2 мај (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1903  Во селото Смилево, Демирхисарско, почнал Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот бил избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјаснило за кревање востание.
1945  СССР го објавил освојувањето на Берлин во Втората светска војна. Војниците на Црвената aрмија го развиориле црвеното знаме над Рајхстагот.
1949  Во Струмица е формиран Народниот театар „Антон Панов“. Во театарот била изведена првата претстава, „Бегалка“ од македонскиот писател Васил Иљоски.
1952  Првиот патнички авион на млазен погон „Де Хавиленд Комет-1“ го направил првиот лет на линијата Лондон-Јоханесбург.
1982  Една британска подморница го потопила аргентинскиот брод „General Belgrano“, при што загинале над 350 луѓе.
1994  Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела победил на првите слободни парламентарни избори во Јужна Африка.
1999  Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, aвијацијата на НАТО употребила „графитни бомби“, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата.
2007  Еден од учесниците на релито „Гамбол 3000“, Николас Морли, возејќи со недозволена брзина во близина на Струга, удрил во друго возило при што загинале двете лица во другото возило, брачниот пар Чепујновски од Струга. Релито било прекинато, а Морли осуден.
2008  Циклонот „Наргис“ го зафатил Мјанмар и предизвикал катастрофално уништување и поплави, при што загинале над 100.000 луѓе.
2012  Јанош Адер е избран за претседател на Унгарија.