Донатела Версаче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Донатела Версаче
Донатела Версаче во 2010 година
Роден(а) Донатела Франческа Версаче
2 мај 1955 (1955-05-02) (воз. 62 г.)
Реџо Калабрија, Италија
Живеалиште Милано, Италија
Националност Италијанка
Алма матер Фиренски Универзитет[1]
Богатство US$200 милиони
(2017)[2]
Во одбор на Versace
Versus Versace
Versace Woman
Palazzo Versace
Elton John AIDS Foundation[1]
Сопружник Пол Бек
 (в. 1983; div. 2000)

Мануел Далори
 (в. 2004; div. 2005)
[3][4]
Деца со Бек;
Алегра Версаче
Даниел Пол Бек
Роднини Санто Версаче (брат)
Џани Версаче (брат)
Награди FGI Superstar Award (2008)[5]
Glamour Woman of the Year (2010)[6]
Glamour Award for Fashion Designer of the Year
(2012, 2016)[7]
Страница
versace.com

Донатела Версаче (родена на 2 мај 1955 година во Реџо Калабрија) — италијански моден дизајнер и потпретседател на групацијата Версаче, како и главен дизајнер. Таа поседув 20% од средствата на целокупната берза на Версаче. Нејзиниот брат, Санто Версаче, поседува 30%[2]. Ќерката на Донатела, Алегра Версаче, наследила 50% од акциите на компанијата по смртта на Џани Версаче, братот на Донатела и основачот на Версаче.

Личниот живот[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Версаче е родена во италијанскиот град Реџо Калабрија, најмлада од четирите деца во нејзината фамилија. Нејзиниот татко бил професионален финансиер во италијанската аристократија. Постарата сестра, Тина, починала на дванаесетгодишна возраст од погрешно лечење од инфекцијата тетанус[3]. Во средината на 70-десетите, Донатела го следела нејзиниот постар брат, Џани Версаче, со цел да стане дизајнер на трикотажа во Фиренца. Донатела планирала да работи за јавните односи за нејзиниот брат, но за нејзиниот брат таа повеќе била како „муза и критичар”, според изјавата дадена од страна на Донатела во едно интервју за Vogue[4]. Поради нејзината близина со претпријатијата на нејзиниот брат, Донатела влегла во светот на модата. Една деценија подоцна, во текот на 80-десетите, Џани го лансирал парфемот посветен на неа, Blonde, и подарил нејзина сопствена линија, која станала добра позната линија на Версаче.

Семејство[уреди | уреди извор]

Донатела со нејзиниот поранешен сопруг, американскиот модел Пол Бек, има три деца: ќерката Алегра (родена на 30 јуни 1986 година) и син Даниел Версаче (роден 1989 година), како и посвоената Каролина (родена 1991 година). Таа исто така е и тетка на двете деца на нејзиниот најстар брат: Франческа Версаче и Антонио Версаче.

Починатиот брат на Донатела, Џани Версаче, имал голем недвижен имот низ целиот свет кои биле продадени, а највреден неговиот имот е на Менхетен, Њујорк, проценет во вредност од 21,000,000 американски долари. Донатела Версаче нема постојано место на живеење, туку постојано патува од една во друга местоположба.

Убиството на Џани Версаче[уреди | уреди извор]

На 15 јули 1997 година, надвор од ре-конструираната Версаче палата, исто така позната како Casa Casuarina, во Мајами, Флорида, Џани Версаче бил убиен од страна на Ендру Кунанан. Меѓународна потерница била издадена по осомничениот убиец, но Кунанан го избегнал апсењето извршувајќи самоубиство неколку дена по смртта на Џани Версаче. Поради јавно објавената потерница по убиецот, повеќето од фамилијата Версаче (вклучувајќи ја и Донатела), се преселиле привремено во затскриеното приватно одмаралиште на Карибите, откажувајќи ја пролет-лето колекцијата на Версаче за 1999 година, како и нивните индиректни операции на компанијата.

Официјалниот погреб на Џани Версаче бил одржан во катедралата во Милано. Повеќе од 2000 ожалостени присуствувале на традиционалната католичка служба, којашто исто така била следена од милиони гледачи ширум светот.

Наследник на тронот[уреди | уреди извор]

Во 1997 година, додека гледала телевизија, Алегра Версаче го видела познатиот лик на нејзиниот вујко, Џани, на вестите и дознала дека тој бил убиен. Џани ја имал главната улога во групацијата Версаче, не оставајќи никој да управува со огромната мрежа на модни линии и области во неговата компанија. Во неговиот тестамент тој одредил Алегра Версаќе да го добие најголемиот дел од неговото наследство и титулата.

Алегра Версаче наследила 700 милиони долари од нејзиниот вујко Џани на нејзиниот 18-тиот роденден. На Алегра исто така и била дадена вилата на Џани на езерото Комо и еден од најголемите имоти во едно од најбогатите предградија во Менхетен. До ден денес таа сеуште е наследник на компанијата, додека нејзиниот брат, Даниел, ја наследил големата ретка уметничка колекција на Џани. Иако групацијата Версаче не е веќе финансиски силна и не е на врвот на успехот како што било порано, јавно изјавиле дека се надеваат оти Донатела и Алегра Версаче ќе донесат ново лице и атракција на модната куќа Версаче.

Кариера[уреди | уреди извор]

Растот на Донатела и Версаче[уреди | уреди извор]

Донатела е првата која користела познати личности за промовирање на нејзината облека во светот на модните писти и други јавни медиуми како што се огласите, наместо косритење на непознати манекенки. Друг член во зголемувањето на успехот на Версаче е братот на Донатела, Санто Версаче кој исто така е моден дизајнер и сопственик на Finanziaria Versace S.p.A.,дел од групацијата Версаче. Донатела набрзо се докажала како голем јавен гигант без помош на куќата Версаче и го проширила своето име низ цела Европа и поголемиот дел од САД. Донатела одбрала да стави некој од нејзините добри пријатели како што се, Џенифер Лопез, Мадона, Кристина Агилера, Џонатан Рас Маерс и Деми Мур во високо почитуваниот рекламен сектор на Версаче, правејќи ги нив и други од А листата на славни личности како што се Бијонсе како заштитно лице и слика на Версаче. Нејзината популарност се зголемила кога таа го дизајнирала славниот зелен фустан Версаче, исто така познат како Jungle-Dress, кој бил носен од страна на Џенифер Лопез на доделувањето на Греми наградите во 2000 година.

Промоција и успех[уреди | уреди извор]

Една година и три дена по смртта на Џани во јули 1998 година, Донатела Версаче го поставила своето прво модно шоу за Версаче ателјето во хотелот Риц во Париз. Таа ја изградила својата модна писта врз базенот, во хотелот, како што нејзиниот брат правел секоја сезона, само што овој пат таа користела вистинско стакло. Таа сега ја надгледува изработката на дузина колекции секоја година. Донатела е позната по нејзината славна придружба и гламурозните забави. Во нејзините редовни гости се вклучени сер Елтон Џон, Лиз Харли, Раким Јанг, Луси Мун, Кетрин Зета Џонс и Кејт Мос. Дури и принцот Чарлс присуствувал на забавите за познатата елита низ Европа кои ги организира Донатела. За проширувањето во други области компанијата го создала големото, луксузно одмаралиште Palazzo Versace кое се наоѓа на златниот брег на Австралија. Друг голем симбол на стилот на Версаче е Бурџ ел Араб во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, која поседува голема колекција на Версаче мебел и постелнина во своите скапи и раскошни соби.

Плановите за Palazzo Versace во Дубаи bile објавени во мај 2005 година[5]. Gianni Versace SpA, Sunland Group Ltd и Emirates International Holdings објавиle дека одмаралиштето Palazzo Versace ќе биде изградено во арапските заливи[5]. Вториот Palazzo Versace ќе поседува голем број на апартмани и луксузни вили, вклучувајќи и ексклузивна бања.

Награди[уреди | уреди извор]

Во 2010 година, Донатела за нејзината добротворна работа добила номинација за наградата Do Something With Style од страна на VH1 Do Something наградите[6]. Таа била номинирана за обезбедување на уметнички предмети за децата и создавање на кеси чии приходи ќе одат во фодациите Starlight и ONE. Наградното шоу создадено од VH1 е посветено во чест на луѓето кои прават добра и се моќни, надгледувана од Do Something, организација која има за цел да ги поттикне,слави и инспирира младите луѓе.

Филм[уреди | уреди извор]

Таа имала кратко појавување во многу филмови што се поврзани со модата и нејзината индустрија, како што е Zoolander. Исто така и во многу други филмови, вклучувајќи го хитот од 2006 година Ѓаволот носи Прада[7] повремено се споменува „Донатела“. Во серијата на АБЦ, „Грдата Бети“ е измислен лик, Фабија, кој е игран од страна на актерката Џина Гершон и е пародија на Донатела. Лејди Гага напишала песна за неа во 2013 година, под наслов „Донатела“.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]