Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 143.885 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Шагринска кожа (француски: La Peau de chagrin) — роман од францускиот романописец и драматург, Оноре де Балзак, издаден во 1831 година. Дејството, сместено во почетокот на XIX. век во Париз, ја кажува приказната за едно младо момче кое наоѓа парче шагрен, кое има моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија. Романот припаѓа на „Филозофските студии“, група од Балзаковата романорека, „Човечка комедија“.

Иако романот користи фантастични елементи, главната цел му е реално прикажување на прекумерноста на буржоаскиот материјализам. Главната тема на книгата е конфликтот помеѓу желбата и долговечноста, каде што волшебната кожа ја претставува моќта на својот сопственик, која се троши со секое изразување на желба, особено кога станува збор за самото поседување на моќ.

Пред да биде завршена книгата, Балзак пробудил возбуда со тоа што издал серија статии и фрагменти во неколку париски весници. Иако задоцнил пет месеци во доставување на ракописот, тој успеал да привлече доволно интерес со што романот се распродал веднаш по неговото издавање. Второ издание, кое содржело серија од дванаесет други „филозофски сказни“, било издадено еден месец подоцна. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Светилникот во Колобжег на балтичкиот брег на Полска.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Знамето на Полска-Литванија
Знамето на Полска-Литванија
На денешен ден…

Денес е 11 мај 2024 г.

Настани:

1867  Со Лондонскиот договор потврдена е независноста и неутралноста на Луксембург.
1946  Во Милано со концертот на кој диригираше Артуро Тосканини, повторно е отворена миланската Скала. Изградена е во 1778 г. од Џузепе Пермарини и собира 3.000 гледачи. Во неа настапуваа славните италијански уметници: Енрико Карузо, Тито Руфо, Амелита Гали - Курчи и други. Името го добила според црквата Санта Марија Скала, која се наоѓаше на местото каде што е изградена оваа оперска зграда, која повеќепати е обновувана.
1973  Долниот дом на Парламентот на Сојузна Република Германија ја потврди спогодбата за воспоставување на односи меѓу двете Германии. Со тоа е заклучен долгогодишниот период на отворено непријателство и непризнавање на Демократска Република Германија како суверена држава.
2010  Дејвид Камерон станува Премиер на Обединетото Кралство со победата на Конзервативците на парламентарните избори.

Родени:

483  Јустинијан Iвизантиски цар од Македонија (†565)
1904  Салвадор Дали — шпански сликар - надреалист.
1929  Гане Тодоровски — македонски поет.
1941  Ерик Бардон — англиски рок-музичар, член на групата „Енималс“.
1942  Ирена — грчка принцеза.
1946  Зоран Симјановиќ — српски композитор.
1947  Буч Траксамерикански блуз-музичар.
1949  Воја Брајовиќ — српски глумец.
1953  Ѓорѓе Балашевиќсрпски музичар и писател.
1964  Сибила Петлевски — хрватска писателка.
1978  Летиција Кастафранцуски модел и глумица.
1981  Адам Хансенавстралиски велосипедист.
1984  Андрес Инјесташпански фудбалер.
1986  Абу Диабифранцуски фудбалер.
1988  Марсел Кител — германски велосипедист.
1990  Немања Илиќ — српски ракометар.
1992  Тибо Куртоа — белгиски фудбалски голман.
1992  Пабло Сарабија — шпански фудбалер.
2003  Фермин Лопес — шпански фудбалер.

Починале:

1708  Жил Ардуен Мансар — француски архитект
1916  Макс Регер — германски композитор, пијанист и музички педагог.
1949  Коци Ѕоѕе — македонски комунист.
1976  Алвар Алто — фински архитект.
1981  Боб Марли — јамајски реге-музичар.
1991  Јусуф Хатуниќ — босански и југословенски фудбалер.
1996  Адемир — бразилски фудбалер.
2001  Даглас Адамс — англиски писател.
2003  Кирил Ќортошев — македонски филмски, тетарски и телевизиски глумец и режисер.
2006  Флојд Патерсон — американски боксер.
2019  Пеги Липтонамериканска глумица.
2021  Норман Лојд — американски глумец.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич