Мраморец: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°22′51″N 20°52′31″E / 41.38083° СГШ; 20.87528° ИГД / 41.38083; 20.87528
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Форматна исправка, replaced: 2 год. → 2 г., 7 год. → 7 г., 9 год. → 9 г.
с →‎Културни и природни знаменитости: Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта
Ред 202: Ред 202:


Во непосредна близина на селската црква се наоѓа едноставен споменик на 13 жители кои загинале за време на Втората светска војна.
Во непосредна близина на селската црква се наоѓа едноставен споменик на 13 жители кои загинале за време на Втората светска војна.
Во однос на природните карактеристики, селото се наоѓа опкружено со планини и непрегледна [[даб]]ова и [[Бука|букова]] шума (во повисоките предели), со безброј благи планински ливади и многу извори и поточиња. Попознати локалитети во околината на селото се: Рамништа, Рамнигос, Мрамор, Присој, Острец, Нишалка, Граишта, Утогла, Белче, Опаленик, Волчоречиште, Црвени Клајнци, Темни Дол, Кутлиње, Селиште, Јаор, Плевење, Сама Бука, Старцине, Скакало, Лештишта, Јачмишта, Гина Падина, Друмон итн.
Во однос на природните карактеристики, селото се наоѓа опкружено со планини и непрегледна [[даб]]ова и [[Бука|букова]] шума (во повисоките предели), со безброј благи планински ливади и многу извори и поточиња. Попознати места во околината на селото се: Рамништа, Рамнигос, Мрамор, Присој, Острец, Нишалка, Граишта, Утогла, Белче, Опаленик, Волчоречиште, Црвени Клајнци, Темни Дол, Кутлиње, Селиште, Јаор, Плевење, Сама Бука, Старцине, Скакало, Лештишта, Јачмишта, Гина Падина, Друмон итн.


== Редовни настани ==
== Редовни настани ==

Преработка од 12:42, 4 јули 2020

Мраморец

Панорама на селото Мраморец

Мраморец во рамките на Македонија
Мраморец
Местоположба на Мраморец во Македонија
Мраморец на карта

Карта

Координати 41°22′51″N 20°52′31″E / 41.38083° СГШ; 20.87528° ИГД / 41.38083; 20.87528
Регион Дебрца
Општина  Дебрца
Население 8 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6430
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19030
Надм. вис. 1030 м
Мраморец на општинската карта

Атарот на Мраморец во рамките на општината
Мраморец на Ризницата

Мраморец — село во Општина Дебрца, оддалечено околу 9 км од патот Кичево - Охрид.

Географија и местоположба

Мраморец се наоѓа во областа Горна Дебрца, сместено на падините на Илинска Планина, на надморска височина од 1030 метри.[2] Мраморец граничи со охридските села Сливово, Турје, Арбиново и Слатино, како и со кичевското село Белица. Селото е сместено во клисурата на малата река Турјанка. До него води асфалтен пат и е оддалечено 9 километри од магистралниот пат Охрид-Скопје, 36 километри јужно од Кичево и 44 километри северно од Охрид. Атарот на селото зафаќа простор од 18,6 квадратни километри, а во него преовладуваат шумите (1.045 хектари), обработливото земјиште зафаќа 589 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 50 хектари.[2]

Историja

Типична архитектура во Мраморец

Мраморец е старо село, со богато историско наследство: така, во неговата близина се наоѓаат остатоци од доцноантичка населба (во месноста Граишта/Кутлиње), доцноантичка топилница (во месноста Рупи), како и средновековна некропола (во месноста Мрамор). Селото за првпат се споменува во турскиот попис на населението во Охридскиот Санџак од 1582 год., и тоа под името Мраморче. Во тоа време, селото имало 11 христијански семејства и 3 самци, т.е. вкупно 58 жители.[3] Постојат повеќе (непотврдени) верзии за настанувањето на селото: според една, него го создале избегани жители од месноста Закамен, според друга, тоа настанало од избеганите жители на селото Белче (кое се наоѓало на оддалеченост од неколку километри), а според трета, создадено е од доселеници од прилепско. Веќе во XIX. век, Мраморец било прилично големо и развиено село. Така, според француски извори, во 1873 год., селото имало 50 домаќинства, со 135 машки жители.[4] Австрискиот конзул Крал во 1898 год., во статистичкиот преглед испратен до Виена, наведува дека селото имало 444 жители.[5] Во 1900 год., во Мраморец живееле 500 жители[6], а слични се и податоците од 1905 год., според кои селото броело 536 жители.[7]

Пред и за време на Илинденското востание, селото дало активен придонес во борбите против турската војска. Така, на 25 мај 1902 год., војводите Ташко Арсов и Никола Петров Русински дејствувале во селото, каде што го убиле селскиот полјак - Шабан од Песочан.[8] Во март 1903 год., во околината на селото (во месноста Опаленик) дејствувале комитски чети, кои учествувале во познатата Издеглавска афера, при што на 17 и 18 март 1903 год., турската војска ги опседнала сите села во Горна Дебрца.[9] За време на оваа афера, 14 жители на селото биле осудени на робија во Дијар Бекир, Мала Азија и од нив само четворица се вратиле назад, тоа биле Симјан, Јове, Мицко и Војдан.[10]

За време на Илинденското востание постоела мраморечка чета под команда на војводата Смиле Војданов, а во околината на селото дејствувале неколку комитски чети, кои на 2 август 1903 год. го нападнале селото Издеглавје.[11][12] Во текот на август, во околината на Мраморец се воделе големи битки меѓу комитските чети и турската војска, а во знак на одмазда, на 15 септември 1903 год., турската војска го запалила селото и изгореле сите 84 куќи во селото, при што убиле 14 жители на селото:

  • Спасе Василев, Хр. Матев, Трајче Димитров, Голаб Максимов, Ст. Тасев, Гркинка Сотирова, Крстаница Стојчева, Кофил Павлев, Јанаќија Николова, Стојан Иванов, Здраве Христов, Настов, Стојан Матев и Серафим Крстев.

За тоа време, жителите на селото се криеле во шумите околу селото, а на 25 септември 1903 год. била објавена амнестија, по што селаните повторно се вратиле во своите домови. По објавената амнестија, на 28 септември 1903 год., комитите започнале да го собираат оружјето, кое се закопувало во тајни складишта во буките меѓу селата Мраморец и Белица, при што во селото биле собрани 52 пушки. Во април 1905 год., по наредба на Христо Узунов, војводата Ташко Арсов се вратил во Мраморец, каде со помош на селаните го откопале складот со оружјето и муницијата.[13]

Во текот на балканските војни мраморчани биле мобилизирани во редовите на бугарската војска, при што 22 жители на селото земале учество во редовите на македоно-одринското оплечение, тоа биле:

  • Ѓенко Андонов, Стојан Андреев, Спасе Божинов, Марко Велев, Мицко Велев, Костадин Гаврилов, Сиљан Ѓоргиев, Михаил Грозданов, Никола Дамјанов, Иван Дериволов, Стефан Димитров, Матеј , Миле Настев, Стојан Настов, Ѓорги Недев, Никодим, Григор Николов, Димитар Сиљанов, Божин Спасов, Крсте Стојанов, Цветко Стојанов и Трајко Јаков.[14]
Запаленото село Мраморец од страна на балистите, 1943 година.
Споменик на НОБ во Мраморец.

Во Втората светска војна, селото бил зафатено од борбените дејствија, при што два пати било запалено до темел од балистите. Исто така, селото дало неколку партизани, а во спомен на 13 селани кои загинале во текот на 1943 и 1944 год., на 2 август 1969 година, во близина на селската црква е подигнат споменик.

Потекло и значење на името

Мраморец своето име го добило по местото Мрамор.[15]. Зборот мрамор е синоним на мермер.

Стопанство

Имајќи предвид дека Мраморец е типично планинско село, во минатото неговите жители се занимавале претежно со сточарство, одгледувајќи ситен добиток (овци и кози). Така, според некои кажувања, во златните години на селото (пред Втората светска војна), во него имало неколку илјади грла ситен добиток. Исто така, на планинските падини, селаните саделе житни култури (овес, ‘рж, леќа итн.), како и грашести растенија. За своите потреби, селаните произведувале млечни производи, волна, коноп итн. Благодарение на многуте извори и потоци, селото имало дваесет воденици.

Традиционална архитектура во Мраморец

Дури до средината на 1960-тите години, селаните живееле во автархични, натурални стопанства, задоволувајќи ги речиси сите свои потреби од сопствено производство. Најчесто, селаните оделе на пазар во Кичево, а поретко во Охрид и Струга. Помеѓу двете светски војни, голем дел од жителите оделе на печалба во Белград, во Софија, во Аргентина и во САД.

Наспроти сиромаштијата и големата заостанатост, Мраморец се одликува со тоа што е второто село во Дебрца (по Песочан) што добило струја. Имено, уште во 1956/7 г., селото имало мини-хидроцентрала, раководена од рускиот инженер Ервин Петрович, која со помош на една малечка турбина произведувала доволно струја за осветлување на домовите. Истата година, во селото била изградена и пилана, во која што биле вработени 20-25 селани, кои произведувале коцки за поплочување, паркет, бочви, штички за гајби итн. Пиланата работела до 1966 година.

Население

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Мраморец живееле 500 жители, сите Македонци.[16] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мраморец имало 536 Македонци, егзархисти.[17]

На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[2][18]

Година Македонци Албанци Турци Срби Власи Роми Останато Вкупно
1948 657
1953 609 609
1961 346 346
1971 131 1 132
1981 60 60
1991 19 19
1994 15 15
2002 8 8

Во денешно време во селото живеат само две жени.

Родови

Мраморец е македонско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото биле:[15]

  • Староседелци: Перовци или Поповци (4 к.); Милошевци (13 к.); Николовци (4 к.); Јанчевци (6 к.); Коломановци или Костадиновци (2 к.); Настовци (5 к.); Пејчиновци со Банчевци и Митревци (23 к.) Пејчин после пропаста на старото село Белче се иселил во селото Туин во кичевско. Па потоа некој предок се вратил назад; Нејковци (2 к.) Нејко заедно со Пејчин избегал во Туин, па потоа некој предок од овој род се вратил назад во селото. Сите староседелци биле од старото село Белче.
  • Доселеници: Севдовци или Младеновци (14 к.) околу 1846 година браќата Наум и Ристе се доселиле во селото од селото Лешани. Овој род таму бил доселен од селото Белица во кичевско, а во Белица од околината на Парачин во Србија; Матевци (18 к.) и Пејовци (10 к.) потекнуваат од ист предок. И доселени се околу 1850 година од раселениот град Закамен во струшка Малесија (иако жителите на овие родови не знаат каде се наоѓа точно Закамен, па викаат одовде или одонде Дрим); Недевци (11 к.) доселени се околу 1878 година од раселеното село Тројани близу Охрид.

Според истражувањата од 1979 година, родови во селото биле:[19]

  • Доселеници: Милошевци (3 к.) и Пејчиновци (5 к.) потекнуваат од ист предок. Доселени се од селото Туин во кичевско. Во Милошевци ја знаат следната генеологија Вељан (жив на 62 г. во 1979 година) Деспот-Стојан-Симун-Деспот-Милош, основачот на родот кој се доселил околу 1800 година; Миајлевци (2 к.) основачот на родот бил свештеник. Имаат исто потекло како и претходните два рода, а тоа е селото Туин во кичевско; Тутунари (1 к.) доселени се од некое село во Железник. Во овој род постоел предокот Марко Тутунар. Он бил селски кмет во селото, и така ја присвоил најубавата земја во селото. Покасно станале сиромашни; Матевци (8 к.) доселени се од запад, од преку Дрим, од таму потекнувал и другиот селски род кој покасно се иселил, Србиновци. Најверојатно се од раселениот град Закамен во струшка Малесија; Пејовци (6 к.) исто така се доселени од запад. Од истото место како и родот Матевци; Младеновци (3 к.) доселени се од околината на Парачин во Србија. Потекнуваат од предок кој бил заробен во некое востанието во 1813 година, и бил донесен од османлиската војска во селото.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Дебрца, која се создала во 2004, по спојувањето на поранешните општини Белчишта и Мешеишта. Во периодот 1996-2004 селото влегувало во рамките на Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 од 1996, селото било во рамките на големата Општина Охрид.

Во периодот од 1952-1955 селото влегувало во рамките на Општина Сливово. Во Општина Сливово, покрај селото Мраморец, влегувале и селата Врбјани, Годивје, Лактиње, Арбиново, Сливово и Турје. Во периодот 1950-1952 селото се наоѓало во рамките на Општина Сливово, во која покрај село Мраморец припаѓале и селата Арбиново, Сливово и Турје.

Изборно место

Во селото постои изборно место бр. 1330 според Државната изборна комисија, кое е сместено во с.Мраморец с.Мраморец.[20]

На референдумот во 2018 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 2 гласачи.

Општествени установи

Во Мраморец, уште во 1905 год., постоело бугарско егзархиско основно училиште, во кое учеле 36 ученици.[21] Исто така, меѓу двете светски војни, во селото имало мало училиште, во кое учениците учеле до четврто одделение. По Втората светска војна, во 1948/9 г. е изградено ново училиште, кое работело до почетокот на 1978 год. Денес, во близина на селото, на надморска височина од 1 145 метри, има РТВ предавател.

Самоуправа и политика

До територијалната поделба од 2004 год., Мраморец припаѓало на општината Охрид, а оттогаш е дел од општината Дебрца. Инаку, една улица во скопската населба Влае 2 (дел од општината Карпош) го носи името „Мраморец“.

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 1330 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[22]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 4 гласачи.[23]

Култура и спорт

За време на прославата на празникот Илинден, на 2 август 2008 год., во селото се одржа поетската манифестација Родословни извори, со учество на неколку познати македонски поети. Во рамките на поетското читање беше доделено признанието Почесна водарка.

Културни и природни знаменитости

Црквата Св. Никола во Мраморец
Старата црквичка во Мраморец
Црквата Св. Никола во месноста Белче покрај Мраморец

Во источниот дел на Мраморец се наоѓа селската црква Св. Никола, која се градела од 1846 до 1886 год., а целосно е завршена во 1909 год. Црквата е со големи димензии, изградена е од кршен и делкан камен, со седумстрана апсида на исток (целата од бигор), со слепи аркади на местото каде што се наоѓала една мала постара црквичка чија старост не е утврдена. До летото 2011 година, црквата се одликувала со сиромашен фрескопис и иконопис, но тогаш, таа била целосно насликана со фрески. Автор на фреските е битолскиот уметник Стефан Малбашиќ, а црквата биле преосветена на 16 септември 2012 година. Според каноните на светата православна црква, храмот бил преосветен на света архијерејска литургија, на која чиноначалствувал Неговото Високопреосвештенство митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протојерејот Игор Никовски и свештеникот Душан Јорданоски[24]. Исто така, во црквата се наоѓа владички престол и амвон, изработен во резба во 1861 год., од страна на Јаким Тодоров од селото Гари, од познатиот копаничарски род Огњановци. Југоисточно од апсидалниот дел на црквата, на само два метри се наоѓаат остатоци од истоимена постара црквичка, градена од камен, со полукружна апсида. Во црквичката може да се забележат неколку стари, но потполно уништени, икони.[25]

На неколку километри пред селото, во месноста Белче, постои мала црквичка (изградена во 1982 год.), која исто така се вика Св. Никола, подигната на темелите на црква од првата половина на XVII век. Веднаш до црквичката се наоѓаат остатоци од стари надгробни споменици.

Во непосредна близина на селската црква се наоѓа едноставен споменик на 13 жители кои загинале за време на Втората светска војна. Во однос на природните карактеристики, селото се наоѓа опкружено со планини и непрегледна дабова и букова шума (во повисоките предели), со безброј благи планински ливади и многу извори и поточиња. Попознати места во околината на селото се: Рамништа, Рамнигос, Мрамор, Присој, Острец, Нишалка, Граишта, Утогла, Белче, Опаленик, Волчоречиште, Црвени Клајнци, Темни Дол, Кутлиње, Селиште, Јаор, Плевење, Сама Бука, Старцине, Скакало, Лештишта, Јачмишта, Гина Падина, Друмон итн.

Редовни настани

Традиционална селска слава во Мраморец е празникот Св. Никола летен, кој се празнува на 2 јуни, на денот на Св. Маченик Талалеј. Исто така, во селото се славеле и големите христијански празници - Св. Никола и Водици. Најпосле, секоја година, селото го слави и националниот празник Илинден.

Личности

Иселеништво

Со сигурност може да се каже дека иселувањето од селото започнало од XIX век. Постари иселеници од селото има во Бугарија (преку 15 семејства), во градовите Софија, Варна, Разград, Видин, и др. Потоа иселеници имало во Аргентина, САД.[15]

Помеѓу двете светски војни покрај погоре споменатите места, иселување имало и во Кичево, Струга, Демир Хисар, Битола и во Логоварди (Анаќијевци и Апостоловци).[15][19]

Сепак најсилен бран на иселување има после Втората светска војна, кога мраморчани почнале да се иселуваат во Скопје (околу 100 семејства), во Охрид (околу 40 семејства), во Битола (околу 30 семејства), во Струга (околу 25 семејства), Кичево (околу 10 семејства), Белград (околу 10 семејства), Австралија, Канада и др места.[19][32] Пресудна улога во иселувањето на жителите имало укинувањето на железничката пруга.

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски и аграрни обележја (прво издание), Скопје, 1998, стр. 202.
  3. Охрид и охридско низ историјата (книга втора), Институт за национална историја-Скопје, Скопје, 1987, стр. 30.
  4. Етнографија на вилаетите Одрин, Манастир и Солун, Куриер Д'Ориент, Истанбул, 1878 (Ethnographie des Vilayets d'Andrinople, de Monastir et de Salonique, Courrier D'Orient, Constantinople, 1878).
  5. Охрид и охридско низ историјата (книга втора), Институт за национална историја-Скопје, Скопје, 1987,стр. 160-163.
  6. Васил Канчов, Македонија. Етнографија и статистика, Бугарско книжевно друштво, Софија, 1900, стр. 253 (В. Кѫнчовъ, Македония. Етнография и статистика, Българското книжовно дружество, София, 1900).
  7. Д.М.Бранков, Македонија и нејзиното христијанско население, Либрери Плон, Париз, 1905, стр. 162-163 (D.M. Brancoff, La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Librairie Plon, Paris, 1905, рp. 162-163).
  8. Ташко Арсов, Записки, НИО Студентски збор, Скопје, 1983, стр. 21
  9. Ташко Арсов, Записки, НИО Студентски збор, Скопје, 1983, стр. 25-27
  10. Томо Чалоски, Роднокрајски записи (www.emigration.gov.mk/turizam/mramorec.htm)
  11. Охрид и охридско низ историјата (книга втора), Институт за национална историја-Скопје, Скопје, 1987, стр. 227-228.
  12. Ташко Арсов, Записки, НИО Студентски збор, Скопје, 1983, стр. 30
  13. Ташко Арсов, Записки, НИО Студентски збор, Скопје, 1983, стр. 33-36, 79.
  14. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 година. Личен състав. Главно управление на архивите. 2006.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 Русиќ, Бранислав. Дебрца-Мраморец. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
  16. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 253.
  17. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 162 – 163.
  18. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  19. 19,0 19,1 19,2 Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  20. „Избирачки места, општина Дебрца“ (PDF). mojotizbor.mk. Посетено на 22 декември 2018.
  21. Д.М.Бранков, Македонија и нејзиното христијанско население, Либрери Плон, Парис, 1905, стр. 162-163 (D.M. Brancoff, La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Librairie Plon, Paris, 1905, рp. 162-163).
  22. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  23. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  24. † ПРЕОСВЕТУВАЊЕ НА ХРАМОТ „СВ. НИКОЛА“ ВО С. МРАМОРЕЦ, ОХРИД
  25. Гоце Ангеличин - Жура, Христијански храмови и свети места во Охридско, Охрид, 2007
  26. 26,0 26,1 Друштво на писателите на Македонија
  27. Педагошки факултет „Св. Климент Охрдски“ - Скопје
  28. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I , дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1392–1393.
  29. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  30. 30,0 30,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  31. 31,0 31,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.
  32. „New Page“. archive.is. 2012-12-20. Посетено на 2020-03-25.

Надворешни врски