Теодосиј II: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 14: | Ред 14: | ||
Нарекуван уште Теодосиј Помладиот, тој престолот го наследил како малолетник кој имал само седум години. Тој станал еден од најдолго владејачките императори на Византија, со која управувал повеќе од 40 години. Иако во надворешната политика Теодосиј II бил принуден да направи голем број отстапки, внатрешната состојба на државата продолжила да биде стабилна, за разлика од нередите кои ја зафатиле Западна Римска империја. За време на неговото владеење, значајна улога во управувањето со империјата играеле сестра му [[Пулхерија]] и жена му [[Евдоксија]]. |
Нарекуван уште Теодосиј Помладиот, тој престолот го наследил како малолетник кој имал само седум години. Тој станал еден од најдолго владејачките императори на Византија, со која управувал повеќе од 40 години. Иако во надворешната политика Теодосиј II бил принуден да направи голем број отстапки, внатрешната состојба на државата продолжила да биде стабилна, за разлика од нередите кои ја зафатиле Западна Римска империја. За време на неговото владеење, значајна улога во управувањето со империјата играеле сестра му [[Пулхерија]] и жена му [[Евдоксија]]. |
||
== Управување == |
|||
По смртта на неговиот татко [[Аркадиј]] во [[408]] година, Теодосиј стапил на престолот како седумгодишно момче. За време на неговото владеење, значајна улога во управувањето со империјата имале префектот Антемиј (до 414 година) и неговата сестра [[Пулхерија]] (до 428 година). Дури кога станал полнолетен, тој својата власт ја споделувал со својата сестра, а тој имал само формална улога во управувањето на империјата. Подоцна големо влијание над Теодосиј II имала жена му Елија Евдокија (до нејзиното повлекување во манастир во 441 година) и конечно евнухот Хрисафиј. |
|||
Теодосиј II бил побожен и образовен владетел, познат по своите вештини во калиграфија. Во [[414]] година била изградена [[Аја Софија|втората црква Света Софија]], позната како Теодосиева црква. Неговата сестра [[Пулхерија]] издала наредба според која не се дозволувал пристап до Големата палата на никој маж, па се зборувало дека за време на нејзиното регентство дворот бил претворен во [[манастир]]. Кога Теодосиј наполнил полнолетство тој се оженил со Евдокија која ја родила [[Лицинија Евдоксија]] која се омажила за [[Валентинијан III]], царот на Западот. |
|||
Во текот на овој период биле завршени новите ѕидини на престолнината, кои биле повеќе од еден километар оддалечени од старите ѕидини на Константин. Ѕидините го опфаќале просторот од [[Палата Влахерна|палатата Влахерна]] до бреговите на [[Мраморно Море]] со должина од 6,5 километри. Просторот помеѓу новите ѕидини и старите бил малку населен, па овие површини се користеле за изградба на манастири и резервоари. Прва цистерна која била изградена била цистерна Еција во 421 година на шестиот рид, цистерна на Аспар на петтиот рид и цистерна на Свети Моциј на седмиот рид. На [[27 февруари]] [[425]] година бил основан [[Константинополски универзитет|Константинополскиот универзитет]] на грчки и латински јазик. |
|||
{{Шаблон:Римски императори}} |
{{Шаблон:Римски императори}} |
Преработка од 23:21, 17 јули 2015
Теодосиj II | ||
Роден | 401 | |
---|---|---|
Починал | 450 Константинопол |
Флавиј Теодосиј или Теодосиј II (латински: Flavius Theodosius Junior) бил император на Источната Римска империја во периодот од 408 до 450 година.
Нарекуван уште Теодосиј Помладиот, тој престолот го наследил како малолетник кој имал само седум години. Тој станал еден од најдолго владејачките императори на Византија, со која управувал повеќе од 40 години. Иако во надворешната политика Теодосиј II бил принуден да направи голем број отстапки, внатрешната состојба на државата продолжила да биде стабилна, за разлика од нередите кои ја зафатиле Западна Римска империја. За време на неговото владеење, значајна улога во управувањето со империјата играеле сестра му Пулхерија и жена му Евдоксија.
Управување
По смртта на неговиот татко Аркадиј во 408 година, Теодосиј стапил на престолот како седумгодишно момче. За време на неговото владеење, значајна улога во управувањето со империјата имале префектот Антемиј (до 414 година) и неговата сестра Пулхерија (до 428 година). Дури кога станал полнолетен, тој својата власт ја споделувал со својата сестра, а тој имал само формална улога во управувањето на империјата. Подоцна големо влијание над Теодосиј II имала жена му Елија Евдокија (до нејзиното повлекување во манастир во 441 година) и конечно евнухот Хрисафиј.
Теодосиј II бил побожен и образовен владетел, познат по своите вештини во калиграфија. Во 414 година била изградена втората црква Света Софија, позната како Теодосиева црква. Неговата сестра Пулхерија издала наредба според која не се дозволувал пристап до Големата палата на никој маж, па се зборувало дека за време на нејзиното регентство дворот бил претворен во манастир. Кога Теодосиј наполнил полнолетство тој се оженил со Евдокија која ја родила Лицинија Евдоксија која се омажила за Валентинијан III, царот на Западот.
Во текот на овој период биле завршени новите ѕидини на престолнината, кои биле повеќе од еден километар оддалечени од старите ѕидини на Константин. Ѕидините го опфаќале просторот од палатата Влахерна до бреговите на Мраморно Море со должина од 6,5 километри. Просторот помеѓу новите ѕидини и старите бил малку населен, па овие површини се користеле за изградба на манастири и резервоари. Прва цистерна која била изградена била цистерна Еција во 421 година на шестиот рид, цистерна на Аспар на петтиот рид и цистерна на Свети Моциј на седмиот рид. На 27 февруари 425 година бил основан Константинополскиот универзитет на грчки и латински јазик.
Принципат 27 п.н.е. — 235:
Август • Тибериј • Калигула • Клавдиј -{I}- • Нерон • Галба • Отон • Вителиј • Веспазијан • Тит • Домицијан • Нерва • Трајан • Адријан • Антонин Пиј • Марко Аврелиј • Лукиј Вер • Комод • Пертинакс • Дидиј Јулијан • Септимиј Север • Каракала • Макрин • Елагабал • Александар Север
Криза од III век 235 - 284:
Максимин Трак • Гордијан I • Гордијан II • Пупијан • Балбин• Гордијан III • Филип Арапски • Дециј Трајан • Требонијан Гал cо Хостилијан и Волусијан• Емилијан • Валеријан • Галиен • Клавдиј II • Квинтил • Аврелијан • Такит • Флоријан • Проб • Кар • Нумеријан • Карин
Доминат 284 - 395:
Диоклецијан • Максимијан • Констанциј I Хлор • Галериј • Север II • Максенциј • Максимин II Даја • Лициниј • Константин I Велики • Константин II • Констанс I • Констанциј II • Јулијан Отпадник • Јовијан • Валентинијан I • Валенс • Грацијан • Валентинијан II • Теодосиј I
Западно царство (395 - 476):
Хонориј • Констанциј III • Јован • Валентинијан III • Петрониј Максим • Авит • Мајоријан • Либиј Север • Антемиј • Олибриј • Глицериј • Јулиј Непот • Ромул Августул
Источно (Византиско) царство (395 - 1453):
Аркадиј • Теодосиј II • Маркијан • Лав I • Лав II • Зенон • Василиск • Анастасиј I • Јустин I • Јустинијан I • Јустин II • Тибериј II • Маврикиј • Фока • Ираклиј I • Константин III • Ираклиј II • Констанс II • Константин IV • Јустинијан II • Леонтиј • Тибериј III • Филипик • Анастасиј II • Теодосиј III • Лав III • Константин V • Лав IV • Константин VI • Ирина • Никифор I • Ставрикиј • Михаил I • Лав V • Михаил II • Теофил • Михаил III • Василиј I • Лав VI • Константин VII • Роман I • Роман II • Никифор II • Јован I • Василиј II • Константин VIII • Роман III • Михаил IV • Михаил V • Константин IX • Зоја • Теодора • Михаил VI • Исак I • Константин X • Роман IV • Михаил VII • Никифор III • Алексиј I • Јован II • Мануил I • Алексиј II • Андроник I • Исак II • Алексиј III • Алексиј IV • Алексиј V • Константин XI • Теодор I • Јован III • Теодор II • Јован IV • Михаил VIII • Андроник II • Андроник III • Јован V • Јован VI • Андроник IV • Јован VII • Мануил II • Јован VIII • Константин XI
|