Парламентарни избори во Обединетото Кралство (2010)
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Боите ја означуваат победничката партија, како што е прикажана на главната табела со резултати. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Парламентарните избори во Обединетото Кралство се одржатле на 6 мај 2010 година. Изборите се организирани за избор на пратеници во 650 изборни единици за Домот на општините (долниот дом). Изборите биле распишани на 12 април 2010 година. Гласачките места биле отворени од 7:00-22:00 часот. Во исто време се одржале и неколку избори за локална управа.
Владејачката Лабуристичка партија се обидела да обезбеди четврт последователен мандат и да ја врати поддршката од 1997 година.[2] Конзервативната партија ќе се обиде да добие доминантна позиција во Велика Британија во политиката откако ја загубила во 1990-тите. Либералдемократите се надеваат дека без нив нема да може да се формира идната влада.
Конзервативна партија под водство на Дејвид Камерон освоила најголем број на гласови и пратенички места, но не успела да ги добие дополнителните 326 места за да има целосно мнозинство. Ова е првпат од изборите во 1974 наваму (и вторпат од Втората светска војна наваму) Британија да изгласа немнозински парламент.[3]
Со ова, на 10 мај 2010 водачот на Конзервативците Дејвид Камерон е прогласен за Премиер на Обединетото Кралство[4].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Избори 2010 во Обединетото Кралство - Државни резултати, БиБиСи Вести (англиски)
- ↑ „Браун ќе ја „обнови" Лабуристичката партија“. БиБиСи Вести. 5 јануари 2007. (англиски)
- ↑ „Парламент кој „виси"“. БиБиСи Македонски. 6 мај 2010. Посетено на 12 мај 2010. (македонски)
- ↑ „Дејвид Камерон е британски премиер“. БиБиСи Македонски. 11 мај 2010. Text "http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2010/05/100511_cameron_primeminister.shtml" ignored (help);
|access-date=
бара|url=
(help) (македонски)