Амандин Лејно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Амандин Лејно
Лични податоци
Роден(а) 2 мај 1986(1986-05-02)(37 г.)
Обена, Франција
Националност  Франција
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001780000001,78 м
Тежина 64 кг.
Позиција Голман
Прекар Дуду
Клупски податоци
Тековен клуб Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
Број 12
Младински клубови
-2003
2003-2004
Обенас
Бурж де Пеаж
Сениорски клубови
2004-2012
2012-2013
2013-2018
2018-
Мец Мец
Олчим Рамнику Валча Олчим Валча
ЖРК Вардар Вардар
Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
Репрезентација
2005– Франција Франција 136 (1)

Амандин Лејно (родена на 2 мај 1986 г. во Обена) е француска ракометарка, голман на Ѓер Ауди ЕТО и на француската репрезентацијата.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Амандин Лејно започнала да тренира ракомет во родниот град Обенас во Франција, каде настапувала до 2003 година, а како јуниорка една сезона играла и во екипата на ДХБ Бург. Во 2004 година Лејно потпишала договор со најуспешниот француски клуб, Мец и на 18-годишна возраст ја започнала својата професионална карира. Во осум сезони поминати на голот на Мец, Лејно освоила шест титули шампион на Франција, седум титули во купот на лигата и една титула во францускиот куп. Таа била прогласена за најдобар голман во француското првенство во 2008 година.

Во март 2012, година Лејно потпишала за романскиот шампион Олчим Валча, но поради повреда на лигаментите на коленото не одиграла ниту еден официјален натпревар за романската екипа.[1][2] Во март 2013 година, Лејно потпишала за Вардар.[3] Заедно со клубот освоила пет титули во македонското првенство и Купот на Македонија. Исто така играла и пет пати по ред на фајнал форот од Лигата на шампионите, освојувајќи три трети места и две втори.

Во февруари 2018, потпишала едногодишен договор со унгарскиот Ѓер Ауди ЕТО.[4]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во репрезентацијата на Франција Лејно дебитирала во 2005 година, а по пензионирањето на Валери Никола во 2008 година, таа станала прв голман во француската репрезентација. Со репрезентацијата на Франција Лејно има сребро од СП 2008 во Кина и од СП 2011 во Бразил и 5. место на СП 2007 во Франција.

Од настапите на европските превенства, таа има 14. место на ЕП 2008 во Македонија и 5. место на ЕП 2010 во Норвешка и Данска. Амандин Лејно била дел од составот на Франција и на последните две олимпијади. На игрите во 2012 таа била трет најдобар голман на турнирот со процент на одбранети удари од 38%.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „INCA O VICECAMPIOANA MONDIALA TRANSFERATA LA OLTCHIM“ (романски). Oltchim website. Архивирано од изворникот на 2012-07-18. Посетено на 2012-03-14.
  2. „Leynaud şi-a reziliat contractul cu Oltchim“ (романски). Gazeta Sporturilor. 2013-02-21.
  3. „Valcea goalkeeper Leynaud set to join ZRK Vardar Skopje“. Европска ракометна федерација. 2013-02-21. Архивирано од изворникот на 2014-07-04. Посетено на 2014-07-29.
  4. https://www.gol.mk/rakomet/lekip-otkriva-amandin-lejno-si-zaminuva-od-vardar-i-se-seli-vo-gjer gol.mk
  5. „Leading Players - Goalkeepers“. london2012.com. Архивирано од изворникот на 2013-06-06. Посетено на 11 August 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]