Абу Диаби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франција Абу Диаби
Diaby in action in October 2010
Лични податоци
Полно име Васирики Абу Диаби[1]
Роден на 11 мај 1986(1986-05-11)(37 г.)
Роден во Париз, Франција
Висина 1.91[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Арсенал Арсенал
Број 24
Младинска кариера
1996–1998 Aubervilliers
1998–2001 ФК Црвена Ѕвезда Париз
2001–2002 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
2002–2004 Осер Осер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004–2006 Осер Осер 10 (1)
2006– Арсенал Арсенал 112 (14)
Репрезентација
2004–2005 Франција Франција U19 12 (0)
2006–2007 Франција Франција U21 2 (0)
2007– Франција Франција 15 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 25 јули 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 25 јули 2012

Васирики Абу Диаби (роден 11 мај 1986 во Париз) — Француски фудбалер кој игра во среден ред. Тој по потекло е од Брегот на Слонова Коска и во моментов игра за Арсенал. Обично игра во центарот на средниот ред но во последно време игра на крилата (најчесто левото) за Арсенал. Диаби е најчесто познат по неговото средно име Абу.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Диаби е роден во Париз и му се приклучи на локалниот клуб Париз Сен-Жермен на 13 годишна возраст и покрај фактот што е навивач на Марсеј, но го напушти клубот две години подоцна.[3]

Стана член на Осер во 2003 и беше член на тимот кој ја освои француската титулата за играши до 16 години таа година. Неговиот тогашен тренер, Кристијан Хена, го опиша како "многу добар техничар, елегантен, брз".[4] Тој се разви во висок, моќен играч од средниот ред.

Потпиша професионален договор со Осер, играше пет натпревари во сезоната 2004–05 и пет во првата половина на сезоната 2005–06. Во неговиот прв натпревар за Осер, Диаби влезе како замена во последните минути од натпреварот против Рен на 14 август 2004.[5]

Арсенал[уреди | уреди извор]

На 12 јануари 2006, Диаби потпиша за Арсенал, за неоткриена сума, но се верува дека неговиот трансфер изнесува некаде околу £2 милиони фунти. Пред да им се придружи на Топчиите, Диаби одби трансфер во Челзи. Диаби го носи дресот со број 2 во Арсенал, кој беше слободен од пензионирањето на Ли Диксон. Тој се третира како заена за поранешниот играч од средниот ред и капитен Патрик Виера, поради неговиот моќен и брз стил на игра. Способен е да игра како напаѓачки играч од средниот ред, играч кој трча од шестнаестерец до шестнаестерец или како дефанзивен играч од средниот ред пред дефанзивната четворка.

Дебито за Арсенал го направи како измена во поразот од 1–0 против Евертон на 21 јануари 2006. На 1 април, Диаби влезе од клупата за да го постигне својот прв гол во црвено-бел дрес во победата од 5–0 против Астон Вила, на асистенција од уште еден новодојденец во Арсенал Емануел Адебајор. Еден месец подоцна, на 1 мај 2006, Диаби беше жртва на старт со две нозе на Ден Смит, играч на Сандерленд од кој се здоби со скршен и изместен скочен зглоб. Како резултат на повредата, Диаби не играше во следните осум месеци, и се врати во игра на 9 јануари 2007, кога го замени Тео Волкот во натпреварот од четвртфиналето на Лига Купот против Ливерпул.

Во финалето на Лига Купот во сезоната 2006-07 во Кардиф, Диаби беше вмешан во несреќен „судир“ со Џон Тери. Стапалото на Абу го удри Тери во левата страна на лицето, Тери ја доби полната сила на ударот и беше онесвестен на теренот неколку минути. Според докторите од болницата во која беше однесен, животот на Тери беше спасен благодарејќи на брзата реакција на тогашниот физиотерапевт на Арсенал Гери Левин. Капитенот на Челзи беше отпуштен од болница уште истиот ден без какви било долгорочни последици.

Сезоната 2007–08 ја започна одлично. Арсен Венгер обично го играше на позивија на лево крило за да си ги подобри видот и одлучноста што му недостигаа кога играше во средината на теренот. Даде придонес во почетокот на натпреварот против Дарби Каунти, играјќи на местото на повредениот Томас Росицки и постигна гол со удар од околу 25 метри оддалеченост.

На 12 декември 2007 го постигна својот прв гол во Лигата на Шампионите против Стеауа Букурешт, постигнувајќи го првиот гол во победата од 2:1. Во натпреварот против ФК Болтон, на 29 март, Диаби го доби својот прв црвен картон во дресот на Арсенал, за стартот врз Гретар Стејнсон.

Вториот гол во Лигата на шампиони го постигна на 8 април 2008, со што го отвори резултатот на натпреварот против ФК Ливерпул на Енфилд.

По заминувањето на Матиу Фламини во Милан, беше очекувано Диаби да се бори за позиција во средниот ред со Денилсон и Александар Сонг, но поради повреда го пропушти почетокот на сезоната 2008-09.

По враќањето во првиот тим, Диаби покажа неколку одлични настапи. Во победата против Евертон, му асистираше на Тео Волкот откако влезе како замена на шест минути пред крајот. Потоа Диаби беше стартер на тешкото гостување кај Фенербахче, каде го постигна својот трет гол во Лигата на Шампионите во победата на Арсенал од 5:2. На овој натпревар заработи признание за играч на натпреварот.

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Диаби има настапено 14 пати за тимот на Франција за играчи до 19 години, и беше капитен на тимот кој го освои Европското Првенство за играчи до 19 години во 2005. Во февруари 2006, дебитираше за Француската репрезентација за играчи до 21 година.

Диаби го пропушти финалето на Лигата на Шампионите во 2006 против Барселона, како и Европското Првенство за играчи до 21 години на кое се очекуваше да настапи за Франција, поради скршен и изместен скочен зглоб.

На 15 март 2007, беше повикан за настап во сениорската репрезентација на Франција, за наредните 2 средби. Дебитираше на 24 март кога влезе во игра на местото од Флоран Малуда во мечот од квалификациите за Еуро 2008 против Литванија. Со играта, заслужи место во почетниот состав против Австрија, играше 57 минути, а натпреварот заврши со резултат 1:0 за Франција.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Арсенал

Статистики за кариерата во Арсенал[уреди | уреди извор]

(Заклучно со 27 октомври 2008)[6]
Клуб Сезона Лига Куп[7] Европа Вкупно
Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист.
Осер 2004–05 4 0 - - - - 2 0 - 6 0 -
2005–06 6 1 - - - - 2 0 - 6 1 -
Вкупно 12 1 -
Арсенал 2005–06 12 1 1 2 0 0 2 0 - 16 1 1
2006–07 12 1 0 5 0 1 1 0 0 18 1 1
2007–08 15 1 1 7 1 1 6 2 0 28 4 2
2008-09 1 0 1 0 0 0 1 1 0 2 1 1
Total 40 3 3 14 1 2 10 3 0 64 7 5

Статистики за репрезентативната кариера[уреди | уреди извор]

(заклучно со 27 октомври 2008)
Франција ЕП СП Квалификации за ЕП Квалификации за СП Пријателски Вкупно
Наст. Гол. Асист. Наст. Гол. Асист. Наст. Гол. Асист. Наст. Гол. Асист. Наст. Гол. Асист. Наст. Гол. Асист.
Франција 0 0 0 0 0 0 1 0 0 0 0 0 1 0 0 2 0 0

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „Statistics“ (PDF). Premier League. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-01-08. Посетено на 4 August 2010. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  2. „Premier League Player Profile“. Premier League. Архивирано од изворникот на 2011-08-30. Посетено на 11 March 2011. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  3. „Arsenal.com: Диаби - Мојата историја со ПСЖ“. Архивирано од изворникот на 2007-10-15. Посетено на 2008-04-25.
  4. „Abou Diaby's career statistics“. roulf. Архивирано од изворникот на 2011-01-08. Посетено на April 11, 2007.
  5. „La fiche de Vassiriki Diaby“. LFP.fr. Архивирано од изворникот на 2006-12-08. Посетено на April 11, 2007. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  6. History Архивирано на 17 октомври 2007 г., soccernet.espn.go.com, accessed 22 септември 2007.
  7. Вклучително ФА Куп, Лига Куп и Комјунити Шилд

Надворешни врски[уреди | уреди извор]