обично по пат на положбен запис со основа 2 . Овој систем е од суштинско значење кај сите современи сметачи заради неговата примена во секое дигитално струјно коло со логички порти .
Историски, за творец на двоичниот броен систем се смета индискиот математичар Пингала , кој разработил математички начин на претставување на прозодијата . Оттогаш, се вршени различни проучувања и подобрувања на истиот, а во 1679 година, Готфрид Лајбниц дошол до неговиот современ облик, објавувајќи го во написот „Објаснение за двоичната аритметика“ (Explication de l'Arithmétique Binaire ). Во него систем, тој за првпат ги употребил цифрите 0 и 1, исто како во современиот систем.
Еден двоичен број може да се претстави со било која низа на битови (двоични бројки), кои пак можат да се претстават со било кој механизам што може да биде во заемно исклучителни состојби. Бројчената вредност зависи од вредноста што ја претставуваат симболите. (Дознајте повеќе... )
Дали сте знаеле…
Занимливости од содржините на Википедија:
Епрувети со раствори од pH 1–10 обоени со показател
... дека вредностите на водородниот показател (pH ) за киселост или базност се логаритамски ?
... дека областа Барања е поделена помеѓу Унгарија и Хрватска ?
... дека стапчињата за јадење влегле во широка употреба дури за време на династијата Минг (XIV-XVII век), иако постоеле со илјадалетија?
... Џон Кабот (Џовани Кабото) е првиот европски откривач на Северна Америка , не сметајќи ги Викинзите ?
... Тајане е македонски календарски обичај поврзан со празникот раѓањето на Јован Крстител ?
... покрај аритметичката и геометриската средина, модусот , медијаната , и просекот се видови на средна вредност ?
... дека првата банкнота во Европа е издадена во Шведска во 1661 година?
... дека највисоката планина во Австралија е наречена по полско-литванскиот национален херој Тадеуш Кошќушко ?
... дека самопрогласената Баварска Советска Република постоела помалку од еден месец?
... дека Кузман Шапкарев му бил зет на Димитар Миладинов ?
... дека стоболката (Spermophilus citellus ) е така наречена поради народното верување дека лечи од сто болести?
... дека Удовскиот Остров на реката Вардар е најголемиот речен остров во Македонија и втор по површина во земјата?
... дека според преданието, средновековниот утврден град Женско во Кукушко бил така наречен бидејќи имал толку силни кули и бедеми, што можеле да го бранат жени?
... дека разбојот на Жозеф Мари Жакар од 1805 г. работел на програми со дупчени картички и послужил како основа за развојот на сметачите ?
... дека Кристофер Колумбо никогаш не стапнал на самиот северноамерикански континент ?
...дека во 843 г. Франкија е поделена на три дела помеѓу синовите на Лудвиг Побожниот , внуци на Карло Велики , и дека од овие кралства потекнуваат денешните земји Германија , Франција и Италија ?
... дека во делото „Математички начела“ (Principia Mathematica ), Бертранд Расел и Алдред Н. Вајтхед даваат доказ дека 1+1=2 ?
... дека баобабот во своето стебло складира до 120.000 литри вода?
... дека Турку останал најголем град во Финска дури и кога три четвртини од него изгореле во пожар ?
... дека половината сојузни држави на САД носат имиња добиени од домородните американски јазици ?
На денешен ден…
Денес е 2 мај 2024 г.
Настани :
1903
Во селото Смилево , Демирхисарско , почнал Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО . За претседател на Конгресот бил избран Даме Груев . Мнозинството на Конгресот се изјаснило за кревање востание.
1945
СССР го објавил освојувањето на Берлин во Втората светска војна . Војниците на Црвената армија го развиориле црвеното знаме над Рајхстагот .
1949
Во Струмица е формиран Народниот театар „Антон Панов“ . Во театарот била изведена првата претстава, „Бегалка“ од македонскиот писател Васил Иљоски .
1952
Првиот патнички авион на млазен погон „Де Хавиленд Комет-1“ го направил првиот лет на линијата Лондон -Јоханесбург .
1982
Една британска подморница го потопила аргентинскиот брод „General Belgrano“, при што загинале над 350 луѓе.
1994
Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела победил на првите слободни парламентарни избори во Јужна Африка .
1999
Во текот на бомбардирањето на СР Југославија , авијацијата на НАТО употребила „графитни бомби “, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата.
2007
Еден од учесниците на релито „Гамбол 3000 “, Николас Морли , возејќи со недозволена брзина во близина на Струга , удрил во друго возило при што загинале двете лица во другото возило, брачниот пар Чепујновски од Струга . Релито било прекинато, а Морли осуден.
2008
Циклонот „Наргис “ го зафатил Мјанмар и предизвикал катастрофално уништување и поплави, при што загинале над 100.000 луѓе.
2012
Јанош Адер е избран за претседател на Унгарија .
Родени :
Починале :
Празници :
Други области
Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.