Мито Спасевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мито Спасевски
Роден(а)1952
Мраморец, Македонија
НационалностМакедонец
Познат(а) попоезија, професор

Мито Спасевски (Мраморец, 1952) — македонски поет, професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Мито Спасевски е роден 1952 година во с. Мраморец, Дебарца, Охридско. Доктор е по филолошки науки од областа на книжевноста. Редовен професор e на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје и предава предмети од областа на книжевноста, јазикот и говорот. Автор е на дваесетина научни и стручни дела од областа на книжевноста, јазикот и литературата („Фолклорни и книжевни огледи за литературата за деца“, „Аналитички студии и опсервации на литературата за деца“, „Литература за деца“, „Воспитно-образовни аспекти по култура на говор“, „Методика на воспитно-образовната работа по култура на говор“, „Книжевни проследби и студии“ и др.). Автор е на повеќе од стотина научни трудови и проекти од областа на книжевноста, говорот и јазикот, презентирани на меѓународни и домашни научни собири. Тој е еден од основачите, а бил и потпретседател на Балканската асоцијација на педагошки факултети. Бил меѓународен рецензент од областа на книжевноста и културата на говорот. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1990 година.

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

Мито Спасевски е автор на поетските книги[2][1]:

  • Усвитена постела, 1984
  • Чемерни синори, 1991
  • Небесна утока, 1995
  • Крепости
  • Врутоци

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Проф. д-р Мито Спасевски“. Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Посетено на 31 јули 2022.
  2. 2,0 2,1 Современа македонска поезија. НИД „Микена“ - Битола. 2008. стр. 585. ISBN 978-9989-55-155-0. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help)