Симјан Алексов Илијоски
Симјан Алексов Илијоски — македонски револуционер во ВМОРО. Активен учесник во борбите за ослободувањето на Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Симјан Алексов Илијоски е роден во 1870 година, во селото Мраморец.
Тој бил верен деец на револуционерната организација, и како таков водел борби со отоманските сили за слобода на својата земја. Како деец на ВМОРО во охридскиот крај, тој соработувал со најпознатите дејци на револуционерната организација од родниот крај, како. Смиле Војданов, Дејан Војвода, Методи Патчев, Христо Узунов, Петар Чаулев. Во текот на својата активност како деец на револуционерната организација учествувал во битките кај селата Арбиново (арбиновската битка), Издеглавје, околината на Мраморец. По борбата кај селото Издеглавје, тој бил затворен во Дијарбекир, а оттму се вратил како еден од ретките преживеани.[1]
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.