Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 143.985 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Алзасрегион во Франција чијашто територија зафаќа површина од 8.280 км2 и со тоа е најмал во континентална Франција. Тој е исто така и еден од седумте најгусто населени региони во Франција и трет по густина на население во континентална Франција, со околу 220 жители на km2 (вкупно население во 2006: 1.815.488; 1 јануари 2008 се проценува на: 1.836.000). Алзас се наоѓа на североисточната граница на западниот брег на горниот тек на Рајна и се граничи со Германија и Швајцарија. Најважен политички, економски и културен центар на Алзас е градот Стразбур кој воедно е и главен и најголем град на регионот. Бидејќи тој град е седиште на десетици меѓународни организации и тела, Алзас политички е еден од најзначајните региони во Европска Унија.

Траги на името „Алзас“ се гледаат во горногерманскиот збор Ali-saz или Elisaz, што значи „туѓо царство“. Алтернативното објаснување потекнува од германското Ell-sass, што значи „сместено на Ил“, река во Алзас. Регионот историски припаѓал на Светото Римско Царство. Постепено се припоил кон Франција во тек на 17 век под власта на кралевите Луј XIII од Франција и Луј XIV од Франција како една од поранешните француски провинции. Алзас честопати се споменува сврзано со Лорена, поради тоа што германската припадност на овие два региона (како империска провинција Алзас-Лорен, 1871–1918) била оспорена во 19 и 20 век, во тек на кои Алзас четири пати во тек на 75 години припаѓал последователно и на Франција и на Германија. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Врата од засолниште на превојот Лукманиер, Швајцарски Алпи.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Црна Гора сликана од планината Сминица, Егејска Македонија
Црна Гора сликана од планината Сминица, Егејска Македонија
На денешен ден…

Денес е 20 мај 2024 г.

Настани:

1836  Основани првите професионални противпожарни служби во Македонија. Овој ден се празнува како Ден на пожарникарството во Македонија.
1875  Во Париз се одржала дипломатска конференција за метарот, на која е основано Меѓународното биро за тегови и мерки. Со тоа започнало средувањето на безредието во областа на мерните единици на одделни физички големини.
1876  Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ.
1926  Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија.
1990  Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас.
2023  Јаков Милатовиќ стапува на функцијата претседател на Црна Гора.

Родени:

1799  Оноре де Балзак — француски писател.
1806  Џон Стјуарт Мил — англиски филозоф и економист.
1875  Парашкев Цветков — бугарски револуционер.
1901  Макс Еве — холандски шахист и поранешен претседател на ФИДЕ.
1908  Џејмс Стјуарт — американски глумец.
1946  Шер — американска пејачка.
1952  Роже Мила — камерунски фудбалер.
1955  Маноло Каденас — шпански ракометен тренер.
1962  Александар Дедјушко — руски театарски и филмски глумец.
1964  Миодраг Белодедич — романски фудбалер.
1965  Били Донован — американски кошаркар и тренер.
1967  Павлe — грчки принц.
1973  Самуеле Папи — италијански одбојкар.
1981  Икер Касиљас — шпански фудбалер.
1982  Петр Чех — чешки фудбалер.
1985  Николај Липкин — руски кануист-спринтер.
1985  Крис Фрум — британски велосипедист.
1992  Енес Кантер — турски кошаркар.
1992  Вацлав Кадлец — чешки фудбалер.
1995  Вјачеслав Караваев — руски фудбалер.

Починале:

1277  Јован XXIримски папа.
1506  Кристофер Колумбо — шпански истражувач и откривач на Новиот Свет.
1622  Осман II — отомански султан.
1859  Јосип Јелачиќ — хрватски бан.
1896  Клара Шуман — германска пијанистка и композиторка, сопруга на Роберт Шуман.
1940  Вернер фон Хејденстам — шведски поет и нобеловец.
1981  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј — прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква.
1989  Џон Хикс — британски економист.
2002  Стивен Џеј Гулд — американски палеонтолог, еволуционист и историчар на науката.
2013  Реј Манзарек —амрикански рок-музичар, член на групата „Дорс“.
2019  Ники Лауда — австриски автомобилист, поранешен првак во „Формула 1“.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич