Фудбалска репрезентација на Турција

Од Википедија — слободната енциклопедија
 Турција
Грб на фудбалскиот сојуз
СојузФудбалски сојуз на Турција
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторТурција Фатих Терим
КапитенАрда Туран
Најмногу настапиРушту Речбер (120)[1]
Најдобар стрелецХакан Шукур (51)[1][2][3]
ФИФА кодTUR
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално18 (ноември 2013)[4]
Највисок5 (јуни 2004)
Најнизок67 (октомври 1993)
Прв меѓународен натпревар
 Турција 2–2 Романија 
(Истанбул, Турција; 26 октомври 1923)[5][6]
Најголема победа
 Турција 7–0 Сирија 
(Анкара, Турција; 20 ноември 1949) Јужна Кореја Јужна Кореја 0–7 Турција 
(Женева, Швајцарија; 20 јуни 1954)
 Турција 7–0 Сан Марино 
(Истанбул, Турција; 10 ноември 1996)
Најлош пораз
 Полска 8–0 Турција 
(Хожов, Полска; 24 април 1948)
 Турција 0–8 Англија 
(Истанбул, Турција; 14 ноември 1984)
 Англија 8–0 Турција 
(Лондон, Англија; 14 октомври 1987
Светско првенство
Учества2 (првпат во 1954)
Најдобар резултат3. место 2002, 2002
Европско првенство
Учества3
Најдобар резултатполуфинале, 2008
Куп на Конфедерации
Учества1 (Прво во 2003)
Најдобар резултат3. место, 2003

Фудбалската репрезентација на Турција ја претставува Турција на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Турција (Türkiye Futbol Federasyonu (TFF)).

Досега, Турција трипати се квалификувала на Светско првенство: 1950, 1954 и 2002. Меѓутоа, пред почетокот на првенството 1950 репрезентацијата морала да се повлече поради финанскиски проблеми. Најдобриот резултат на Светските првенства го оствариле во 2002 во Јапонија и Јужна Кореја освојувајќи го третото место.

На Европските првенства учествувала 3 пати. Најдобриот резултат им е полуфиналето од 2008. Исто така, турската репрезентација има учествувано шест пати на Олимписките игри каде најдобриот резултат го оствариле на игрите во 1948 и 1952 стигајќи до четвртфиналето.

Во 2003 година после откажувањето на Германија, Турција за првпат настапила на Купот на конфедерации и исто како и година дена претходно на Светското првенство го освоила третото место.[7]

Историја[уреди | уреди извор]

Детал од првиот историски натпревар Турција - Романија 2-2

Својот прв историски натпревар Турција го одиграла на 26 октомври 1923 година против Романија.[8] Првиот официјален натпревар Турција го одиграла на 25 мај 1924 на Олимписките игри против Чехословачка.[9]

Со победата од 7-0 над Сирија, Турција обезбедила учество на Светското првенство 1950, но поради финансиски проблеми го откажала учеството во Бразил. Четири години подоцна Турција повторно се квалификувала за Светско првенство, играјќи бараж против Шпанија. Во првиот натпревар Шпанија победила со резултат 4-1, но во реваншот Турција била подобра со 1-0. Тогашните правила биле такви да ниту една од двете репрезентации не се квалификувала за Светско првенство 1954, па било одлучено со фрлање на паричка. После подобрата среќа во фрлањето на паричката, при извлекувањето на групите Турција немала среќа. Добиле група во која противници им биле Западна Германија, Унгарија и Јужна Кореја. По тогашните правила секоја репрезентација во групата морала да одигра натпревар со две противнички репрезентации. Во таквиот систем Турција воопшто не играла против Унгарија. Својот прв натпревар на Светските првенства Турција го доиграла на 17 јуни 1954 година против Западна Германија. Со пораз од Западна Германија 4-1 и победа против Јужна Кореја со убедливи 7-0 Турција ги завршила својте настапи во групата со два освоени бода колку и Западна Германија поради што овие две репрезентации морале да одиграат бараж за да се одлучи кој ќе помине понатаму. Во баражот Западна Германија ја победила Турција со резултат 7-2. Во 1956 година Турција одиграла Пријателски натпревар против една од тогаш најсилните светски репрезентации, репрезентацијата на Унгарија во Истанбул и победила со 3-1.

Без оглед на уведувањето на државното првенство, и натапите на турските клубови во европските натпреварувања, периодот од 1960 до 1990 година бил разочарувачки за турската репрезентација. Во тој период репрезентацијата ги претрпела својте највисоки порази со 8-0 против Полска и двапати против Англија.

Од почетокот на 90-тите Турција почнала сериозно да вложува во најважната споредн работа на светот, а првите видливи резултати дошле во 1996 со пласманот на Европското првенство во Англија. Таму завршиле со нула бодови и три порази во групата од Хрватска, Португалија и Данска.

Во меѓувреме не успеале да се пласираат на Светското првенство 1998 во Франција, но затоа повторно се квалификувале за првенство на стариот континент играно во Холандија и Белгија во 2000. Таму успеале да ја минат групната фаза завршувајќи како втори во конкуренција на Италија, Шведска и Белгија и да стигнат до четвртфиналето каде биле елиминирани од Португалија.

Фудбалската репрезентација на Турција (2016)

На Светското првенство 2002 во Јужна Кореја и Јапонија, Турција го освоила фантастичното трето место. Ја поминале групата во која биле уште Бразил, Костарика и Кина, а потоа ја совладале Јапонија, и Сенегал. Во полуфиналето загубиле од Бразил, а во натпреварот за трето место го победиле домаќинот Јужна Кореја со 3-2.

Во 2008 година стигнале до полуфиналето на Европското првенство во Австрија и Швајцарија. Турската репрезентација најпрво ја минала групата во која се наоѓале неколку силни репрезентации како Португалија, Чешка и Швајцарија, а во четвртфиналето ја елиминирала Хрватска по продолженија. Во полуфиналето биле поразени од Германија.

Хакан Шукур е најдобриот и најпопуларниот играч на сите времиња. Има постигнато речиси 200 гола во турската лига. Вешт и брз со својата висина, беше еден од најдобрите играчи во скок-играта на светот. Постигнал 51 гол за репрезентацијата и неприкосновено го држи рекордот за најдобар стрелец на турската репрезентација.

Настапи на големите турнири[уреди | уреди извор]

Настапи на Светските првенства[уреди | уреди извор]

Светско првенство Квалификации за
Светско првенство
Домаќин/Година Рунда Поз. ОН П Н З ДГ ПГ ОН П Н З ДГ ПГ
Уругвај 1930 Не учествувале Не учествувале
Италија 1934 Се повлекле Се повлекле
Франција 1938 Не учествувале Не учествувале
Бразил 1950 Се квалификувале но се повлекле 1 1 0 0 7 0
Швајцарија 1954 Групна фаза 9 3 1 0 2 10 11 3 1 1 1 4 6
Шведска 1958 Не учествувале Не учествувале
Чиле 1962 Не се квалификувале 4 2 0 2 4 4
Англија 1966 6 1 0 5 4 19
Мексико 1970 4 0 0 4 2 13
Германија 1974 6 2 2 2 5 3
Аргентина 1978 6 2 1 3 9 5
Шпанија 1982 8 0 0 8 1 22
Мексико 1986 8 0 1 7 2 24
Италија 1990 8 3 1 4 12 10
САД 1994 10 3 1 6 11 19
Франција 1998 8 4 2 2 21 9
Јужна Кореја Јапонија 2002 Полуфинале 3 7 4 1 2 10 6 12 8 3 1 24 8
Германија 2006 Не се квалификувале 14 7 5 2 27 13
ЈАР 2010 10 4 3 3 13 10
Бразил 2014 10 5 1 4 16 9
Русија 2018 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите
Катар 2022
Вкупно 2/20 10 5 1 4 20 17 118 43 21 54 162 174

Настапи на Европските првенства[уреди | уреди извор]

Европски првенства
Година Рунда Позиција ОН П Н З ДГ ПГ
Франција 1960 Не се квалификувале
Шпанија 1964
Италија 1968
Белгија 1972
Социјалистичка Федеративна Република Југославија 1976
Италија 1980
Франција 1984
Западна Германија 1988
Шведска 1992
Англија 1996 Групна фаза 15-ти 3 0 0 3 0 5
Белгија Холандија 2000 Четвртфинале 6-ти 4 1 1 2 3 4
Португалија 2004 Не се квалификувале
Австрија Швајцарија 2008 Полуфинале 3ти-4ти 5 2 1** 2 8 9
Полска Украина 2012 Не се квалификувале
Франција 2016 Квалификувани
Вкупно Полуфинале 3/14 12 3 2 7 11 18

Настапи на Купот на конфедерации[уреди | уреди извор]

ФИФА Куп на конфедерации
Година Рунда Позиција ОН П Н З ДГ ПГ Состав
Саудиска Арабија 1992 Не се квалификувале
Саудиска Арабија 1995
Саудиска Арабија 1997
Мексико 1999
Јужна Кореја Јапонија 2001
Франција 2003 Трето место 3-ти 5 2 1 2 8 8 Состав
Германија 2005 Не се квалификувале
ЈАР 2009
Бразил 2013
Вкупно Трето место 1/9 5 2 1 2 8 8 -

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Волкан Демирел 27 октомври 1981(1981-10-27)(42 г.) 63 0 Турција Фенербахче
12 ГМ Мерт Ѓунок 1 март 1989(1989-03-01)(35 г.) 6 0 Турција Бурсаспор
23 ГМ Волкан Бабакан 11 август 1988(1988-08-11)(35 г.) 10 0 Турција Истанбул Башакшехир
3 ОД Хакан Балта 23 март 1983(1983-03-23)(41 г.) 43 2 Турција Галатасарај
18 ОД Џанер Еркин 4 октомври 1988(1988-10-04)(35 г.) 42 2 Турција Фенербахче
4 ОД Сердар Азиз 23 октомври 1990(1990-10-23)(33 г.) 8 1 Турција Бурсаспор
22 ОД Ерсан Ѓулум 17 мај 1987(1987-05-17)(36 г.) 7 0 Турција Бешикташ
2 ОД Шенер Озбајракли 23 јануари 1990(1990-01-23)(34 г.) 5 0 Турција Фенербахче
13 ОД Емре Ташдемир 8 август 1995(1995-08-08)(28 г.) 2 0 Турција Бурсаспор
10 СР Арда Туран 30 јануари 1987(1987-01-30)(37 г.) 85 14 Шпанија Барселона (капитен)
15 СР Мехмет Топал 3 март 1986(1986-03-03)(38 г.) 52 0 Турција Фенербахче
8 СР Селчук Инан 10 февруари 1985(1985-02-10)(39 г.) 48 8 Турција Галатасарај
11 СР Гекан Торе 20 јануари 1992(1992-01-20)(32 г.) 26 0 Турција Бешикташ
21 СР Олџај Шахан 26 мај 1987(1987-05-26)(36 г.) 19 2 Турција Бешикташ
16 СР Алпер Потук 8 април 1991(1991-04-08)(33 г.) 11 0 Турција Фенербахче
5 СР Хакан Чалханоглу 8 февруари 1994(1994-02-08)(30 г.) 13 4 Германија Бајер Леверкузен
14 СР Огужан Озјакуп 23 септември 1992(1992-09-23)(31 г.) 13 1 Турција Бешикташ
20 СР Волкан Шен 7 јули 1987(1987-07-07)(36 г.) 12 0 Турција Фенербахче
7 СР Јасин Озтекин 19 март 1987(1987-03-19)(37 г.) 1 0 Турција Галатасарај
6 СР Окај Јокушлу 9 март 1994(1994-03-09)(30 г.) 0 0 Турција Трабзонспор
9 НП Бурак Јилмаз 15 јули 1985(1985-07-15)(38 г.) 42 19 Турција Галатасарај
19 НП Умут Булут 15 март 1983(1983-03-15)(41 г.) 38 10 Турција Галатасарај
19 НП Мевлут Ердинч 25 февруари 1987(1987-02-25)(37 г.) 33 8 Германија Хановер 96
24 НП Џенк Тосун 7 јуни 1991(1991-06-07)(32 г.) 3 0 Турција Бешикташ

Статистика на играчите[уреди | уреди извор]

Играчи со најмногу настапи[уреди | уреди извор]

Играчите во болд се сè уште активни.[10]

# Име Кариера Настапи Голови
1 Рушту Речбер 1994–2010 120 0
2 Хакан Шукур 1992–2007 112 51
3 Булент Коркмаз 1990–2005 102 3
4 Тугај Керимоглу 1990–2007 94 2
5 Емре Белозоглу 2000- 94 9
6 Алпај Озалан 1995–2005 90 4
7 Арда Туран 2006- 85 15
8 Хамит Алтинтоп 2004- 82 7
9 Тунџај Шанли 2002-2010 80 22
10 Огун Темизканоглу 1990–2002 76 5

Најдобри стрелци[уреди | уреди извор]

Играчите кој имаат еднаков број на голови се подредени под хронолошки редослед според времето по кое настапувале. Играчите во болд се сè уште активни.[11]

# Име Кариера Голови Настапи
1 Хакан Шукур 1992–2007
51
112
2 Тунџај Шанли 2003–2010
22
80
3 Лефтер Кучукандонјадис 1948–1963
21
46
4 Метин Октај 1956–1968
19
36
Џемил Туран 1969–1979
19
44
Нихат Кахвечи 2000–2011
19
68
Бурак Јилмаз 2006–
19
42
8 Арда Туран 2006–
15
85
Зеки Риза Спорел 1923–1932
15
16
10 Ертугрул Саглам 1993–1998
11
26
Ариф Ердем 1993–2004
11
60

Селектори[уреди | уреди извор]

Последна измена: 8 ноември 2015.[12]

Моментален селектор на Турската репрезентација е Фатих Терим кому ова му е вкупно четврти мандат на селекторската клупа. Во досегашната историја репрезентацијата на Турција ја воделе вкупно 42 селектори и токму Фатих Терим е рекордер по бројот на натпревари на позицијата селектор. Селекторската функција ја обавувал во преку 100 натпревари.

Селектор Од До ВН П Н ИИ ДГ ПГ %
Турција Али Сами Јен 26. 10. 1923. 26. 10. 1923. 1 0 1 0 2 2 00.0
Шкотска Били Хантер 25. 5. 1924. 12. 9. 1926. 12 5 0 7 21 29 41.7
Унгарија Бела Тот 17. 7. 1927. 17. 4. 1932. 8 2 1 5 14 24 25.0
Англија Фред Пањам 22. 4. 1932. 4. 11. 1932. 2 0 0 2 3 7 00.0
Ирска Џејмс Донели 12. 7. 1936. 1. 8. 1937. 3 0 1 2 4 10 00.0
Унгарија Игнац Молнар 23. 4. 1948. 30. 5. 1948. 2 1 0 1 3 2 50.0
Турција Улви Јенал 2. 8. 1948. 5. 8. 1948. 2 1 0 1 5 3 50.0
Англија Пет Молој 28. 11. 1948. 20. 5. 1949. 5 3 0 2 9 8 60.0
Турција Џихат Арман 20. 11. 1949. 20. 11. 1949. 1 1 0 0 7 0 100.0
Англија Пет Молој 28. 5. 1950. 28. 10. 1950. 2 1 0 1 7 6 50.0
Англија Џими Мекормик 3. 12. 1950. 10. 6. 1951. 2 1 0 1 4 5 50.0
Турција Реби Еркал 17. 6. 1951. 21. 11. 1951. 3 2 0 1 3 3 66.7
Турција Садри Усуоглу 1. 6. 1952. 8. 6. 1952. 2 0 1 1 1 5 00.0
Италија Сандро Пупо 25. 5. 1952. 23. 6. 1954. 9 3 2 4 18 21 33.3
Турција Гундуз Килич 17. 10. 1954. 17. 10. 1954. 1 0 0 1 1 5 00.0
Социјалистичка Федеративна Република Југославија Жарко Михајловиќ 3. 4. 1955. 26. 6. 1955. 2 0 2 0 1 1 00.0
Италија Џовани Варљиен 18. 12. 1955. 01. 05. 1956. 5 2 0 3 8 9 16.7
Турција Џихат Араман 01. 05. 1956. 25. 11. 1956. 2 0 2 0 2 2 00.0
Унгарија Лашло Шекели 5. 4. 1957. 8. 12. 1957. 4 2 1 1 6 4 50.0
Италија Леандро Ремондини 4. 5. 1958. 10. 5. 1959. 7 3 3 1 6 5 42.9
Унгарија Игнац Молнар 8. 6. 1960. 8. 6. 1960. 1 1 0 0 4 2 100.0
Италија Сандро Пупо 27. 11. 1960. 16. 5. 1962. 10 4 0 6 11 10 40.0
Турција Шереф Ѓоркеј 10. 10. 1962. 10. 10. 1962. 1 1 0 0 3 0 100.0
Социјалистичка Федеративна Република Југославија Љубиша Спајиќ 25. 11. 1962. 16. 12. 1962. 4 1 2 1 3 7 25.0
Италија Сандро Пупо 27. 3. 1963. 9. 10. 1964. 4 0 2 2 0 4 00.0
Турција Џихат Арман 27. 9. 1964. 20. 12. 1964. 3 1 1 1 6 4 33.3
Италија Сандро Пупо 24. 1. 1965. 9. 5. 1965. 4 0 0 4 2 13 00.0
Турција Доган Андач 21. 7. 1965. 25. 7. 1965. 2 1 1 0 3 1 50.0
Италија Сандро Пупо 9. 10. 1965. 30. 5. 1966. 5 1 2 2 3 10 20.0
Турција Аднан Сувари 12. 10. 1966. 17. 1. 1969. 17 5 4 8 16 32 29.4
Социјалистичка Федеративна Република Југославија Абдула Гегиќ 30. 4. 1969. 16. 11. 1969. 6 3 0 3 13 11 50.0
Турција Џихат Арман 17. 10. 1970. 14. 11. 1971. 6 1 1 4 4 17 16.7
Романија Николае Петреску 5. 12. 1971. 5. 12. 1971. 1 1 0 0 1 0 100.0
Турција Чошкун Озари 12. 4. 1972. 31. 10. 1976. 29 8 11 10 38 43 27.6
Турција Доган Андач 17. 11. 1976. 17. 11. 1976. 1 0 1 0 1 1 00.0
Турција Метин Турел 16. 2. 1977. 5. 10. 1978. 13 2 1 10 11 22 15.4
Турција Сабри Кираз 29. 11. 1978. 15. 10. 1980. 12 5 1 6 13 15 41.7
Турција Озкан Сумер 3. 12. 1980. 25. 3. 1981. 2 0 0 2 0 3 00.0
Турција Фетхи Демирџан 15. 4. 1981. 7. 10. 1981. 4 0 0 4 0 12 00.0
Турција Чошкун Озари 22. 9. 1982. 4. 4. 1984. 17 5 2 10 15 36 29.4
Турција Џандан Тархан 6. 9. 1984. 14. 11. 1984. 5 1 1 3 3 13 20.0
Турција Јилмаз Ѓокдел 22. 12. 1984. 3. 4. 1985. 3 1 1 1 1 3 33.3
Унгарија Калман Мешоли 1. 5. 1985. 28. 8. 1985. 2 0 1 1 0 2 00.0
Турција Чошкун Озари 11. 9. 1985. 12. 11. 1986. 8 1 3 4 3 14 12.5
Турција Мустафа Денизли 4. 3. 1987. 16. 12. 1987. 6 1 1 4 6 16 16.7
Турција Тиназ Тирпан 16. 3. 1988. 15. 11. 1989. 11 5 1 5 16 12 45.5
Турција Фатих Терим 11. 4. 1990. 11. 4. 1990. 1 0 0 1 0 1 00.0
Германија Сеп Пионтек 27. 5. 1990. 28. 4. 1993. 27 4 8 15 22 50 14.8
Турција Фатих Терим 27. 10. 1993. 19. 6. 1996. 33 17 8 8 47 36 51.5
Турција Мустафа Денизли 14. 8. 1996. 24. 6. 2000. 31 11 9 11 45 38 35.5
Турција Шенол Ѓунеш 16. 8. 2000. 18. 2. 2004. 50 23 13 14 72 50 46.0
Турција Унал Караман 31. 3. 2004. 31. 3. 2004. 1 0 1 0 2 2 00.0
Турција Ерсун Јанал 28. 4. 2004. 8. 6. 2005. 15 8 4 3 29 14 53.3
Турција Фатих Терим 17. 8. 2005. 14. 10. 2009. 58 26 18 14 86 71 39.7
Турција Огуз Четин 3. 3. 2010. 29. 5. 2010. 4 3 0 1 7 3 75.0
Холандија Гус Хидинк 1. 8. 2010. 15. 11. 2011. 16 7 4 5 18 15 43.7
Турција Абдула Авчи 17. 11. 2011. 20. 08. 2013. 18 6 4 8 26 26 33.3
Турција Фатих Терим 22. 08. 2013. 11 9 0 2 22 7 81.8
Вкупно 26. 10. 1923. 2. 9. 2014. 517 190 120 207 677 767 36.75%

Дресови низ историјата[уреди | уреди извор]

Класичен домашен дрес
1996-1997 Домашен
1996-1997 Гостински
1998-2000 Домашен
1998-2000 Гостински
2000-2001 Домашен
2000-2001 Гостински
2002-2003 Домашен
2002-2003 Гостински
2003 Домашен
2003 Гостински
2004-2005 Домашен
2004-2005 Гостински
фinco
2006-2007 Домашен
2006-2007 Гостински
2008-2009 Домашен
2008 Гостински
2009 Домашен
2010-2011 Домашен
2010-2011 Гостински

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]